Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сицилија

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од bebaa, 7 мај 2014.

  1. h.ope

    h.ope Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    1.919
    Ние бевме лани за Велигден со деца. Скрос безбедно, а вечер не излегувавм, инаку ни за момент не се почувствувавме несигурни
     
    На SunnyGirl2 и Annath им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.581
    Допаѓања:
    201.799
    Пол:
    Женски
    @blue-diamond

    Морам да си кажам, се заљубив во Сицилија, и пак би се вратила. Зимоска резервирав сместување за една недела за четворица, жал ми е што не можев на подолго, ама тогаш работев на место што одвај ми даваа една недела за одмор, а две недели беа мисловна именка. Бевме во сопствена режија, цени за тури не знам, ама не беа евтини, тоа сигурно.
    Нејсе, бидна, отидовме, се вративме полни со впечатоци и желби за повторно да се вратиме, оти не видовме доволно, не ни можевме се' да видиме за една недела, оставивме нешто за да се вратиме пак.
    Сместување резервирав на букинг уште во јануари, апартман на поткровје во куќа на сама плажа во Оливери, мало гратче (или да речам поголемо селце) близу до Месина. Отидовме со своја кола, со траект Валона-Бриндизи (околу 6 часа на море), така и се враќавме. Патот од Бриндизи до Оливери трае шест часа возење плус краток траект од Калабрија (Вила Сан Џовани).
    Кога се оди од Месина покрај море према Палермо има еден куп мали гратчиња или села кои преоѓаат едно во друго и се доста живописни, отспротива се гледаат Еолските острови.
    Морето е топло, мирно, чисто, плажата беше со крупен песок, ама преубава. Не беше претрупана, нема лежалки и чадори, природни сенки нема. Сами треба да си носите опрема за плажа, повеќето тука се приватни куќи и апартмани, но имаше и камп Маринело, со куќички, со место за кампери.
    Бевме стационирани таму, ама шетавме во околината и малку подалеку.
    Месина ја видовме на кратко.
    Таормина ми влезе во срце, а во Ното се заљубив. Сиракуза ми беше исто убав, ама претходните два беа едноставно прекрасни.
    До Таормина имавме час и 15 минути возење, ја оставивме колата на паркинг, овој конкретно се викаше Лумби, цената за паркирање е три евра за час и половина. Има шатл до центарот на градот (via Luigi Pirandello) од паркингот, и е бесплатен, постојано циркулира. Многу практично и корисно, на раат да се разгледа местото, а да не мислиш каде би се паркирал, оти уличките се тесни, а има и многу гужва, сепак Таормина е доста популарна. Античкиот театар, Вила Комунале, катедралата, плоштадот, Изола Бела... Има многу да се види, има тури со водич, ама може и сам да си шеташ каде сакаш. До Изола Бела има скали, ама и жичара, цена на жичарата не знам.
    Ното моравме да го посетиме, не само поради барокната архитектура, туку и поради тоа што таму се снимал Малена :D па мојов како фан на Моника Белучи, мораше да се прошета по истата улица. Ама самиот град е прекрасен, старински, дише историја, и само така да седнеш на кафе на главното шеталиште, како да си во некое друго време. Паркингот е бесплатен, некои 7-10 минути пешки од главното шеталиште, а Ното има и прекрасна песочна плажа во близина иако не излегува на море.
    Сиракуза исто ја прошетавме, ама најмногу се задржавме на островот Ортиџа (Ortigia), оти таму има доста историски споменици.
    Кај што бевме сместени, на ридот над гратчето имаше преубава црква посветена на Богородица позната како Madonna Nera меѓу народот. Во близина имаше и археолошки локалитети, тоа во друго гратче на ридот, што се вика Тиндари. Шетавме и до Милацо, таму го посетивме историскиот замок со поглед на градот и Еолските острови. Од Милацо организираа целодневни тури за островите, од 60-70 евра по човек, со водич. За Етна не знам колку беа, не бевме толку заинтересирани за вулканот, колку за другите знаменитости што ги посетивме.
    Во план за следен пат ни се Рагуза, Агриџенто, Чефалу. И пак би ги посетиле Таормина и Ното.
    Водата не се пие оти има соленикав вкус, инаку не е техничка вода.
    Цените по маркети се нешто повисоки од кај нас, зависи за што, за нешто исто, за друго поевтино, за трето поскапо.
    Кафето оди од 1,20 до 5 евра, зависи каде го пиеш.
    Нафтата (дизел) е 1,75 во помали градови, на автопат и во поголеми градови е 1,85-1,90. Бензинските пумпи се главно самоуслужни, сам си точиш нафта, патарини има на Сицилија, исто самоуслужни, на копнениот дел во Италија кај што бевме немаше ниедна патарина. Патиштата им се одлични, имаат супер инфраструктура, е сега не препорачувам акање по планински патишта оти знаат да бидат и затворени, настрана што има многу кривини.

    По рестораните е пристапно, големи се порциите, и не се екстра скапи. Пиците од 5-10-12 евра, една пица да најаде двајца. Поубава пица во живот немам јадено. Јадењата со риба и морско беа од 10-15-20 евра порција во просечни ресторани, во полуксузни беа од 25-70 евра па и повеќе. Знам оти залутавме по грешка во ресторан за кој што требаше дрес код и служи онакви мали декорирани порции. Ама Италијаните се покажаа љубезни, и не не' вратија, па јадевме таму. Цехот не ви го кажувам :x

    Сладолед во корнет со една топка е три евра, ама тоа најадува. Служат и во чашки, чашките се со различни големини, и ја плаќаш чашката, без разлика колку сладолед ќе ти стават.

    Соковите по ресторани се поскапи, локалните пива и вина имаат пристапна цена. Имаше кај нас во близина една траторија каде што имаше фиксно мени, седнуваш, ти носат вино и мезе, кога ќе завршиш со мезето следува месо, на крај носат бискоти, грапа и некој ликер што немам поим како се викаше, ама беше преубав.
    Канолите беа превкусни. Намерно купував малечки, за две залчиња, за да не јадеме (читај јас) многу благо. Профитероли, паста де мандорла, кроасани, сфољатели...имаш да бираш.

    Во маркет е малку поскапо, ама зависи и во кој и што. Има Lidl, Coop, Konad, ARD discount.

    Англиски не знаат, или не сакаат да зборат, па ако не знаете италијански е малку тешко, се снаоѓавме, јас додуша разбирам италијански, ама не знам да го зборувам, па ми беше малку проблем да се изразам, импровизирав.

    Се' на се' вредеше патот и пак би се вратиле. Имавме едно убаво позитивно искуство, со малку непредвидени ситуации, ама се заврши добро на крај.
    Не се двоумете ако имате желба да ја посетите Сицилија, исто ќе ве чини, можеби и помалку од летување во некој ресорт во Турција all in. Со Грција нема споредба со цени.
     
    На neno0o, SunnyGirl2, CareTee и 11 други им се допаѓа ова.
  3. blue-diamond

    blue-diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    49
    Благодарам за прекрасната рецензија. Мило ми е што убаво си имате поминато. Знам дека си била со автомобил, но ме интересира мислење за снаоѓање таму без кола?
    Ние сакаме 3 другарки да идеме и на ни една не и се вози rent a car, каде би било најдобро да се стационираме, ако сакаме на пример во близина да имаме плажа (под близина подразбирам или да се иде пешки или помалку од пола саат да кажеме со автобус)? Ние би иделе 10-12 дена и сега повеќето денови би сакале онака класично плажа денски, прошетка пијачка навечер и по некој ден да одвоиме онака класична туристичка прошетка пр Таормина, Сиракуза, Етна.
    Сега за сега планот е лет софија-катаниа најдов карти за околу 60евра, ама како што читам reviews и по интернет сите викаат дека најубаво е со кола па тоа малце ме отргнува од идејата.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.581
    Допаѓања:
    201.799
    Пол:
    Женски
    Има јавен превоз, ама каков е, не знам. Има возови и автобуси, ама колку се редовни и точни не би знаела. За сместување можеби е најдобро во Џардини Наксос, оти има сместување на сама плажа, а во близина ти е Етна, Таормина е одма до него, плажите се убави таму...може да одите оттаму и да Месина и да се симнете надолу до Сиракуза и Ното, мислам дека ќе се снајдете за превоз, возови има сигурно.
     
    На blue-diamond му/ѝ се допаѓа ова.
  5. blue-diamond

    blue-diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    49
    Благодарам многу за сите инфо.
    Сега баш разгледав и мислам така ќе направиме, сместување некаде околу Таормина, првиот ден може преспивање во Катаниа дека е касно летот. Е сега се мислиме дали втората половина од одморот да идеме накај Палермо т.е Чефалу да се сместиме, ко за промена :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.581
    Допаѓања:
    201.799
    Пол:
    Женски
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  7. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    173
    Едно прашање до тие што биле на одмор во Сицилија. Имаме понуда за сместување во Џардини Наксос или во Рокалумера. Што мислите кое место е подобро за сместување и кое место има поубава плажа. Дали има голема разлика во однос на гужва, места за шетање и седнување, поврзаност со другите места како на пр.Таормина и сл.
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.581
    Допаѓања:
    201.799
    Пол:
    Женски
    Од она што видов, и едното и другото се близу до Таормина. Roccalumera е пред Таормина, Giardini Naxos после Таормина. Превоз има постојано, барем за тоа се ажурни, а за плажите не сум била за да кажам точно.
    Гужва има во поголемите градови, Таормина е полна постојано. Ако одите во август може да биде уште поголема гужва, оти одморите на Италијанците им се главно во август. И топло е доста, септември е подобра опција. Во јуни на плажите кај што бевме гужва немаше, само локалци и summer residents, односно луѓе што преку лето живеат на островот во свои вили, викендици, апартмани.
    Барови има доста, и на плажа и во градовите, ама плажите се слободни за свои лежалки и чадор, е нема природни сенки никаде. Практично е свои лежалки и чадор да носиш, ама ако не сте со своја кола, а сакате на плажа, барајте хотели. На плажите нема лежалки и чадори, за крпи да не зборам, од апартманско сместување не е обезбедено.
    Имајте на ум, појадокот е скоро секогаш благо, кроасани најчесто, полнети со различен фил, придружени со капучино/макијато/еспресо. По пекари нема солени пецива за јадење, само леб и кроасани. А да, и бриош. Чудно ми беше што ги гледав сите како јадат бриош лепче внатре полнето со сладолед, тоа им е некој локален специјалитет што ете, не ме привлече да го пробам. Таормина и околината се со повисоки цени за разлика од некои други помали гратчиња, сепак Таормина важи за монденско место.
     
    На CareTee и rrrrrrrrrr им се допаѓа ова.
  9. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    1.163
    Можеби глупо прашање, но дали има директен лет до Сицилија?
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.581
    Допаѓања:
    201.799
    Пол:
    Женски
    Од Скопје не, ама имаш од Тирана до Катанија.