Скази (Skazi)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од blueeparadise, 9 ноември 2011.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    4.082
    Мислам дека скоро сите од вас имате слушнато за Скази. Скази се израелска група која има светски успех и е слушана насекаде. :) Иако музиката што ја прават не е баш мој тип на музика, сепак ми се допаѓаат неколку нивни песни. Од почеток мислев дека се метал група комбинирана со хаус/транс музика, ама зашто чичко гугл знае се, проверив и пишува дека се психоделична транс група иако едниот од членовите (го заборавив како се вика) од почетокот почнал со изведба на панк-рок музика па сеуште задржал некои такви елементи во новиот негов бенд - Скази. :) Омилени песни ми се:


    http://www.youtube.com/watch?v=Es2g2R1_vgg

    http://www.youtube.com/watch?v=PIL2ttBq ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=L7dZJSVl ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=rq9W2wJw7U4
     
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    8.381
    Допаѓања:
    38.787
    Пол:
    Женски
    Skazi беше име на времето, многу го почитував во неговите почетоци во трансот. Слушав многу транс музика како тинејџерка, кога трансот сеуште беше во подем, и кога на журки се собираа одредени групички на луѓе но доволно за да има место за играње без да те шуткаат низ гужви како денес, и без да гледаш нафурани фаци.

    Скази извади добра музика само првите две години, во тие два албума. Журките беа феноменални. Тоа беше прав транс. Сето тоа после тие два албума што снимија, мене воопшто не ми се допаѓа, дури ми е некако исфорсирано и кич.

    Првиот албум е издаден 2001 година. Јас почнав да го слушам 2002. Се сеќавам таа 2003та година кога бев на одмор со друштвото во Црна Гора, видов плакат за журка на Скази и буквално збеснав :D Едвај убедив двајца од друштвото да дојдат со мене на журката (тие не слушаа транс), едвај дојдовме до карти и тоа скапи беа тоа време, и едвај стигнавме некако до местото каде што се одржуваше журката. Тоа беше некое бродоградилиште од времето, и веќе не се користи, а до него се стигаше со чамец, па патешествија додека да дознаеме како да стигнеме до таму :)
    На враќање се враќавме со марица (тие први ни застанаа на автостоп). :D

    Еве што ми се свиѓаше од тоа време:

    http://www.youtube.com/watch?v=UYfBZIOMo8Y
    http://www.youtube.com/watch?v=-EsNY-q7xP8
    http://www.youtube.com/watch?v=k11oqnAI ... re=related
     
  3. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.010
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа музиката на Скази,поразлична ми е и баш онака те крева,нема шанси мирен да седиш и да слушаш :lol: Ахх кога ќе ми текне колку слушва транс како тинејџерка хахаха :$ Скази го обожавав и многу имав желба да отидам на некое журче ама не бев,се до летеово.
    Беше како гостин на журка на плажа во Израел,ние појма немавме со дечко ми дека тој ќе дојде и така случајно се најдов таму.Си порипав на 3-4 песни (на омилените мои) и убаво си поминавме :D
    Еве нешто мене што ми беше омилено
    http://www.youtube.com/watch?v=dHszdBYF ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=vnIvMDSe ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=tIXVllhF ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=PIL2ttBq ... re=related
    :rock:
     
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    4.082
    Ммм, ќе оди некој на Скази на 7ми април во Метрополис? :rock: