И ја сум видела голи тела и сум возрасна магарица па пак ми е одвратна емисијата, повеќе ради концептот. Прочитав за што се работи и толку ми требаше. Не е ова емисија да се покажеме оти нѐ има дебели, слаби, со цицки и без цицки туку сосем друго.
Ништо помалку од насилствата во америчките серии и филмови, шо нема ни врска со темава. Па за ретарди и е снимано ова, тие и ќе го гледаат. Нема Реин цензура, видено-земено е работата Од овие кутии наместо кеш друго добиваш
Некои работи се за опционални канали, канали што стримаат што се доплаќаат и така. Колку и да се приватни пак на доста гледана телевизија во 11 сатот тоа не е во ред. Голи вести, вакви врсти на шоу, не се за во 11 часот, па дали и на програмот. А секако дека треба да се пази на тоа што гледаат децата, но како некој што израснал со ТВ знам како е, и сум гледал сам ТВ после полноќ од 7-8 години и не би го дозволил тоа на мое дете денес хипотетички. Квалитетот на програмот по телевизииве ќе биде само полош колку губат релевантност. Ќе се потепаат за кој да се продадени души пошто е медиум кој изумира. Ретардиран е груб збор со обзир на стигмата на зборот и тонот со кој се користи зборот, но ретардирани се 99% од програмирањето. Мислам дека не е голема вест ниту нешто ново.
Ова јас не знам да вртам не па децава. Се се сведува на тоа колку ние самите контролираме што конзумираат нашите деца. Дали со таблет/мобилен/далечинско седат и вртат гледаат што сакаат или само содржина веќе филтрирана од наша страна.
Буквално е вака. Само полесно е да се префрли вина на друг секогаш: Не е до мене де, детето гледа тоа што има на телевизија или сите тоа гледаат/играат зарем моево покусо ќе биде. И вакви оправдувања има на тони за се и сешто.
Мене ќерка ми ми ја покажа функцијата на 4 години. И точно е тоа за контролата, ама баш не мора вакво срање на тацна да им се сервира. До задутре и деца шо нема да го видат на национална тв, ќе го видат кај другарче на мобилен во школо. Јер, хеј, во мк се прикажува. Ќе научат тоа што ќе научат, јас овде кревам раце, ме мрзи да објаснувам веќе,
Немам ништо против турски серии ама да не се синхро. И немам против оваа емисија. Не иде во 2 на ручек, туку во 11 навечер кога секое дете треба да спие. А возрасен знае да смени канал.
Да. Затоа што содржината која се дава не е прикладна за деца, а со тоа што се сихронизирани децата сакале не сакале слушаат и разбираат и да не гледаат доволно само да се во соба.
Деца као деца, ако сакаат ќе гледаат,ќе се снајдат. Поентата е шо пораката е одвратна и понижувачка, и најмногу ќе влијае на тинејџери, кога уште поима немаат за врски и секс. И утре нормално ќе им биде на младите да им праќаат слики на симпатии по месинџери, да им бараат слики, па може и да се натпреваруваат со врсниците кој боље такво или таква има. Или па ќе се пунат со комплекси оти некоја си таму на тв одбила дечко оти му фаќал на лево, или па некоја добила корпа оти десната цицка и била пониска,и дека никој нема да сака да биде со нив. Оти да не се правиме на Тошо, се што гледаме на ТВ, со време се нормализира. Овакви нешта не знам како им текнуват, па уште дозвола за снимање, па еве и продажба у странство дури достигнале. Шо не снимаат емисија за анатомија, репродуктивни органи, па колку сакаат голи нека бидат. Барем ќе научиме сите нешто. И после по другине теми ќе кажуваме прикаски децата денес емпатија немале, немале допир со реалниот свет, интернетот негативно влијаел, а браниме емисија со волку деградирачка порака. Тоа што се голи е скоро никаков проблем, без разлика на тоа што тоа и беше поентата на темава.
Па доволно е деца да се во соба за возрасните да НЕ гледаат турски серии пред деца. Темава со децата дали гледале е утка скроз, децата секако ќе видат, ако не на тв, на друго место. Мене проблемот со емисијава, а воедно и турските серии ми е што воопшто вкусот и квалитетот на тоа што се сервира е подолу од 0, изгубени се сите граници на нешто корисно да се гледа и нешто од кое немаш никаква придобивка да го гледаш. Буквално се што се прикажува е како не треба, една работа не е информативна или како треба. Само тежок шунд и кич.
Јас укуцав на јутјуб да видам за што се работи. Една од девојките го исплази јазикот и покажа дека го оперирала, поделен беше на два дела, нешто во смисла за подобар орален било тоа. Девојката беше со тетоважи и пирсови. Пирсови на гради, на уста, под носот еден голем пирс, косата во некои чудни бои, зелено со црно. Сите беа чудни. И како за млади луѓе, доста запуштени во телата. На 27, 33, 35 има луѓе што се фит.
Добро вие што викате што бара дете во 23ч пред телевизор или да се кодира емисијата сфаќате дека никој не прашува за сопственото дете како да ја избегне емисијата? Ова шоу е одвратно и деградирачко и не треба да се прикажува во време кога сепак има шанси дете да не спие сеуште. Помеѓу 23ч и 01ч има разлика. Ете моето дете спие во 23ч, ама некое друго не. Има и такви родители што ова би го гледале со своето дете од 5 години, од каде знаеме?! Исто како што знаеме дека деца на 5 години имаат ТикТок профили. Уствари најдобро е и воопшто да не се прикажува. Би било интересно шоу кога сите би имале облека на себе. Всушност, уште подобро, кога кандидатите би ги проценување по нивниот карактер, а не по физичкиот изглед.
Доколку сакате п*рничи и такви работи гледајте ги на интернет. Вакви глупости не треба да се емитуваат на национална телевизија.
Дете кое е на претшколска и школска возраст нема причина да е будно во 11. За негов психомоторен развој не е ок да е будно толку доцна. Како тоа дете ке порасне во здрава личност? Ова шоу не треба воопшто да се снима. Од повеќе причини. Не е голотијата проблем. И облечени да се и да бираат партнери во емисија е дегутантно. Ама, кога има гледаност, многу нормално дека ке се снима. Да немало математика ке го прекинеле по првата сезона. Исто како задруга и останати бљувотини.