Не е исто, кај реков дека е исто? Само си ја објаснив мојата дефиниција за деца, врз база на фактот дека префронтален кортекс се развива до средина на 20 ти. Што значи, твојата перцепција на нештата не е иста со некој 20 годишник, уште помалку со 12 годишник. Или содржините на кои си изложен влијаат на твоето градење перцепција, ставови и поимање на светот, до одредена возраст, вклучително и адолесценција. Ете толку едноставно. За мозокот збориме, не за половиот орган.
Дојдов само да кажам дека не ве можам значи со пренемагањето, АмА јАс Не ГлЕдАм МаЌеДоНсКи Тв КаНаЛи, пу тоа е какано, јас ли да си ја потценувам сопствената интелигенција со македонски канали кои емитуваат политика и турски серии, па ќе си пуштам амерички и англиски срања, па ќе се едуцирам ко човек како се станува психопат бре Вришти темава од двојни аршини, сето она кое е неморално и неетички со мерак го гледате на странски канали и интернет платформи, ама важно не гледате турски серии во Маќедонија Онтопик на темава:Не сум за емисии од ваков карактер, за мој вкус ова е бљувотина, без разлика дали ќе го гледам на странски, дали на македонски канал, не ми прави разлика За жал, децата одамна се испуштени од контрола, буквално еден од илјада родител контролира што му гледа детето на глупавиот Тикток и какви погубни игрици плеска на џојстик, какви слики прикачува на инстаграм и слично, ама не, важно контролираат да не гледале дома турска серија снаата кај што им бакнува рака на родителите на мажот Се на се, многу е погубен 21 век со "новото нормално" за човек да расте дете, и многу сум среќна што барем тој стрес го немам во животот моментално
ОК во недоглед можеме вака да се оправаме. Апстрактно мислење се јавува кај 14 години (пред тоа децата с ена ниво на конкретно мислење). Сексуален идентитет се развива до кај 13 години (знам што сум и какви односи сакам), во просек околу 20 години се луѓето подготвени за први сериозни врски. Емотивна зрелост се развива скоро цел живот (и во „зрелост“). Моралниот развој исто така трае и некој не ги ни достигнува послендите нивоа (на скалата на Колберг). А тоа со мозокот ако сакаш научниците сеуште дебатираат до кога се развива пре-фронталниот кортекс и дали развојот на мозокот воопшто некогаш запира. Тек сме на почеток на испитување на функцијата на мозокот. Така што 23 исто не ти е точна бројка. Тек ќе осознаваме што и како функционира и што со што е поврзано. Мозокот добро го проучуваме во последните 50 години (со нпаредок на технологија од типот ехо, различни типови скенирања и слично). Пред тоа само на умрени луѓе и на лекарски грешки се учело. Така што ти кажав релативизираш. Човечкиот развој е многу посложен од она што вака тука се претставува. И целава фама околу емисијава ама ич не е поврзана со човечкито развој туку со лажниот морал на тие што ја скандализираат емисијата.
Дали озбилно пишувате реферати колку е супер серијава? Trashy е најдобар опис, нема никакво подлабоко значење.
Јас не гледам македоски канали освен ако нема нешто да ми задржи внимание ептен. Турски серии гледам на турски зашто си разбирам јазик. И да, на даљинско прво кликам Амазон Приме, Нетфликс, Дизни+, Скај/Шоутајм, ХБО или симињам од Торенти, гледам документарни канали, него ли да уклучам на канал 5 или Сител и да слушам како стенкаат синхронизираните.
https://www.tvpaket.com.mk/dvojni-arsini-na-gledacite-reakcii-za-novoto-show-na-kanal5/ да си барате авторски права. И после ќе рече некој форумов бил небитен, никој не го чита.
Ova be so da se pravi ovie skroz otisle so umot i posle zadruga sledno e ova ama zatoa ginat deca od vozovi na tik tok
Изгледав дел, една девојка отфрли еден дечко зошто му биле малку мали јајцата. Која е таа порака и животна филозофија која треба ја извлечам од таа епизода?
Статијава niđe veze. Не знам зошто ми го смешале коментарот со реакции на гледачи кога јасно стои напишано дека од форумот се информирав. Јас не сум гледач на телевизиите кои веројатно го спонзорираат нивниот сајт, читале ама не разбрале. btw што е со странава, целата е реклама за сите можни турски серии...
Не е пренамагање едноставно не знам што е толку тешко да се поверува дека има луѓе што не гледаат македонски програми на пример јас. Што ќе гледам турските серии ? Сигурно нема при здрав разум да одберам да гледам турски серии или политички програми. Немој многу да осудуваш "амерички срања како да се стане психопат"? Колку само добри едукативни документарци и нормални серии има на тие програми. А не на мкд ќе пуштам да гледам општење вриштење и простачки турски серии.
Пуштив една епизода да видам точно за што станува збор, да не биде коментирам на невидено. Не ја изгледав цела, доволно за да кажам дека емисијава е очај. Коментираат полови органи и бираат еден најдобар маж/најдобра жена, според тоа како изгледа неговото/нејзиното тело, за да излезат на состанок. Интимни делови да покажеш на сите, на цела јавност, која малоумност е тоа. Нема цензура, за некои што прашуваа. Ова не е ни забавно за гледање, загреота е. Откако ја видов емисијава, еве поблага сум за тоа што пишав дека жените ќе се гледаат како објекти, во други случаи, на други места тоа е понагласено отколку во оваа емисија. Не е емисијава страшна дека ќе предизвика некакви девијации, туку е страшно проста. И очигледно за прост народ не' сметаат па дојдоа до тоа дереџе да ја емитуваат.