Ај што сакам и некој од тие ултра-богатите чичиња, теткици, политичари / јавни личности да ги зачешлаат така убаво.... Само да не се заврши како со оној другиот, што се самоуби, Епштајн...
Баш пред малце го догледав целото видео кај што адвокатот Безби заедно со неговите соработници, сподели дека за овие 10 дена им се јавиле околу 3000 луѓе што биле малтретирани од страна на П Диди. Од тие 3000, ги разгледале доказите, медицинските картони за повредите, сликите и видеата. Така да не е баш дека секој што ќе каже дека бил силуван ќе го земат како клиент. Исто и тие имаат ограничени ресурси за да земат многу клиенти во исто време. Јас само се надевам дека не сите адвокати, судии, обвинители се покварени и можат да се подмитат и дека ќе се расплетка се до крај. Најмалата жртва од овие 120 била 9 години тогаш. Има и 15 годишни, 22 годишни, 25 годишни. Машки и женски. Ако е точно тоа што го зборуваат, дека децата кои се ставени во безбедни куќи или во детски домови и тргнати од родителите уствари ги продаваат тие што ги раководат тие здруженија, па луѓе јас не знам во каков свет живеам. Како може толку крвнички да се однесуваш кон било кој, а не пак дете. Не се луѓе, полоши од животни се.
Секако дека ќе заврши така. Секако дека луѓето се полоши од животни, ниедна друга животински вид нема тенденција да го напаѓа и злоставува својот вид. Таков ти е човечкиот свет, заебан. Во причините зошто е до ова дереџе дојдено,да не навлегуваме, предмет на сто други теми е.
Е Бијонсе ме потсети на Гризелда од Cocaine Godmother ако го имаш гледано филмот. Таа имаше таква моќ и убиваше секој што и пречи нејзе.
Го чуваат во самица , зашто постои опасност за самоубиство. Изгледав многу видеа поврзани со пидиди. Уште пред неколку месеци се појавија видеа за него , дека ќе биде уапсен . За Бијонсе, Џеј Зи исто дека се вмешани за смртта на Алија. Колку се изнаплакав за нејзе , тоа чудо . Алија беше многу млада кога загина . На 22 години . Една од теориите е дека Бијонсе е поврзана со нејзиното загинување, дека Алија била голема конкуренција на Бијонсе. Дека Џеј Зи сакал да биде со Алија, ама она се одлучила за Дајмонд Деш кој заедно со Џеј Зи бил во ко-соственик со Џеј Зи , па затоа се и теоријата дека загинувањето е фактички да се тргне Алија од тронот за да дојде Бијонсе и да биде Queen ... Многу видеа има за нив , за Тупак, Биги...ама се се повеќе теории . Кој знае што е вистината
Еминем имал песна за ова, Fuel се вика. Got so many SAs (sexual assaults)... и плус rapper, и вели дека му фали P - значи raper... што од 'рапер' зборот се прави во 'силувач'. Толку многу знаеле што се случува, ама никој не кажувал... ваљда од страв да не бидат убиени, не знам.
Не е само страв, треба и доказ, што дека ќе каже рекла-казала муабети. Во нивни кругови кој знае што сè кружи, кој е геј, кој е силувател, кој со кого спие, кој е насилен, кој се дрогира, со што се дрогира... едно е некого да го бие одреден глас, друго е да има кривична, тужба, законски да се превземат мерки, ко сеа што прават.
Музичката индустрија е многу јака , сите се поврзани еден со друг , полицијата исто , ги штити . Парите имаат голема улога . Се подмитува се и секој . Пидиди уште на времето со Џеј Ло требаше да лежи 15 години затвор , ама доби 3 годишна условна казна . После она се раздели од него , ама лош збор нема кажано за него . She knows.. Аферата на Џеј Зи, која на мистериозен начин почина , пред или после две недели кога Бијонсе објави дека е бремена ( најверојатно имале сурогат мајка која го износела детето ) . Бременоста беше извадена во јавноста за да се тргне фокусот за аферата. Ким Портер, бившата на Пидиди, умира од воспаление на белите дробови, иако наводно млада и здрава . Пред да ги објави мемоарите за нејзиниот живот со Пидиди. Колку жртви , колку мртви носат на душа ..
Да не ја заборавиме Wendi Williams водителката кога само што кажа дека Бијонсе е љубоморна на Адел, одма наеднаш ја снема, демек деменција и слично. Видете ова.. https://vm.tiktok.com/ZMhhrh9A5/ https://vm.tiktok.com/ZMhhrnLUH/
Стварно тогаш никој не помислил да ги чита првите букви, многу е очигледно кога налупала олку рандом зборови или па ја правеле будала ко Кање Вест што го правеа.
Ова можеби било пишано под влијание на лекови или ѝ било досадно. Не е тајна дека Сиа има проблеми со менталното и физичкото здравје.
ХАХАХАХАХАХАХХА ваква глупост уште немав видено. Во било која реченица можеш да најдеш скриени зборови, а овде вака рандом се заокружувани не се ни по ред. Гарантирам дека сега и во моево мислење има еден куп скриени зборчиња.
Само кофа со вода да нема у ќелија. Детали за oбвинението против раперот Пи Диди: Најмладата жртва имала девет години, адвокатски услуги побарале 3280 луѓе - Бриф (brif.mk)
Не сум баш во тек со најновите информации. Сеуште само п диди е уапсен? Овие останатите гнасотилоци дома се?
Смеј се ти, иди читни оти ја има бивша бубњарка тужено оти и правела магии и и ја убила мачката, или оти она и маж и подведувале и користеле луѓе од улица као робови, и што уште не... Али све е одбиено, оти луди се де... А тоа што врши вуду ритуали и се претставува како висока вуду свештеничка по спотови и концерти, немит везе...