„Попусти“ ќе има до 18.11, па после за црн петок. Само што, ми се чини дека оваа година некако 11.11 не го прославија баш како што треба... Според мене, лани направив мнооооогу подобар дил. До душа, и годинава купив едно нешто кое беше стварно намалено, ама почнав да се плашам да не ми шитнат нешто расипано. Дај нешто препорачајте додека траат попустите да погледнам да земам )))
Ме интересира за навлаките дали ти стигнаа и какви се. Јас нарачав две но едната ми ја откажаа и ми вратија пари а другата сеуште ја чекам. Инаку ја имам четката не е лоша и шишенцето за парфем е одлично.
Не мила не ми се стасани уште навлаките, ќе ти кажам дали се добри кога ќе стасат. Шишенцето ми стаса и одлично е, криво ми е што само едно порачав
КЕ бидам офф топик но навистина ми треба кој знае да ми каже каде во македонија или во блиските соседи може да се купат новогодишни украси на големо по поефтини цени, бидејки сакам да изработувам новогодишни декорации.
@QweenSM @Megann18 Јас порано имам нарачано такво шишенце. Го користев некое време, но почна по малку да ми течи. Баш пишете како ќе сте задоволни, би нарачала уште едно.
Да ти кажам и јас помислив да не ми се растечи доле кај дупчето што се полни, ама еве нема покажано ништо овие денови, се надевам и така ќе си остане оти баш е практично, криво ќе ми биди ако почни да течи. Ќе ти кажам како ми се покажало секако, таман ако е добро уште да си нарачам и јас
Другарка ми има порачано и нејзиното течеше, а моето го користам и цело време го носам во ташна но не приметив да тече порачав уште едно.
На сите што ви течи шишенцето, пробајте пред да го наполните со парфем, да го испумпате цел воздух одвнатре, па потоа полнете со парфем. Мислам дека така не би требало да течи.
Јас го имам тоа шишенце, и само првиот пат успеав да го наполнам, после не сака. Што може да е проблемот?
https://a.aliexpress.com/_mqsvVmk Еве нешто интересно, блутут звучник во форма на ретро радио, на попуст со бесплатен шипинг. Би си порачала ама не ми треба толку многу, плус чекам 11 пратки други.
Дечки дали кај вас исто имате некоја забуна со цени од апликацијата? На пример, бирам продукт и пишува 1е го ставам во корпичка и гледам дека е 4е и така скоро со сите продукти, цените што ги гледам од сликите не се совпаѓаат со цените во корпичката.