Сакаме со другарка да идеме до Сицилија на еден ден бидејќи ни е блиску. Па сакав да прашам дали некоја знае дали во Pozаllo има трговски центар,Сефора или е баш онака туристичко место само?
Зависи кои. На пример градската плажа во Чефалу е бесплатна, но, хотелските не се, иако и таму може да се протнеш. Истото важи и во Џардини Наксос, Таормина е прескапа за што било, освен да си купиш гранита. Во Палермо не знам како функционираат плажите. Во принцип, се наоѓаат бесплатни плажи, а може и да си земеш лежалка, без никој да ти пререче, барем во Чефалу е можно. Сицилија е прекрасна и ти посакувам да одиш ова лето.
Добро не мислев за плажи пред хотели, ниту пак за лежалки, дали онака може да си влезеш на плажа да си поставиш чадор и да си се посончаш?
Тоа сакав да кажам, дека можеш, генерално, а дури и на плажите на хотелите. Во принцип, имав впечаток дека Сицилијанците се доста лежерни околу правилата. (Или пак, мене ми се погодило.)
Тоа е супер, планираме ова лето да одиме таму, што да посетиме, на што да внимаваме? Дали е ридско место или е рамно, во смисла гледам дека имаат места за издавање што се 400 метри оддалечени од плажа ама ме интересира дали се куќите на висока надморска височина како што ме снајде два пати во Црна Гора и еднаш во Хрватска. Џабе што е 400 метри кога е многу високо, да ти се смачи, и се’ само степеници. Како најлесно и поевтино да стигнеме до таму? од Софија или Скопје? Скапо ли е по маркети?
Јас одев преку агенција, и ова беше првпат од Македонија, ова лето, ама со автобус и траект. Најелегантно би било со авион од Софија до Палермо. но, не знам каков буџет имате. Можете и да одите со траект , од Драч до Бари на пример (тоа е најблиску), па потоа да фатите автобус (9 часа) од Бари до Палермо , или воз (13-16) часа. Како и да свртите е многу пат, освен ако не летате со авион. Сицилија е разновидна како географска конфигурација... Имаш море, вулкани, полиња, но, патиштата се одлични. Да, има евтини маркети. Храната е пристапна, или малку поскапа, зборувам во ресторан. Многу е поевтино отколку во Северна Италија (да речеме Милано) Еве, јас бев сместен во Џардини Наксос и Чефалу. И на двете места има угорнини, тоа се мали но, многу убави градчиња и сѐ е достапно. Претпоставувам зависи каде во градот сте сместени. Ако тоа ти е многу важно, прашај однапред, види слики. Во мојот случај, и на двете места беше блиску до плажа и немаше угорнини, скали, итн. Јас бев сместен во хотел. Ти ја препорачувам и Таормина, монденско место, да ја видиш Рагуза, Модика, Долината на храмовите (во Агриџенто), ако си заинтересирана за историја, Сиракуза е на море, Палермо е секако интересен за шетање...Секако да се качите на Етна, има редовно автобуси. Инаку, да споменам. Ако можете и сакате, да одите на пролет, во лето е навистина топло. И, да, водата од чешма не се пие!
Јас бев со „Атлантик Турс“ на почеток на јули.. Минатата година за првпат отворија претставништво во Скопје и така се одлучив. Сега гледам дека немаат таква тура. Инаку, имала и „Дори“ од Гевгелија, есента (што секако е подобра варијанта). Истата програма, само што траектот оди од Бар до Бари, тоа е подобро, затоа што нас нѐ „влечеа“ до Сплит, а на враќање во Дубровник, каде имавме едно попладне, па од таму до Анкона, па се симнувавме надолу до Сицилија. Ако тргнавме попладнето стигнавме следната вечер на полноќ во Џардини. Но, ова е вонредно, затоа што во моментот немало релација со траект Драч-Бари, Бар-Бари. Распрашај се, еве, во двете агенции. Во Сицилија би ве водела Ванда претпоставувам, која е многу добар водач. Таа им ги сугерира турите и сместувањето. https://www.facebook.com/story.php?...=194732894523140&m_entstream_source=permalink Инаку, не ги рекламирам ни едните на другите хаха, моето искуство со „Атлантик турс“ е 3- (1-5). Но, кога сѐ ќе помине сфаќаш дека Сицилија навистина вреди да се види. Секако не очекувај луксузи и излежување на плажа, ова е повеќе историско/културно разгледување. Ако сакаш баш такво летување, тогаш организирајте се сами.
Јас бев сместен во Палермо, но бев и Чефалу и како шо кажа членот имаше и дел без лежалки на плажите. На градската плажа во Палермо - Мондело исто така има делови без лежалки и секако е бесплатен влезот. Ние со градски бус одевме до Мондело, а до Чефалу, Трапани и остали места со воз. Јас бев инаку на студентска размена во август и во Палермо е пекол тој период, навечер темп. не се спушташе под 27 степени.
Ако мислиш на темпeратурата на морската вода, лете, е одлична, потопло е од Егејско/Јадранско море. Ако мислиш на водата за пиење, ќе повторам, секаде ќе си купуваш вода во шише. Водата, од водовод, е прочистена морска вода, погодна само за капење. И како што рекол @Waverly Raven , во Сицилија е многу топло, во јули, август. Би ти препорачал или да одиш на пролет или на есен. Ако можеш, секако. Луѓе на прошетка одат за Божиќни празници или за Велигден. Колку е тогаш соодветно за капење, не знам, но претпоставувам дека е, со оглед на тоа дека е претопла преку лето. Во нoeмври гледав дека луѓе се капат, кај Таормина.
Мислев колку е чиста водата во морето, бистра? Не можам да бирам кога ќе одам, веројатно ќе е од 10 јули до 10 август, тогаш сме на колективни, инаку би одела на одмор во септември или јуни
Просечно бистра, не е е провидна како во делови на Грција. Но, не е валкана од песок, алги, треви. немаше медузи. Плажите се главно песочни, делумно камени, нема нагли премини во длабоко, итн. Смислено е за туристи.
Ќе одам за Катанија самоволно на три дена. Не можам да се ориентирам преку гугл, ми треба такси превоз од аеродром до хотел. Има знам на аеродром ама се дупло поскапи. Ми треба нешто ко мини-водич што да видам, што да пробам, кај може да се јаде…итн.