Често нарачувам од AlilExpress, претежно ситници некои (стегачи, маски за телефон, накит, пенкала, бележници...). До сега се' што сум нарачала било до 4-5 евра. Сега меркам нешто поскапо, па да ве прашам, ако некој знае како е кај нас со царина. Над која сума се плаќа и колку би платила за нарачка од 40-50 евра? Еве ви едно линкче за стварно евтини стегачи во секакви бои: https://a.aliexpress.com/_mNKp9Cu
Таблет имав порачано околу 50 евра фати не платив ништо плус ,ако ти значи нешто одговорот . И јас се чудев како што ама нигде не најдов конкретен одговор и си реков ќе ризикувам.
https://a.aliexpress.com/_mtccC8U Ги начекав намалени на 500 денари, и за парите се стварно супер. Лесно се поврзува со блутут на телефон, звукот е сосема солиден за таа цена. Е сеа за понатаму колку ќе тераат допрва ќе се види.
Кога ги начека сега се 1.000 и нешто? Јас ретко што наоѓам евтино на алиекспрес, ако производот е евтин, шипингот е ѓавол ипол, одамна немам ништо купувано од али било што ќе побарам испод 1.000ден не е, а истото и овде е толку само што не чекаш.
Крајот на септември беше кога ги порачав. Во тој делот на апликацијата кај што има попусти од по 50% и повеќе на разни производи. Зависи како ќе начекаш, се менува цената. А шипингот беше бесплатен.
Сега ми излегоа други на попуст 579 денари и мислам дека се како овие што ги имам (барем кај мене вака ги кажува): https://a.aliexpress.com/_mLavItm
Интересна тема. Јас од алиекспрес имам нарачано едно платнени пикадо во форма на крокодил со топчиња што се лепат. Децава се утепаат од играње а чинеше 80тина денари.
Модел немам поим ,не сум дома ко ќе одам ќе пишам. Бавен е онака ,ама го зедов за на ќеркава да не ни ги зема телефоните на плажа. Така да зависи за што ти треба.
Стигнаа коцкиге, одлични се, дури и мене ми се интересни за правење, има и упатсво со шеми за разни форми, стигнаа брзо за 1 месец, ке порачам уште, 50 се некако малку за посложени фигури. Јас земав од големиге и таман се.
Баш вчера му ги покажував на мм ,вика за нас може да ги порачаме. Малата само ќе ги расфрла. Она ни со обични коцки не игра... понатаму секако ќе ги земам.
Деновиве имаше добри попусти, можеби уште има. Јас сум се изнарачала сваштарија, ќе видиме што ќе стигне. Инаку стегачите се стварно евтини. Тука ги купувам еден 10 денари и го гинам за брзо. Ама изгледа не ќе да се многу големи, отпосле читав во коментари што пишувале... Како и да е, за таа цена ќе поминат.