Многу е одвратна пораката што ни ја пренесува. Според ова, целата вредност на човекот е според изгледот на половиот орган. Не се проблем голите тела, колку што е пораката на самото реалити шоу. Кога толку сакале да има голотиња на тв, можело да има сексуална едукација... многу луѓе се уште не знаат дека од различно место мочаш, а од различно место правиш деца... Проблемот не е што деца го гледаат ова, секакви срања постојат и на интернет, проблемот би настанал доколку ова и слични срања како ова се нормализираат. Доколку ова го прифатиме како нормално сега, ќе им направи многу штета на помладите генерации... целите врски и дејтања ќе ги базираат врз половиот орган, а не врз самата личност на човекот. Едно посрано шоу нема да направи разлика, но доколку ова се нормализира и тоа како ќе оштетуваат млади личности кои се уште се оформуваат.
Работата е што живеењето во материјален свет ги диктира и таканаречените „вредности„ кои ќе се пласираат во етерот, а е плод на комерцијализацијата која има за цел да ги отупи умовите на луѓето и да ги стави во школка, а да го претстави тоа како модел на подражавање-модел кој треба да се имитира...со вакви влијанија врз умовите на луѓето, а особено врз неоформените млади личности се врши контрола и наметнување на извитоперена перцепција чија единствена цел е да се убие созревањето и развивањето на колку толку повисоката свест кај луѓето...штом се забележи тоа, таквиот напредок им пречи на оние кои ги трупаат богатствата па така сакаат да те сосечат во корен...оваа медиумска дегенерација е карактеристична насекаде но, особено во земји во транзиција и развој па бидејќи оние земји кои веќе минале низ тој етапен процес на каква така еволуција ако воопшто може да се каже еволуција знаат како би реагирале и затоа почнуваат да ти внесуваат во земјата секакви срања како отворање на продавници наменети за граѓани од понизок ред или втора сорта што кај другиве се со значително понизок квалитет па ајде да ги труеме овие што не виделе ни вакви производи...Па уште кога ќе го пуштат тоа тајмерот демек се одбројуваат последни секунди, минути во спротивно производите веќе се продадени или попустот се укинува па трчајте сите, купувајте ко да иде апокалипса,,,сите реклами што ги гледате колку често и настојчиво ви се предлагаат како нешто што ако не го купите ќе пропуштите исклучителна шанса, се маркетиншки трикови за остварување на што поголем профит...за ефектот да е позасилен производите ќе ги рекламираат девојки со привлечен физички изглед или харизматични ликови со коишто се поистоветувате или ги гледате како идоли за да ве убедат дека ви е потребно да го имате тоа што го нудат, а штом вашите идоли тоа го препорачуваат, како е можно тие да не знаат што е добро нели? Некому и навистина ќе му се најде некој производ кој му е потребен и нема да обрати внимание на сето ова ама намерите зад камерите се сосема поинакви и меркантилни, разработени како резултат на проучување на психата и опипување на пулсот на народот какви му се претпочитањата...Јас малку ја проширив темава ама се е поврзано...Кога имаш нула етичка интелигенција дури и да поседуваш надмоќна интелигенција сепак си само ѓубре штом ја злоупотребуваш за свои себични цели и хранење на егото и комплексот на самопрогласен Бог...работата не е некого да изманипулираш и да го понижиш со ваква дегенерација туку ако си толку паметен за измами, оној условно речено „помалиот„ треба да го натераш да се чувствува голем колку тебе, а не да го будалееш...Можат да ти речат: па тие го сакаат тоа..Им го даваме само тоа што го сакаат...Па нормално дека луѓето ќе го сакаат тоа што ќе им го сервираш...Сервирај им нешто друго, ќе го засакаат и тоа, а не срања...Нека си има се, Не треба човек да се изолира ама да не доминираат да речеме нон стоп реклами за брзи кредити и оние аветине со мобилни како мантра што перат мозоци земи ова земи она добиваш тоа плус..го отекуваат до плафон...се тоа па тоа...нека има се за сечиј вкус ама нека не доминира сето ова за сметка на да речеме култура и било какви поинтересни теми за личносно надградување, работа над себе, ментална обнова, користење на технологијата за добро и соѕидателни дејствија со запазена етика при создавањето на сето тоа, вклучително и вештачката интелигенција...Бар јас така размислувам и не мора никој да се согласи со ова.Затоа човек треба да се информира за се во време на лажни информации и манипулации, а манипулација се препознава ако било каква изјава која има за цел да ве испровоцира или да ве шокира ви се сервира од страна на соговорникот или медиумот или кој и да е.Така ќе ја препознаете.
И за ова ли зборете некои дека е ок што се емитува на тв? Немам коментар, од толку шо сакате да се правите либерални, одвратни сте
Е да такви ќе го гледаат па после нас жените ќе не доживуваат и третираат како ходајуча вагина. Строга забрана за јавно емитување на вакви емисии на тв што има дозвола за емитување програма низ цела Македонија. Сакаме да напредуваме а вакви и ваквимити шоуа (бљувотини ) не туркаат само назад.
Темата почна со мислење во 11.00 часот кога гледаат деца, имало некоја емисија на тв. До пред некоја страна јас мислев се мисли на пладне, тоа навечер било. Не, во 23.00 часот не гледаат и не треба да гледаат било што деца. А ако се сака да се дискутира колку светот е отиден во ѓавола треба нова тема. Оти децата им се секако секој ден на тацна секакви глупости во моментот кога ќе го фатат телефонот од мама и тато.
Значи полошо е тоа што децата заспивале во 11 отколку ова што се дава на тв? Ок, разбравме. Тоа е проблемот, што има деца што касно заспиват. Ова што секој ден ни го пласираат на тв, почнувајќи од филмови па до вакви бљувоштини не е воопшто проблем. И после ќе се чудеме кај отиде светот
Сеедно дали рано или касно заспива едно дете ние филтрираме(или треба да филтрираме) што гледаат нашите деца. Во моментот кога ќе седнат со таблет или телефон во еден ќош имаат пристап до секакво срање, сеедно дали се вакви содржини, насилство итн.
Леле што ми текна. Кога бев мал, на некоја од телевизиите се емитуваше една шпанска серија наречена ни помалку, ни повеќе Спонзоруши Потоа мислам дека го сменија името во Спонзорџики, или нешто така. Ама серијата, си се емитуваше до крај без никаков проблем, 200 и кусур епизоди, ако не и повеќе. Се емитуваше во 10 навечер ако не се лажам, ама репризите си беа лабаво во 3 попладне и ние трчавме после школо дома тоа да гледаме.
Е имаат, ама има и апликации со кои можеш да следиш и провериш што гледаат. Ако како родител гледаш сомнителни активности од страна на детето преземаш акција. Разговараш и му објаснуваш со зборови разбирливи за мозочето и развојот во кој е, што е и како е со нештата што ги видело, а се потенцијално опасни за младата и ранлива детска психа. Тоа е одговорно родителство, а не како повеќето стај му таблет или моб. во рака и терај со размислување дека децата сами ќе си се гледале и воспитувале.
Мене не ми е проблем за децата, они не ги гледат нашите канали. Ниту ние не ги гледаме баш поради тоа што нема ништо корисно во голем дел од нив. Проблемот е што на национална тв се даваат голи машки и женски полови органи без цензура и се оценуваат и избираат според убавина. Бљак
Не е проблем само тоа "што ни гледаат децата". Имаше таква реакција на Фб и тоа е во воведот на темава ама не е само до децата проблемот. Да, дете треба да спие во 23 часот, но и дете и возрасен, што ќе извлече како поука од оваа емисија? Да, има емисии што се од забавен карактер, без никаква поука, само да ти помине времето, ама ова? Прво, општо телевизииве ни нудат глупости, што ние гледаме? Епа затоа сме дебилен народ (има исклучоци што не ни гледаме тв или ако гледаме, тоа се странски тв канали, каде има нешто саглам). Второ, низ доста голем број денешни реклами, видеа што се нашле на социјални мрежи, филмови, музички спотови, жената е претставена како објект. Уште ваква емисија фалеше за тоа да го утврди. Неверства на секој чекор, манијаци на секој чекор, силувачи... Не е ниту жената само вагина, ниту мажот само пенис, луѓе сме со душа, од крв и месо. Ама толку е се' сведено на површност, човештвово почна да уназадува умствено и интелектуално. Тешко на нас.
Епа ете глеаш као тоа негативно влијае на децата, еве ја одма би се дала за sugar daddy, или mammy, небитно. Само да не морам sugar да давам, if you know what I mean. Поздрав.
Токму така. Еве јас никогаш не би седнала во 23.00 да ја гледам емисијава, не би седнало ниту дете само во 23.00 да шкрапа на далечинското и да “налета” на нејзе. Затоа проблемот ми е далеку подлабок од 23.00часот. Затоа реков е една цела нова тематика колку е се отидено во бестрага, проблем многу подлабок од шлакнативе во 23.00. Оти не треба да е акцентот дека деца во 23.00 би го виделе тоа. Погрешните вредности и искривените слики кои се пласираат секојдневно а се достапни 24.00на ден се вистинскиот проблем.
После оваа емисија ќе се зголеми бројот на силувачи,манијаци и педофили. Чисто да знаете не се само децата во опасност.
Мене од поодамна ме загрижуваат детските “игрици” каде од време на време некоја пила, секира, палка стапува во акција. Баш поради фактот дека се е достапно а голем дел од родителите не филтрираат и проверуваат што “игра” детето на право пладне. И после насилство… Имавме еден сличен пример во градинка со едно детенце.
Не се проблемот само децата, иако темата е така отворена со наратив ама децата. Потоа продолжува по објаснувањето за децата што е главната поента. А таа е несоодветноста на ваква емисија која прикажувајќи голотија и избор на партнер врз основа на изглед на интимни делови од тело ја девалвира личноста. Како луѓе не сме само форма или нешто изразено во бројка/големина туку сме живи битија со сопствена енергија и душа. Тоа се подзаборава или ако не се подзаборава и се памти се девалвира. Токму така, ама тука е родителот да контролира и реагира кога станува збор за децата во врска со ваквите шоуа. Преку ваквите емисии и мн.др. бљувотини (Задруги и не знам ти што веќе има) само се подотвара вратата кон влез во свет со погрешни вредности.
Да, нели? И јас многу одговори добив со реализацијава. Иначе мене нешто што највеќе ме нервира кај нашиов народ е што додека некој не исхистериша вака на фб, на никој не му текнува да размисли што се емитува по цел ден кај нас на телевизиите.
Да се сложувам. Имам размислувано и за играчките во форма на пластични пиштоли и др.алати кои подоцна некои од децата кога ќе пораснат ќе сакаат да ги побараат во вистинска форма, не сфаќајќи ја опасноста од нив. Сосема е јасно дека нас штркот не не донел, ама не можеш пак на 4 годишно дете тоа да му кажуваш. А емисијава е можеби од забавен карактер но привлекува многу опасни влијанија, па ако некој е доволно штрактнат во главата ова ќе му е џекпот. И не може дете во 23 часот да легнува оти сега иде лето,децава на распуст ќе бидат, иако не верувам дека ќе гледаат тв повеќето се на телефонот, и тука ќе го видат. И преголемата контрола што да гледаат не секогаш е ефективна. За жал, да се бара укинување на вакви работи е невозможно бидејќи на некои поединци им е нормално.
На Телеком имате видеотека со теветека и кога саката, во кој дел од денот сакате може да си гледате програма што ја емитувале претходно, наназад една недела, а вие сте ја пропуштале. Дете само, четвртоо, петто одделение слободно може да си ја пушти, терминот не прави разлика.