1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ситуација кога сте биле без скршен денар

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Silver.E, 14 февруари 2013.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Гледајќи ја ситуацијата во нашата држава, верувам дека повеќето од нас сме се нашле во ситуација кога сме останале без скршен денар во џебот, во буквална смисла на зборот. :tmi:

    Многу ме интересира како се избавивте од таа ситуација. :$

    Неодамна јас се најдов за прв пат, кога од дома двајца останавме без работа, како гром од ведро небо. :( И јас сеуште сум без работа.
    Тогаш и увидов колку мои пријатели не ми биле пријатели. Немав пари за нигде, за ништо, па скроз ме баталија.
    Да не кажувам колку психички тешко го поднесував сето тоа.
     
    На parksey му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    И јас се имам најдено во таква ситуација, т.е. ние. Еднаш родителите ни' помагаа, еднаш сами без никаква помош од страна. Среќа имавме минимална заштеда која ни' помогна во месеците дури најдеме работа. Но секогаш бевме сложни, никогаш не се каравме за пари, трезвено си баравме заеднички излез и после излезе работа колку сакаш и за мене и за него.

    Мило ми е што го имаше тој период во мојот живот затоа што ми помогна да проценам во која насока ми оди бракот, а и кои ни' се вистински пријатели и кои заслужуваат да им пружиме рака утре. Сме биле во толку лоша состојба, сме се ставале на мисла дали да зајмиме намирници од комшии за да направиме ручек (сепак тоа не го направивме), но никогаш не сме се карале или пак сме дозволувале да ни' влијае на слогата. Напротив, тоа ни' беше уште поголем поттик да соработуваме и да не се замараме со караници.
     
    На cresa-jagoda, mims-89, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.199
    Допаѓања:
    10.843
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сеуште сум само студент, редовно сум без скршен денар :D
    се случувало да работам одреден период, па да имам плус нешто, ама најчесто сум на минималец - џепарац од моите. Здравје да дипломирам годинава, па ќе му ја мислам после тоа. :)
     
    На Pinafan му/ѝ се допаѓа ова.
  4. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Хаха секогаш сум без скршен денар... :rofl: Не е смешно :?:
     
    На elimkd, WarriorAngel, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  5. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Неретко сум била и без денар.
    Меѓутоа мислам дека баш во тие моменти кога си оставен сам на себе,се гледа цврстината на карактерот,се гледа способноста да се преживее.
    Мене тие моменти и ситуации многу ме зајакнале,во принцип за понатаму да знам да ги ценам парите(иако сеуште не знам толку да ги ценам) :lol:
     
    На flowersss, WarriorAngel и tessie им се допаѓа ова.
  6. buterfly.fly.away

    buterfly.fly.away Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    20
    Ми се случувало мн често . Така еднаш парите си ги потрошив на ситни глупости и после требаше да одиме во кафич а ја во мене немав ништо и им реков дека ми е лошо и одма ја киднав дома , а сите тие истата вечер си поминале супер ...... ахахаха гревче :lol:
     
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Имало, имало. И тоа бааги. :D
    Ама благодарна сум што се случиле, без тие ситуации немаше да се изградам во тоа што сум и да научам да ги ценам парите.
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Моментално е таква ситуација. :D
     
    На elenkata20 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Е лошо е, тогаш се ти затребува. А? :D

    Ми се случувало често, ама не кревам паника, се организирам. ]:)
     
  10. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    На почетокот на врската со дечко ми. Искочени бевме и кога требаше да си одам дома имав само 20 денари во мене, а требаше да идам со автобус до Ченто. Ми фалеа за карта уште 10 денари. И глупата јас ќе умрев од срам ако му побарам. Си фатив такси и си отидов до посакуваната дестинација а мајка ми се шлогираше кога и реков дека таксито е 250 денари. И не ни му имам спомнато за тоа сеуште. Пфф, поштенка си бев, а сега...? Се прашувам дали сум сеуште?!
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Ми се случило повеќе пати.
    Еднаш ми се случи да останам без пари после школо, и бев принудена да влезам од задната врата на автобусот , бидејки немав пари за автобус. :|
     
  12. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Многу ретко. Скоро никогаш.

    Да, студент сум, мајка ми и татко ми уште ме издржуваат, али знам многу убаво да си ги распоредам парите. Не се расфрлам со истите.
    Плус, секогаш си штедам железни за црни денови.
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bubica13

    bubica13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    17
    ми се случило.... па како...многу тешко.... откажувам дружење , па макар и само кафе да е ,а за искачање многу ретко , речиси ич во поселдно време.... нема снаоѓање , ако немам некои работи ќе морам да си ги заборавам тоа е.... ама ќе дојдат подобри времиња.... нема секогаш да биде вака...
     
  14. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Еве! Баш сега. :D
    Си го изгубив новчаникот, и немам ниту едно единствено денарче.
     
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    43.177
    Ехее, колку пати.
    Да, тажно е, тешко е, но поминува. Сме се снаоѓале на семејно ниво. Особено во периодот кога бев студентка, сестра ми завршуваше факултет, воопшто не им беше лесно на моите со така скромни примања, да кренат две девојки во образовен систем, притоа сите пропратни нешта (излегувања, одмори, концерти, облека) да не бидат ускратени.
    Сме немале, па сме научиле како да се снајдеме, а да не бидеме тажни околу тоа.
    Пеев во бенд, тоа ми беше некој извор на пари, подработував околу саеми на книга, промоции. Имало мигови кога сум делела 1000 денари на две недели, за да имам за кредит на мобилниот, пари за автобус ако треба да одам некаде, и сум си правела храна од дома, за на факултет.

    Мора да биде подобро, тоа научив. Со труд, со реализирање на ситуацијата и фаќање за работа. Прво е шок, но кога сфаќаш дека животот не е розов, а сништата треба да продолжат да се сонуваат, ќе почнеш од нула, па нагоре.
    Во ситуација кога веќе немањето скршен денар е логична состојба и последица во општеството во кое живееме, воопшто не ми е срам да кажам дека сум немала, дека сега имам, но утре којзнае што ме чека. Важно е да се крене главата нагоре и да се зачува здравјето и здравиот разум, кој колку може.
    И, ќе дојдат подобри денови.
     
    На sleepingbeauty, Mr. Right, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Бидејки сеуште сум ученичка во средно гимназија често останувам без пари.
    Родителите секој ден ми даваат по 50 денари за храна бидејќи гимназијата ми е на 2-3 минути од дома! :D
    Имам останувано често без пари, пример кога ми дадат по 300 да цела недела а јас ги истрошам за еден ден и после тоа немам за храна или други такви случаи. ]:)
     
  17. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Не ми се случило никогаш. Секогаш имам резерва пари кои кога бројам колку пари имам во новчаникот тие резервните не ги бројам. Исто така и дома имам тргнато резерва пари за кои никој не знае(накај 100евра) Никогаш не се знае за што итно ќе притребаат.
    А инаку сум идна студентка. (ова за информација само) :D
     
    На cresa-jagoda и mims-89 им се допаѓа ова.
  18. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Не ми се случило никогаш. Секогаш имам резерва пари кои кога бројам колку пари имам во новчаникот тие резервните не ги бројам. Исто така и дома имам тргнато резерва пари за кои никој не знае(накај 100евра) Никогаш не се знае за што итно ќе притребаат.
    А инаку сум идна студентка. (ова за информација само) :D
     
  19. Kristina.R

    Kristina.R Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    имам ситни евра и тие ми се за црни денови.ако тие ги потрошам а неам од кај да зеам или го викам дедо ми :angel: или барам на заем од другарка
     
  20. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    ууух темава бре :o како иде ова работава се полошо и полошо и јас се почесто и почесто идам до ова ситуација :^) последен период ми се случува често да дојдеме до ова ситуација :!: ама сепак бидејки и јас не работам гледам да мојот сакан не се нервира и не губи надеж со тоа :^) се надевам наскоро ке се среди и тоа и ке биде барем подобро :) доволно на нормала да е :) а потоа ке биде се :)