Ајде кој бил овде на одмор нека пише искуство.Најдов понуда за со авион и ме привлече.Се мислам за во Cinisi.Како се цените во рестораните и слично.Незнам дали Сицилија или Санторини.
Јас бев на Сицилија, но во Џардини Наксос. Со оглед на тоа што имав полупансион, немав потреба од јадење по ресторани, но цените колку што ги видов не се екстремни. Дали Сицилија или Санторини, многу зависи од тоа со кого одиш и што очекуваш од одморот.
Тогаш и на двете места можеш убаво да си поминеш Прашањето ми беше баш заради тоа што Санторини не нуди многу забава за друштво или за лудување. Искрено речено, и двете места се прекрасни (повторувам, јас бев на југот на Сицилија - Џардини Наксос, Таормина, Катанија, Етна, Еолските острови - не стасавме до Палермо и северот) и не може да се згреши.
Сицилија е прекрасна. Пред две години бев во Палермо, Сиракуза и Таормина. За шетање има што да се види. Ние летавме од Скопје до Милано, па после за Палермо со Wizzair.
Планираме во Cefalu да одиме некако највеке ми се свига од тоа што разгледував после Taormina ама таму хотелот што е во понудата е многу далеку од плажа така да не ни одговара.
Јас лани летото бев на одмор во Сицилија и ако отидам уште еднаш нема да се вратам од таму . Видовме многу места, додуша ние доста шетавме: Етна, Катанија, Сиракуза, Палермо, Монреале, Таормина, Џардини Наксос... Италија како Италија, без разлика дали си на север или југ има историја на секој чекор, катедрали, споменици, плоштади.... Сицилија е богата со историја, освојувана од различни народи и микс на култури, религии и цивилизации, иако сите сега живеат како едно. Свративме и до Outlet центарот и навистина има што да се купи. Храната е прекрасна, скоро ништо не е скапо, цени малку повисоки отколку кај нас, со исклуок на Таормина, која важи за доста монденско место и цените се доста повисоки. Ние бевме на Јонско Море, сместени во едно мало место близу Таормина, ама водата беше доста ладна, иако бевме во јули и август месец таму. Кој се двоуми нека не се мисли воопшто, островот на Мафијата обавезно е дестинација за посета, барем еднаш во животот.
Планирам да одам за Катанија, може ли некој што бил да ме насочи што да се посети и цените како се движат?
Сицилија нуди многу.Премногу. Од богатата историја уште од античко време со споменици од грчкиот и византискиот период,преку природните убавини националниот парк Етна и Еолските Острови кои се вулкански архипелаг на север во Тиренско Море,убави плажи,живописни селца,преубава храна со превкусните каноли кои се специјалитет на сицилијанската кујна. Сицилија е огромен остров и невозможно е се да се види.На источната страна Таормина е најмонденско место,тука е и Изола Бела,мала камчеста плажичка која е заштитен знак за Таормина,потоа Катанија,Сиракуза се исто така градови во кои има многу да се види.Малку погоре се наоѓа Месина(ако ги прашаш Италијаните,велат дека таму има најубави плажи).Многу блиску до Месина,се патува со траект и се доаѓа до врвот на италијанската чизма,тоа е друга област во Италија-Калабрија. На север е Палермо,центарот на Коза Ностра и главен град на оваа област.На најсеверениот дел се наоѓа Сан Вито Ло Капо,познато туристичко место. Ако се решите да одите на Сицилија,читајте,истражувајте,подгответе се,во спротивно нема да знаете што да гледате.Има за сечиј вкус и за оние кои ја сакаат историјата и за љубителите на плажи и за оние кои уживаат во италијанската кујна. Климата е медитеранска клима,топли лета и умерени зими. Цените се европски,споредено со цените во Северна Италија е поефтино,но бидејќи е туристичко место,во сезона цените се повисоки.
Да спделам искуство,гледам сум заборавила да напишам кога се вратив од Сицилија. Па мислам дека со мм се заљубивме во остров .Бевме во градчето Cefalu во хотел Санта Лучиа е ле сабие д оро..Доста слатко и романтично градче.Не беше многу поскапо од кај нас,и храната беше мнооогу вкусна.Пиците беа мнофу по вкусни од Италија.Ги имам пробано во Венеција и Фиренца,на Сицилија некој посебен шмек имаат.Исто и сладоледот а и едни блакца каноли.Бевме на излети,во Савока кај што го снимале кум,на Етна,Монреал,Палермо,Таормина(обавезно посетете ја,град на рид е и има преубав поглед на Јонско и Средоземно море,едино малце поскапи се цените овде).Од Палермо не се воодушевив,ѓубре расфрлано насекаде....штознам може многу очекував.И така,обавезно кога ке ни се укаже шанса би дошле пак на Сицилија,топло ја препорачувам,а и хотелот исто.Полупансион бевме,ама храна имаше голем избор,а и многу вкуна морска храна.Собите чисти перфекно.
Преку аурора уплативме ама они соработуваа со српската одеон травел.Па уствари патувавме со одеон.До Белград сами одевме.
Тие да.Но немораш да одиш со нив можеш со рентакар кај винодговара,макар што таа што ни беше водич ни рече внимателно со тоа,затоа што биле организирани па те следеле да ти го оштетат возилото .Незнам колку поскапо е преку агенција,не сум одела сама.
http://www.putovanja.info/ Razgledaj go forumov,srbite najcesto taka odat,mozes da se zachlenish i da gi prashash.Eden prijatel isto taka bese sam smeshtaj najde preki air bnb i edna nedela pomina vo palermo a edna na drugo mesto ne mi teknuva,izmegu so javen prevoz i na drugi mesta neznam dali zema i rentakar, i super si pomina,a spomna oti poeftino bilo od nie shto potroshivme.