Скандалозно!!! ,,Гола привлечност" на Канал 5

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од cresa-jagoda, 14 мај 2023.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    34.922
    Пол:
    Женски
    Сите што пишувате дека нашиве телевизии даваат глупости и затоа гледате странски телевизии , само да ви кажам странска е емисијава не е наша и ја има и по странски телевизии. Па сите што пишувате дека манијачење ќе се зголемело, па ходајуќи вагини ќе биле жените, па дека деца ќе виделе па ќе станеле не знам што сте ја гледале ли емисијава? Или така чувте голотија и ајт сега одма ќе напаѓаме. Конкретно во емисијата која јас ја имам изгледано неколку пати од почеток до крај од љупобитност кажувам дека да има бирање по физички игзлед и се на тацна. Ама на крај ги снимаат тие што така отишле на состанок и заклучокот е дека таквата физичка привлечнпост нема врска со љубов, со теми за разговор и слично. Пораката е обратна од онаа што вие тука ја кажувате баш зашто не сте ја гледале емисијата до крај. Инаку освен експлицитна голотија нема ништо друго (ни пипкање, ни бацување ништо).
    Па вие му облековте бре гаќи на Прометеј во жена парк со лажно морализирање и ги решивте ли проблемите во општевствово? Не сте ми некогаш јасни со вашите „пуритански“ сфаќања. Во време во кое девојчиња шетаат по град со се на изволте (12, 13 годишни деца) и кога во проадвници (пример Зара) се продаваат кроп топ маички за истите тие 8-годишни деца. И кога истите тие 8 годишни деца можат да гледаат турски серии, да гледаат глупости на Тик-Токм и се останато тоа нема врска. цВо време кога поголемиот дел гледаат глупави турски серии и кога мајките на девојчињата им стваат кармин на 8 години за сликање и слично (за да изгледаат поубаво) тоа нема врска, тоа не е објективизирање на жена. Се се прави зо дозвола на родители. Ама аууу една емисија на телевизија ќе ви направи разлика.

    Знаете ли дека телевизија не гледаат ни 18 годишни деца, висат на таблети и мобилни, а не па овие од 8 години. Телевизијата е медиум за постари во моментов секаде во свет.

    Знаете ли вие колку насилни содржини може да гледаат деца на Youtube, да не зборувам за глупостите на Tik-Tok.

    За деца родителот треба да го има првиот и последниот збор што и кога и колку ќе гледа детето. Не е лесно во денешно време, ама главната одговорност е на родителот. Не на наставничката, не на телевизорот, не на Youtube туку на родителот. Крај.

    А за возрасни секој сам нека бира што ќе гледа.

    Корените на глупоста во ова општество ич ама ич не се од телевизија. Од општо ниско ниво на секаква писменост се. Последни сме на ПИСА по читање со разбирање, логика во математика и користење на податоци во природни науки. Имаме ниска медиумска писменост (не разбираме што е квалитетна вест, што е вест која е глупост ама ќе натера некого да ја потвори и да и верува на истата), имаме ниска финансиска писменост (појма немаме од работа со пари). Да не зборувам за сексуална култура и слично. А кон сексуална култура па имаме толку голем отпор што оставаме децата да се образуваат од улица зашто аууу ако имаат во школо разговор за тоа сите одма геј ќе станат. Нема да се научат што и како функционира, нема да се научатѕ како да се заштитат себе си од несакани последици, нема да се научат на толеранција. Одма геј ќе станат. И само тоа ќе учат. И ништо друго. Поарно нека учат религија. Ама не филозофија на религија и односи на религија туку по можност мрзење на сите други различни од нас. И нема потреба да им развиваме дебата, критичко мислење и слично.
    Ама од друга страна за да се одмориме може да им се тутне таблет или телефон па нека прават што сакаат. Зашто додека родителоит одмора глупостите што детето ќе ги види не се бројат. Тие се множат со нула. Само она што се прикажува околу полноќ на телевизија ќе ни ги расипе децата.
     
    На Adidas888, Orchidea, butterfly6223 и 12 други им се допаѓа ова.
  2. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.210
    Пол:
    Машки
    А сеќавате ли на Џери Спрингер шоу одеше на МТВ и тоа во 19 часот.
     
    На butterfly6223, NoirSerpentine, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.619
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Абе не дека и порано немаше порничи, па да се праиме дека е новотарија.
    Ова е будалаштина само по себе, лоша порака испраќа пред се. А и не само за деца, и мене не ми е ок да пушам тв да се опуштам и оп кур искача.
    Ептен у крајност е отидено
     
    На VDT2906, MeowMeow, Калатеа и 9 други им се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.414
    Допаѓања:
    120.580
    Пол:
    Женски
    Е за ова тастатурата да ти се позлати!!
     
    На sj *O* и JoyJoy им се допаѓа ова.
  5. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.931
    Пол:
    Женски
    @JoyJoy
    Добро разбравме. Не гледаш турски серии, но си ја изгледала оваа емисија неколку пати и гледаш порака и тоа позитивна. Вауу..

    Никаква врска нема ова што го изнапиша.

    Според тебе треба да ја прифатиме емисијава затоа што ништо друго не чини во нашето опшество, па сега за една емисија сме се фатиле.

    Па ние што негативно ја коментираме емисијата исто така не прифаќаме кармини на деца, кроп топови, ТикТок, Јутуб и таму се што си изнапишала.

    Како така сфати дека се ни е супер и само емисијата не ни чини, ете не знам.

    Темата е за емисијата конкретно.
     
    На Mrs. right, Gosh, MeowMeow и 5 други им се допаѓа ова.
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.663
    Допаѓања:
    39.922
    Пол:
    Женски
    Значи нема други начини на кои може да се прати порака дека не е се во физичкиот изглед туку мора да се прикажуваат голи цицки,курови и путки со извинение на изразите. Болна работа
     
    На Gosh, MyMala и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.735
    Допаѓања:
    129.079
    Пол:
    Женски
    Денес е реткост дете постаро од 5 години да заспива пред 23 часот.
    Но, поентата е дека не само деца, туку и возрасни не треба да гледаат вакво нешто. Промовира бирање партнер според физички критериум што е погрешно бидејќи луѓето не се предмети.
    Подобро би било да даваат некаква едукативна емисија, па нека е за секс и интима. Глупи постови на форумов покажуваат дека е потребно.
     
    На VDT2906, Mrs. right, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    20.538
    Пол:
    Женски
    Абе реков јас, секој со нивото :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.731
    Пол:
    Женски
    Јас лично не зборам за тв програми, зборам за содржина која можеш да ја одбереш, филм, серија, документарец, небитно, и да си ја пуштиш, а не да гледаш што даваат на тв. На било кој програм.
    Знаеме дека ова е британско тв шоу, ама не значи дека поради тоа мора да биде нешто паметно. Глупоста е универзална.
    И дали поради што ситуацијата е таква треба сега све да се дозволи да се емитува, секоја глупоштина зашто ете, е и свашта има по интернетот? Дали е тоа дозвола да се тргне секоја граница?

    Мене не ми е толку за децата, како што рече и ти, на нив им е све достапно, на поголемите бар, родителот носи тука одговорност, колку за повозрасните кои дремат на тв зошто немаат друг избор. Они ќе го гледаат ова сра*е, покрај сите други сра*а, а они се и баби и дедовци.

    Изгледав на јутјуб пола епизода, покринџ нешто не знам, еве.
     
    На MeowMeow, Angie1432, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.801
    Допаѓања:
    80.549
    Пол:
    Женски
    Точно. Ама ние што пишавме дека гледаме странски телевизии, не значи дека гледаме емисии и безвезни серии на тие телевизии па да речеш исто е. Не е, оти на тие странски телевизии гледаме документарни филмови, гледаме емисии каде темата е за животни, за планетата, за историја, за народи и култура, за природни богатства итн. На наши тв канали тоа го нема.
    Јас лично, не. Доволно ми е што прочитав описи од тие што ја гледале. Макар што и планирав да побарам на нет, само немам време сега. А и кога ќе видам за што точно станува збор, демек ќе почнам да оправдувам?
    Многу работи не чинат, емисијава е само дел од нив. Не прави разлика, само додава на глупоста.
    Широк е коренот на глупоста, телевизијата и медиуми воопшто може не се главен проблем, што не значи дека не се дел од проблемот. Знаеме дека дете растејќи учи од она што го гледа и слуша околу него, вклучувајќи ја тука телевизијата. Ако не гледаш проблем во емисијава, седни со дете заедно гледај ја па види после што тоа ќе научи од гледаното.
     
    На MeowMeow и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  11. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.931
    Пол:
    Женски
    Офтопик ама трагично е дури колку млади сексуално активни немаат појма како се забременува, ни плодни денови знаат, ни сексуална заштита.

    Повеќе би рекла дека сексуално образование треба да се воведе во образованието.

    Јас бев основно во 90тите години и уште тогаш имавме секција по сексуално образование која јас лично ја посетував на 13 години.
    Прекрасна беше секцијата и сите заинтересирано ја следеа. Учевме за интимните делови, за репродуктивен систем, за сексуална заштита, преносливи болести, се буквално и меѓудругото читавме наводно вистински приказни за девојки кои забремениле на 15 години и како после тоа им се променил животот.
    Не знам дали сеуште постои како секција ама дефинитивно треба да биде задолжителна во образованието.

    ***
    Не очекувам на Канал 5 образовна програма, ама ова ми е еднакво на Задруга, Велики брат и сличните на нив.
     
    На sj *O*, Lotus Girl, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.516
    Допаѓања:
    288.604
    Јас сум искрено шокирана доколку е ова вистина.
     
    На buba4e89, cresa-jagoda, minne992 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.663
    Допаѓања:
    39.922
    Пол:
    Женски
    Има деца во мое опкружување што заспиваат на полноќ. И тоа мали деца по 2 год.
     
    На Aнонимус_ и nextredstyle им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.881
    Допаѓања:
    186.608
    Физичка привлечност? :^) Физичка привлечност се базира на половиот орган дали ти се свиѓа, тоа сакаш да кажеш?
    Немам намера да трошам ни време на сурфање ни на гледање вакво нешто, многу е просто, станува збор за первертирана објективизација. Може има заклучок кој ти го гледаш, можеби заклучокот ти е правилен, ама скоро па сум сигурна дека утре тинејџер од ова, нема да го извади истиот заклучок, туку нешто сосем обратно - ајде сите со половите органи на маса. Не дека не се случува веќе, цела тема ,,јавна соба,, ја заборавате, ама секогаш може повеќе и појако, go for it(y). Не дека не се деси и секс кампот, ама за тоа штама, тоа модерно, едукативно, ин.
    Или што, сексуална или финансиска писменост ќе стекнат преку содржината? :smirk:

    И уште нешто. Можам јас да контролирам и едуцирам свое дете колку сакам (дете од 3 до 23) ама ако живее во општество кајшто други се од ланец пуштени, го ебавме ежот.
     
    Последна измена: 16 мај 2023
    На Gosh, MeowMeow, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.735
    Допаѓања:
    129.079
    Пол:
    Женски
    Па, е. Има што заспиваат подоцно.
    Родителите не се замараат.
     
  16. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.159
    Немам ништо против вакви содржини. До душа каде и да се завртиш од сите страни излегуваат секакви содржини на нетот и не постои можност да се забранат тие содржини.

    Секаде во светот се гледаат, да да, баш како што вика и девојчето од Северна Кореја која ја следам на Јутуб дека и таму оние побогатите си имаат пристап до порно и секаква содржина што ја нуди западот.

    Изгледа само мене ми се чини дека најгледани клипови се баш тие каде има голотија , нешто пукање, садо мазо , баш таму кај што се повеќе соблечени таму летаат кликови на сите социјални мрежи, љубопитни очи на сите страни, па тоа музички клипови со тресење цицки, со лапање јазици НА ОЛКАВИ , па текстови на песни од секаков карактер ......ма баш секаков, од пцуење, па се до стенкање

    Значи мора да се помириме дека на нетот постојат секакви содржини и СЕКОЈ може да гледа што сака.

    Јас во мојот живот до сега немам сретнато личност што нема слшнато за Миа Калифа , си споделуваат линкови не само возрасни, туку и малолетни деца.

    Оние кои се родители им останува да имаат отворен муабет со нивните деца и да им укажуваат на битни вистински вредности.


    Јас немам деца, не сум компетентна да зборувам за деца, па останува да се вратам на темава за голава привлечност и да си пуштам една епизода :D , до душа и маж ми нема ништо против, вчера му пуштив на Јутуб, му велам се расправаат на фемина форум за една гола емисија, да ти пуштам да видиш и он самиот вика, па нема ништо лошо у тоа , кој што сака нека гледа.


    Се додека не му правам на никој штета, не го вреѓам и омаловажувам во јавност, не го вреѓам на никаква основа, не го тепам , не го малтретирам ......слободно можам да си гледам секакви емисии и да го пуштам мозокот на пасење.
     
    На sj *O* и JoyJoy им се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    А зошто наместо постојано да избегаваме емисии и канали, да не смислат поквалитетна и попривлечна програма?

    Многу ретко гледам тв (зошто полесно ми е да симнам филм/серија по мој вкус), ама знам понекогаш да загледам филм на hbo, fox, rtl, или документарец на national geography, bbc earth, viasat history, итн. Кога и на нашиве канали би имало нешто асално, можеби некогаш и би погледала.
     
    На Gosh, MeowMeow, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    34.922
    Пол:
    Женски
    @Maca Macka не реков дека е позитивна или негативна пораката. Туку дека е различна од тоа што вие без да ја гледате емисијава носите заклучоци.

    @Biljarkata не е само половите органи. Го коментираат целото тело. Коментираат и усни и коса и цицки и газови и тетоважи. Баш се од телото. И на крај пак заклучокот е тој. Физичката привлечнмост нема врска со ништо. И пак ќе кажам не е за деца серијата. Од искуство исто ти кажувам тинејџер нема да пушти телевизор. Друга генерација се, поинаку растат и нив веќе телевизија не им е медиум. Стриминг платформите им се медиум. Се што има на Youtube, Netflix, HBOMax, DisneyPlus и слични им е медиум. А таму има Squid Game и Hunger Games и милион други содржини што е далеку пострашно и со порака и со содржина од голо тело. Ах да и тинејџер би требало да знае како игледа голо тело. И би требало да знае што е вистинска љубов, а што привлечнност базирана на изглед на тело. Тинејџер би требало да знае и кондом да намести на полов орган и да знае се за сексуални болести и да знае и за несакана бременост и за заштита и од болести и од бременост. Кај нив тоа е всушност и најбитно во воспитувањето. Тинејџерот секако ќе види голи тела. Ќе купи еротско списание и ќе се мастурбира на сликите или ќе пушти порно филм или еротика некоја. Нормална појава е тоа. Побогу така и осознаваат за себе и си ги запознаваат телата. И не може нит треба да се спречи тоа.

    @Bitter-Sweet на дете нема да му ја пуштам емисијава зашто не е за деца. Колку пати треба да се каже дека емисијата не е за деца. Деца не би требало да ја гледаат. Деца не би смеело ништо апсолутно ништо да гледаат без дозвола и контрола на родители. Ама баш ништо. А и да видат нешто што не би смеело родиотелот е потоа должен да му објасни на детето што е тоа што видело. Инаку голи тела може да се видат и на јавни плажи (топлес горно и танга долно кај жени на пример). Деца го гледаат и комшијата или таткото со гол стомак како прави скара и слично. И со тоа треба да се менаџира. Не е само една емисија. За деца на телевизија постојат канали со прилагодени содржини. Ете МТВ во КОВИД воведе специјален канал за деца и уште постои. Се вратија емисии како ЗОки Поки, Дајте Музика има нови епизоди. Имаат децата опции за гледање воопшто нема потреба да гледаат содржини што не се наменети за нив. Инаку јас гледам нешто македонски телевизии, освен филмови ако начекам нешто. Во главно не гледам нешто многу телевизија и ако гледам гледам претежно докуметарци. Уз пеглање гледам РТЛ заради Штребери и налетав неколку пати на оваа емисија. Ја гледав точно три пати за да видам што е концептот и во однос на тоа колку е глупа или добра мене ми е на исто ниво со турските серии (кои сум ги начекувала да ги гледаат моите баби). Истата бљувотина е. Само турците промовираат објективизирање на жена, семејно насилство од секаков вид, а оваа серија не. Само е експлицитна. И ајде еве што никој бре не се буни за Гранд продукција и Бугарски певаљки по телевизии. Истото ниво на бљувотина е. Само плус со силикони и потполно неприроден изглед. Ама тие имаат прслуче па не се гледаат пупките. Еве стварно во што е разликата меѓу Балкански шунд, турски глупоштии и Англиска емисија за бирање партнер?

    @nextredstyle, @forumce греота за децата ако заспиваат на полноќ. Навистина греота. Не е ни битно што гледаат самиот факт што се будни кога не треба да бидат е греота.

    @MissChievous колку пари толку музика. Парите го вртат светот, а ние сме многу мала земја. Финансиски е тешо исплатливо да се продуцира квалитетна содржина зашто немаме доволно луѓе што би ја гледале. Е имаме обиди де. Еве за деца има Дајте Музика која тера неколку сезони веќе, имаше едно ново продолжение Зоки Поки. Има Преспав. Документарци ние никогаш не сме ни снимале. И тоа е уште понеисплатливо да се сними имајќе предвид дека има достапни документарци со превод на различни канали.
     
    На sj *O*, DELFINA81, Herrera и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.881
    Допаѓања:
    186.608
    Не збориме за голи тела, анатомски, а ваљда ни целта на шоуто не е час по анатомија.
    А кога зборам за деца, зборам и за тие од 3 и за тие од 23, јер кога созрева мозокот уствари?

    Телото, дел по дел, нема врска со физичка привлечност.Допадливост, можеби, ко што гледаме со промовирање на вакви и такви носеви, усни, цицки, мускули. Ама не е тоа физичка привлечност и не може да биде.
    А тинејџер дека знае што е вистинска љубов а што физичка привлечност, утре сабајле:D. Полн е форумов со приказни кајшто дечкото ги брои како рецки, кајшто на мажот не му се кревал откако се породила, кајшто секој секого лаже и изневерува, оти концептот на вистинска љубов е разбран. Уште емисијава фалеше да го дообјасни.

    Другите програмски определби на различните медиуми и медиумски простори не ги коментирам, оти не се предмет на темава.
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    34.922
    Пол:
    Женски
    @Biljarkata стварно 3 и 23 е исто? За да ти одговора за развој на мозок треба да објаснувам неврологија и невропсихологија и цел ферман што не е дел од темава. Ама стварно не е исто 3 и 23. На 3 не знаеш дека имаш делови на тело, на 23 веќе знаеш се и можеш и да имаш и сопствени деца. Дај молим те.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.