"Вратив" на тв да видам што емисија е и ми дојде најголемиот facepalm да го напраам. Поглупаво нешто одамна немам видено. Зумирани кадри од пениси, вагини, газови, цицки. Поента? Треба сериозно глуп да си да си го трошиш времето на ваква емисија. Ако не ја искоренат скроз од програма, пошо е глупост невидена, барем треба да ја преместат за во 1. Веќе кога поднесувате петиции за укинување на оваа, дај поднесете и за укинување на турските серии. Сериозно. Пошо која е поентата од тв да ечи дерење, лелекање, заканувања, колнења, и слично? Има толку многу серии од цел свет, шо па баш најглупавиве ги емитуваат.
Какви глупости Ама тоа голта народната маса и ајде тоа ќе се пласира за подигнување на гледаност и рејтинг, па и нецензурирано. И оние во странскине емисии што преживуваат во дивина голи се затемнети, а тука се на изволте. И дека од вакви голотии ќе се влијае на подигнување на наталитет врска си нема, нешто друго поопасно можно е да се подигне.
А зошто 8 годишно дете би било будно во 23? ако треба да му објаснуваш,значи и ти ѕиркаш на петка.....busted
Јас тргнувам од претпоставка смарт тв или како веќе се вика она, кога во било кое време можеш било кој контент да го пуштиш. Јас сум таман, на доволна далечина од мк бродкаст, со кодирани канали. Не мислам дека Прометеј треба да има гаќи, ама знам дека секаква содржина не може да биде достапна секому, во секое време. Ако не е, супер, сигурно нешто инспиративно има да се види
За возрасни е одвратно а камоли дете да види ќе се истрауматизира за навек. Плус тоа што самиот концепт на емисијата е неизмерно кринџ.
Шала на страна,МОРА да биде или кодирано или покасно да се емитува. Додуша за пензионери ко мене и 11 е касно а ѕирнав вчера, не дека не убила ме љубопитност... Паметно
Колку вие обожавате да глумите невини... Да не беше ова шоу, немаше да знаете шо е кур. А богами и децата немаше да знаат. За задруга да се дигнеше фама барем, со години се емитува.
Имам чувство дека ме колективно заебавате пошто нема шаанси ова да се стварно емитува на Канал 5. Ужас. Зошто би давале Том и Џери на Канал 5, и вие некад не знаете што пишувате.
Епа ај тогаш само емисии за деца нека има за да не мора да им објаснуваме зошто нешто е на телевизија. Турските серии што ги даваат по цел ден на сите мак канали многу се поучни, е за нив зошто никој не покрене петиција со години не трујат со лелекање, офкање, колнење. Заради нив немам пуштено мак канал неколку години. Или во "3то полувреме" македонскиот филм има 20 мин сцена како се е... па го даваа во 8 саат или "Тетовирање" што секој збор е пцуење. Немам мислење за емисијава ако ја начекам и нема друго ништо може би ја гледала(ја имам гледано ) , нормално без деца. Ама па толку да е скандалозно не е.
Оф Боже. Претеравте со коментариве. Ако не ви се гледа не гледајте. Просто. Емисијава не дека не можеше и претходно да се гледа. Во истиот термин околку 11 се емитува одмна на РТЛ Хрватска. А тој канал е достапен и на Магента и на А1 пакетите и на сите други оператори. На РТЛ оди скроз без цензура. Потполно голи луѓе. Ама срамота е тоа кај нас. Не е срамота да се оди во Интермецо и Мош на 50 години и да се лигават мажени и женети јавно пред сите. Ама Аууу срамота голи луѓе. Македонска хипокризија. Плус не е срамота да се прикажуваат турски серии. Тоа све по морал. На свекор рака се бацува,на маж нозе се мијат. Се плаче и се умира по изгубената љубов од лошата свекрва. Тоа не е срамота. Ама да се види дека луѓе имаат различни тела и дека некој не се срами од своето тело (иако нема перфектни цицки или газ) е тоа е веќе срамота. Огромна. Која хипокризија. @Biljarkata 8 годишно дете во 11 навечер би требало да е во длабок сон. А и да на 8 годишно дете веќе би требало да му се објаснуваат деловите на телото. Веројатно и само знае од плажа и слично која е разлика меѓу машки и женски.
Леле уште боди позитивити се умеша. Не е дали биле убави или неубави цицките, не гледам поента на вакви порно емисии на национална телевизија. Експлицитни се сцените, макар и да нема ништо драматично како во турска серија. Сите сме голи и пред партнери и коа се бањаме у реду е да. Ама си има место и време на покажување и учење за голотија. Ваљда и сами бирате пред кого сте голи пред кого не.