Не сакам да коментирам само колку да напишам нешто било што дури коментар од типот никогаш не ми се случило. Ама ми се случило на студии да немам пријава за испит да си купам,а мораше само во тој момент. Побарав од еден од студентите и ме одби и ден денешен неможам да си опростам што толку се понижив ама во момент на потреба не ни расудував дека потоа може да се злоупотреби. Отрчав до кај другарката што живееше најблиску до факултет и ми позајми. Парите и беа вратени во најбрз можен рок.
Бев стдент го испуштив автобусот за да се вратам во мојот град па требаше да остнам уште таа вечер а немав скршен денар, а за јадење немав ништо. Ми дојде идеја да соберам 10 ден некаде по џебовите и по фиоките и да си купам вчерашен леб од пекарата близу мојот стан, собрав пари и одам. Влегувам во пекарата и еден човек пред мене му вели на овој што продава- дај ми 10 леба за кучињата и му дава 100 денара и си заминува. идам јас на ред и јас велам- дај ми и на мене еден леб за кучето...