Спојлер Македонската радио телевизија преку аудиција започнува потрага за талентирани вокали за најграндиозното музичко ТВ шоу „Сите наши песни“. Потрагата по нови македонски музички ѕвезди започнува со натпревар на млади пејачки таленти од 2 града, во секоја емисија, по што следат други два града. Потоа ќе се спроведе систем нa елиминација и пласман во четврт финале, полуфинале и финале. Елиминацијата на екипите ќе се врши според гласовите на стручното жири составено од еминентни имиња од Македонската музичка сцена. „Веруваме дека низ цела Македонија, има многу музички вокални таленти и веруваме дека сите тие треба да добијат можност за сопствена афирмација. Токму затоа Македонската радио телевизија го направи ова шоу, за забава на гледачите но и за потрага по нашите скриени таленти. За таа цел објавивме аудиција на кандидати за учество во натпреварувачката шоу програма. Истата ќе трае до 21 февруари, по што ќе следи селекција на пријавените во студијата на МРТ. Очекуваме да се пријават млади кои би сакале да бидат идни ѕвезди на Македонија и најталентираните да ги наградиме“ изјави Мери Попова уредник на културно уметничката програма на МРТ Специфично за ова шоу е тоа што е тематски дефинирано односно во секоја емисија ќе се изведуваат најголемите хитови на сите времиња од Македонската забавна музика, во живо со придружба на фантастичниот Биг Бенд. „Шоуто ‘Сите наши песни’ воедно е проект на Македонската Радио Телевизија за заштита и афирмација на македонската музика. Ова е само еден од начините за зачувување на македонскиот музички израз и едуцирање на младите за богатата музичка историја што ја поседуваме. Тоа е наша обврска и заложба како јавен национален сервис“, дополни Мери Попова. Домаќини во музичката арена ќе бидат познатите Каролина Петковска и Димитар Атанасовски. Епа вчеравечер на 24 Мај на првиот канал на јавниот сервис започна долгонајавуваната музичка емисија, талент шоуто Сите наши песни. Кои се вашите впечатоци од целата идеја и организација, како ви се допаднаа натпреварувачите, водителите, жири комисијата (Александар Џамбазов, Тамара Тодевска и Роберт Билбилов) итн. ... И за крај, која оценка од 1-10 ја давате за овој проект
Вчера фатив малку на тв, замислата е ок. Сцената е солидна, и бендот секако е најголем плус, убаво што пеат во живо. Натпреварувачите кој-како, слаби беа како за почеток, а комисијата многу дарежлива со оценките Во делот кога пееја караоке, не може на еден микрофон да пеат тројца. Треба да им се даде на сите микрофон. Каролина како и секогаш - напорна, овој дечково окезен, пак беше по ок. Жирито - што да се каже? На Тамара и` беше страшно досадно, ко одвај да чекаше да заврши. Билбилов ко шлакнат со 6 мокри чорапи. Можеле да стават некои други двајца, што ќе сакаат да бидат дел од тоа случување и ќе го следат со поголем ентузијазам и мерак.
Не сум го видела ова, ама баш сакам вакви емисии за потрага по таленти. Ќе видам покасно баш ќе го ѕирнам, ама по коментарот на Трендафилка нема да очекувам нешто посебно.
Мене емисијава ми е ОК. Навистина ни фалат вакви емисии, интересни се. Инаку забележав дека снимано е онаму каде што се одржуваше Танц со Ѕвездите, и ми се допаѓа сцената. Најмногу од се ми се допаѓа што пеат во живо во придружба на бенд а не на матрица. За жирито спомнавте, ќе се менува од емисија во емисија, т.е. секоја емисија ќе има различно жири(барем така кажа Каролина Петковска-водителката). Инаку за жирито што беше на првава емисија, глупости. Тамара како што кажаа пред мене беше незаинтересирана и и беше досадно. Билбилов незнаеше што да кажи и како да искоментира т.е. нема свој став чоеко а и нема никакво познавање па затоа неможе да даде соодветно видување(според мене). Џамбазов си беше ОК. Единствено што ме чудеше беше тоа што ептен високи оцени даваа, треба малку по објективни да бидат! Ќе продолжам да си го гледам, да видам и понатаму што како.
Интересно е ама мислев ќе биде нешто како Идолот, само на евергрини ама всушност е борба меѓу градовите со 3 претставници
Вака на прв блиц поглед браво за проектов...следниот пат ќе ја гледам цела емисија па ќе искоментирам малку повеќе.
Денес гледав некоја реприза малце и замислата ми е океј. Бендот ми супер,ептен се добри. Жирито кој од кој.Ептен се дарежливи даваат оценки кои што не ги заслужиле.Во жири го видов Дарио.тој самиот незнае да пее.Не пак на друг да му кажува али тоа е. Натпреварувачите има некои добри,има некои што врска си немаат од пеење.Ама што е тука е.Мора да се проба среќата нели?
Кога има репризи? Јас нема да сум во можност вечерва да си ја изгледам емисијата на раат, па би ја погледнала репризата.
Замерка имам за избраните кандидати. Мислам, дали претходно ја спремале некогаш песната, освен под туш и во соба кога никој нема дома? Аматери се, јасно ми е, ама таков непрофесионализам немало ни во емисијата на Вучиќ. Утнуваат строфи, се губат на пола песна, гласот им мутира од строфа во строфа, првата ја пеат длабоко, втората тенко ко пролив, фраза почнуваат покасно па се бркаат со музиката. На караоке журка поубави гласови ќе чуеш. И јас да пеам со таков бенд позади мене - ќе се подмочнам од радост, ама никогаш нема да си дозволам такви лапсуси. И второ, како шлаг - Димитар! Типов со неговите демек фраерски убитачни досетки ми ги скокотка нервите. Посебно со она ДЕНЕСКА. Браво дечко, скопски фори пушташ на јавен сервис, уауу. ,,Ќе се качите ли на сцена . . . ДЕНЕСКА?!?", ,,Ќе може ли да ги добиеме оценките од жирито . . . ДЕНЕСКА?!?" Дечко, далеку си од забавен. Ама тоа е, денес и ќоро и сакато се докопа да работи на ТВ.
Што е со водителиве мајко моја ги нашле најодвратните што можат да постојат. Димитар немало некогаш да ми биде нормален, ама ова невидено некултрен и невоспитан. На една еднаш и рече следечи пат у гаќи да не доаѓаш ова е национална телевизија, а девојчето немаше толку куси кратки панталочиња, онака нормално подолги, бог да чуда невоспитан мочко. На Симона нека и рече да не носи гаќи а не тука се понаша, мрсул. Колку што знам у финале влегоа Прилеп со не знам кој друг, а мене кумановчани толку многу ми се допаѓаа сите 3ца ми беа екстра. Судиите ја отупеа, се 10 и 9ки, а таа од Прилеп што ја пееше Доволно луд од Лидија беше ужасно лоша, и самата Лидија и вика дека била океј, што знам превише се добри а оние не беа ништо нарочито. На идол имаше поголеми таленети каде каде. Имале добра замисла, ама со водителите, ми се одмилува да ја гледам емисијава. На онаа Каролина би и забранила дејност водител, ужасна е, ужасна- крекава пискава, никаква!!!
Прилеп - Струмица финале ! И мене ми е ко за грев Даниел бре на тоа девојчето од Прилеп ко требаше да влечи и рече следен пат не у ѓаки -.- и не само тоа општо замара досаден за се коментира демек премногу шеговит е и водителката не ми е нешто посебно Каролина..али бравос за проектов и за емисијава .
Димитар Мислам у реду ЈЕ. Боље Драганчо да го стават да води емисија ако сите го плукаат а не К*ролина. Мислам ноу сенс кога ќе и го слушнам гласот ми се оди на едно место. Толку.
Искрено, Аеродром имаше ненормално добри гласови, Наталија и тоа другото девојче, тоа машкото не беше нешто најдобар, ама заслужија финале. Прилеп - Струмица, сега за сега не ми се допаѓа, очекував подобар избор на песни, и да не ги повторуваат веќе истите песни. Многу утки направија. Бев за Прилеп против Куманово оти тоа идиотчето препотентно сакав да се ус*ре, пошто многу е во облаци летнат. Само ова дејчево прилепско многу писка бре. Прилепчани нека победат ете желба ми е, чим догураа до овде, нека победат. П.С: Перфомансот на Димитар не го коментирам, не сум видела толку глупирање на едно место. Не те бива бе дечко, не те бива. Гласот му е ко заклан гавран и немаше потреба од бламажа.
Јас лично ја знам Марија Груевска од Битола и исто така од Аеродром има многу добри пејачи ама кога ќе го фатам го гледам
Гледав сега пак ќе има втор дел па да видам дали пак ќе бидат истите водители , и дали пак ќе се глупираа Димитар . Имаше аудиција некна па кога ќе ги даваат на тв кога ќе почни појма немам . Можеби ќе биде подобро да се надеваме .