Скандал во кочанската болница–заменети бебиња на две родилки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ana-banana, 19 октомври 2011.

  1. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Семејството од Пехчево било шокирано кога сфатиле дека дома донеле машко бебе иако само 24 часа претходно се радувале на раѓањето на нивната прва ќерка. Од болницата потврдуваат дека направиле грешка,која за среќа брзо ќе се исправи бидејќи бебињата биле од различен пол, па лесно се утврдила замената. Среќна околност било и тоа што во кочанската болница изминативе денови, освен бебињата што се заменети се родиле само уште две – близначиња.

    [​IMG]

    Скандал во кочанската болница. Заменети бебиња од две родилки. Среќа што бебињата биле од различен пол. 30 - годишната родилка од Пехчево пред три дена родила ќерка, а дома во Пехчево си однела машко бебе. Родителите во шок и неверување, кога го расповиле бебето.

    „Ние си го баравме бројчето од бебето, ама сестрата викаше дека ни го дала, знаеш како е прво бебе. Кога дома го расповивме видовме различни бројки на пелените“, вели таткото Алексадар од Пехчево.

    На родителите ова им е прва дете. Тие случајот го пријавиле во полиција, а согласно прописите, денес ќе биде направена и ДНК анализа.

    „Што ќе се случеше да однесев друго женско бебе дома. Не можам да замислам. Ова нека биде поука на сите мајки, но и за персоналот да не чекаат само да им заврши смената туку да си ја одработат како што треба“, вели таткото Александар.

    Во кочанската болница, во моментот кога е направена замената на бебињата имало само четири новороденчиња. Две близначиња и едно машко и женско новороденче. Од болницата велат дека грешката на дежурната акушерка е од небрежност и таа ќе биде санкционирана.

    „Не е целата болница виновна за ова, сестрата ќе биде санкционирана“, вели д-р Фонзи Јуриков, раководител на гинекологија и акушерство во болницата во Кочани.

    Двете родилки вчера доеле туѓи деца. Женското новороденче е во прегратката на мајката во болницата во Кочани, додека родилката која родила машко новороденче со царски рез не знае дека нејзиниот син вчера се прошетал до Пехчево.

    Таткото Александар емотивно вели дека по грешка на персоналот, двете новороденчиња по мајчиното млеко се веќе брат и сестра.

    Даниела Такева
    19.10.2011, 14:57


    Превземено од канал5 телевизија
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.992
    Допаѓања:
    154.223
    :D
    Е добро де,се случува низ цел свет.Некои дури и никогаш не дознаваат,па имаат фина живеачка,некои на посвојување ги даваат,други родители ги гледаат.Многу пострашни работи се случуваат у нашиве болници,па сега и ова,по светски тренд!Туку ајде ова нека се случува,нека не умираат луѓено по лекарска грешка,а тие лекари никогаш не се санкционирани.
    Туку го замислив таткото како ја изјавува последната реченица. :wasntme:
     
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.455
    Пол:
    Женски
    Ова не смее да се случува, сега изгегло добро ама може и трагично да биде.
    Не дај Боже човек да го осети ова на своја кожа, нема да му биде смешно.
     
    На IvanaIvanchica, lolyta777, maca99 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.992
    Допаѓања:
    154.223
    Добро,да,стварно не е смешно,мислам фала богу...ама изјавава на татково дава комична завршница на случајов,не можеш,а да не се насмееш кога веќе знаеш дека бебињава ќе си бидат со своите родители.
    Колку параноја ќе се јави сега,масовно правење на днк! :D
    Најлошо сценарио во вакви случаи е ризикот од инцест без да знаат еден ден ако се сретнат некаде БИОЛОШКИ (а не по млеко) брат и сестра и се деси нешто непосакувано.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.563
    Пол:
    Женски
    Да биле двете девојчиња немало ни да знаат дека го земале погрешното бебе. Пак имале среќа.
     
  6. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Точно дека се случуваат и пострашни работи, ама сега да не си во кожата и на едните и на другите родители. Тоа е голем стрес. Плус ја отворив темата да ги видам коментарите на останатите, од причина што пред пола саат ми се јави братучетка која за 2 недели треба да се породи и беше целата испаничена (живее во Кочани) и по никоја цена не сака да се породи сега во болницата во Кочани. Без разлика дали е во прашање ваква случка, дали грешка при операција или друга лекарска грешка, секој кој е затечен во ситуацијава претрпува преголем стрес.
     
  7. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    Ова навистина е страшно ! и за жал вистинито ! ами бројки немале на рацете јас нонстоп ги гледав бројките !
     
    На lolyta777 и Bibko им се допаѓа ова.
  8. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Сеуште неможам да поверувам што прочитав, како можело вакво нешто да се случи?
    Искрено жалам што болницата не излезе прва со извештај за приликите кои довеле до оваа за малку катастрофална грешка. Треба да си ја превземат одговорноста и да им платат оштета на семејствата за претрпен стрес.
    ПС: а ова другово семејсто се израдувало што девојче им дале па си ќутеле ?
     
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Грешка? Море една клоца би и забила на таа сестрата. Колку се немарни одвај чекаат да се ослободат од децата и родилките. Кога работиш акушерство или во детска болница треба да имаш срце полно со љубов а не да си намќор кој одвај чека смената да му заврши. Како може да не ги проверуваат бројчињата?
    Ова за мене не е никаква шала, од 4 деца заменети се две.
    А замислете во Скопје во државна болница кога просечно има и над 50 деца за 2 дена што може да се случува. Ова е срам и мене ич не ми е смешно.
    Смешно ли е да дознам дека некоја гуска пример пред 25 години ме смешала само зашто ја мрзело да види еден број на раката? Има вакви случаи ама жалосни се.
    Едно генерално чистење низ болнициве ни треба.
    Сепак и родители треба да си внимаваат, го доела и гледала неколку дена и сега не го препознала? Верувам дека една мајка после неколку погледи веднаш си го знае детето.
     
    На ♡BuBaLe♡, IvanaIvanchica, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  10. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    На канал 5 кажаа дека мајката е уште во болница (подолго останала дека е со царски рез породена) и дека си го дои детето (секако повиено) и незнаела за настаната грешка.
    Исто кажаа дека бебињата имале бројчиња а како после сестрата ги заменила или што ли направила, само таа си знае.
     
  11. mamaHana

    mamaHana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    31
    имам син од 7 месеци и од кога прочитав сеуште неможам да се смирам.Си мислам како им е на родителиве.Страшно...само не ми е јасно дали кога се породиле боопшто не ги виделе своите деца пошто сим ми кога го родив го видов и да ми донесеа друго моето си го знаев како изгледа...нормално нај убаво беше.Леле а да се роделе некои пеесетина деца една година ке им треба да ги најдат кое чиво е...ццц луда работа.По болнициве мислат кој со кого да се испое*е на работа,не се замараат многу многу.
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.992
    Допаѓања:
    154.223
    Нема шанси да не си го познаеш детето.
    И на мајка ми и се случило истото,затоа ми е смешно.Па дури и таа сега се смее,вика како може да не си го познаеш бебето,па го доиш,го гледаш,го допираш,не се сите бебиња исти,а плус како го однеле од болница без да ги видат бројчињата и да дозволат да ги убеди сестрата дека им го дала.Па без двете бројчиња не смеат да си заминат,ама знаеш како е,прво бебе.А друго е што воопшто не си го расповиле детето пред да го однесат дома.А обично тоа го прават пред родителите во нивни алишта,па да си го однесат дома.Туку толку внимавале и тие.
     
  13. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    До некаде може и родителите не биле внимателни па се случило ова, но може нешто од возбуда, може којзнае од што (тие си знаат) дозволиле сестрата да ги излаже. А мајката на бебето инсистирала да го види бројчето, нејзе и било сомнително изгледа. Забележале дома кога го виделе дека е машко, а изгледа сестрата им го дала облечено па затоа и не виделе во болницата. Онаа другата мајка која е уште во болница е породена со царски рез па може пред тоа и не го видела своето дете за да може да ја препознае грешката.
    Дали сестрата тоа го сторила од невнимание, или којзнае од која причина таа треба да биде казнета.
    Од друга страна мајките не се виновни, бидејќи еве мајка ми кога ме родила јас сум имала проблеми со дишењето и сум била во инкубатор, а таа при породувањето се онесвестила и ме видела мене после 3 дена.
     
  14. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    243
    Како одма не приметиле каде им биле очите и паметот :fubar:
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.337
    Можеби е глупа грешка на сестрите од болницата ама катастрофална за мајката. Еве јас сум мајка, абе уште кога го родив веднаш го земав во рацете и таа слика не се заборава. Таа мала фацичка и тие нозе и рачиња (гледам дали се сите на број :) ) мислам дека ќе ја паметам додека сум жива.
    А од друга страна пак, веднаш на рака ти ставаат бројче кое е исто и на мајката и на бебето.
    Кога се породив и веднаш не ми дојде млекото туку после 3 дена па освен што му давав храна што ми ја спремаа сестрите и една др мајка во собата му даваше да цица кога плачеше многу бебушот. Таа имаше исто така синче и тие не се браќа :D смешна изјава на таткото која ќе ја препишам на неговата неинформираност или возбуда. Браќа по крв јас знам а за др. НЕ :$
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Страшно!
    Баш имаше тука на фемина пред неколку дена една таква приказна кога после 12 години дознале дека им ги помешале бебињата.

    И на мајка ми вака и направиле кога ме родила. Ми вика јас те чекам да те донесат и ја гледам сетрата ми носи бебе со црно косиче а ти беше бела бела најбела од сите. :)

    Не знам стварно толку ли се слепи тоа сестрите(?!). Не постојат ли санкции во болниците,за друг пат ако треба и по 100 пати да ги проверуваат бројчињата.

    Само казна им е мајката! :!:
     
  17. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    А таа мајка толку не приметила дека тоа не е нејзиното дете? Па сигурно тој ден прв пат не го гледа! Кај малите бебиња што се вели еден грам да е полесно или потешко ќе се познае! И со мајка ми се случило така за доење и донеле друго бебе и мајка ми вели дека уште кога го видела и зела во раце знаела дека не е нејзиното дете.

    Голема грешка е направено и голема неодговорност од страна на одговорното лице и би требало добро да се казни!
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    И на мајка ми по грешка и подале друго дете и тоа само ден-два по породувањето, и нормално си го познала детето, јас бело па и со црвено косиче, а другото било црно со многу црна коса! :lol: Мајка ми вика јас се тргнав како од шуга а не од дете, но секогаш инстиктот на мајката и кажува.
    Како и да е, вистински скандал, не ми се верува дека ова се случува, секоја мајка и дете си имааат посебна алка со ист број, до толку неписмени се или пак дефинитвно careless до немај каде |( :doh:
    Уа за македоскиот здравствен систем, и за голем дел од нашите лекари и сестри :Down:
     
  19. maja0

    maja0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    А сега мајката ли е виновна што не си го познала бебето? Јас мислам дека побитен е фактот дека она што се случило воопшто не смее да се случи друг пат. Грешката што ја направиле сестрите не се простува, а она со мајката е сосема друга работа, бидејќи повеќе треба да се оценува професионалноста на кадарот што работи, а не постапките на семејството, кога и како и да реагирале.
     
  20. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Сличен случај но даелку пострашен се случи во В. Британија, добро што кај нас на време се приметило, кај англискиот случај по 12 години утврдиле дека е направена замена, :o најстрашното што одвојувањето на децата од мајката која ги израснала е многу тешко како и самото привикнување на биолошката, тоа било хорор за децата, башка едното било воспитано по муслимански обичаи а фактички потекнува од христијанско, а другото по христијански а биолошкото семејство се муслимани, замисли каква е тоа промена и шок за децата и мајките. :|


    За вакви работи треба пазење и контрола, човек греши но треба да има огромна контрола пред да се дадат на мајките, а не да остават една дежурна акушерка, треба повеќе и плус дежурен педијатар.