Скандал во кочанската болница–заменети бебиња на две родилки

Discussion in 'Општи дискусии' started by ana-banana, Oct 19, 2011.

  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Joined:
    Jan 31, 2011
    Messages:
    2,107
    Likes Received:
    1,642
    Ситуацијава е трагична и можеби ако биле двете од ист пол никогаш не ќе дознаеле, ама тоа не треба да значи дека персоналот не треба да внимава. Ова не смее да се случува ни во Кочани, ни нигде!
    Да, сестрата заслужува сакнција, несовесно си ја врши работата!
    А последната реченица на таткото не е смешна, туку точна. Децата се брат и сестра, родителите се побратими!
     
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Joined:
    Sep 19, 2010
    Messages:
    1,818
    Likes Received:
    1,692
    Среќа што се открило на време!
    А колку ли случаи остануваат неоткриени.мислите ова е единствена грешка.
    Никој не се замара бре,па дури ни оние кои треба да ја имаат најблагородната и човечка професија.
    И затоа си пати обичниот човек.
    Ау да си немаш работа со сестра! Искуство имам еден тон и секаде истата приказна.Мислат дека белата униформа што ја носат ги прави дури и појаки од Господ.Уфилмани до бескрај.Секоја чест за исклучоците кои ги имам сретнато 2 до три пати во живот.
    Ај да не ја напаѓам сестрата пошто не ја знам целата приказна.Јас на нашите т.н. новинарчиња на им верувам многу т.е. ич!
    Битно е да одговара одговорниот за таква катастрофална грешка,која пак велам-среќа што се откри навреме.
     
  3. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Joined:
    Feb 23, 2011
    Messages:
    792
    Likes Received:
    297
    ццц офф бре уште што нема да прочитам...сестрава одма треба да лети од работа,а во врска со коментарот на таткото точен е...мајка ми доела едно дете кое се родило ден после мене и многу се повзаа со неговите родители и кога подраснавме прво што ми беше речено е дека треба да го гледам како брат демек не смеем да се заљубам во него од исто млеко сме биле доени...
     
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Joined:
    Jan 12, 2010
    Messages:
    4,177
    Likes Received:
    13,285
    Ве читам и испаѓа дека ретко на која мајка по втор пат и го донеле истото (нејзиното родено) дете :D
    Само сте имале среќа што мајките ве познале, сигурно има и други заменети бебиња и после ќе биде крив комшијата на правдина што детето не личи на никој од фамилијата :lol:
     
    Miss-Independent likes this.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Joined:
    Nov 26, 2010
    Messages:
    2,952
    Likes Received:
    1,752
    бог да чува и да брани(смајли што се крсти)
    немозам да поверувам што не има по нашиве болници, а од друга страна не ме ни чуди
    за сестрата за спомен и долго секавање ОТКАЗ па да види дали ке и се повтори ваква грешка
    за обични нешта треба да се внимава, а за замена за бебиња да не зборуваме
     
  6. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Joined:
    Sep 12, 2010
    Messages:
    149
    Likes Received:
    134
    По толку грешки што прочитав до сега па и да се замисли човек кои му се родители, кои ги препознале заменети бебиња кои не ;)
    Навистина страшно. А не ми е јасно зошто воопшто и ги одделуваат бебињата од мајките после пороѓај? Секаде во светот бебињата си се во соба заедно со мајките освен ако се на интензивна нега.
    А коментарот од таткото :fubar:
    Па низ светот секаде има банки за мајцино млеко, жени се одмолзуваат и го донираат тоа млеко во банките (во болниците) и тоа млеко е искористено за да се ранат порано родени и болни бебиња. Па кој знае колку брака и сестри шетаат наоколу па и во иднина инцести ке има :x
     
  7. inimini

    inimini Истакнат член

    Joined:
    Aug 20, 2011
    Messages:
    215
    Likes Received:
    72
    Само замена на бебинја ли е не е луге мои не е само тоа по болнициве еве го и мојот слуцај пред 13 години ја родив керка ми првиот ден уопсте не ми ја донесоа а вториот кога ги прашав што е со детето каде е таа сестра ненормална ми се развика чекај малку да ги однесам другите бебинја по 5 минути се врати и ми рече што сакаш што бараш кога и реков дека сакам да знам каде ми е детото она ми рече само бог да чува од такви како вас но не застанавме тука Она мислеше дека сум ја од оние (муслиманките) па и реков јас сум мори исто како и ти имам наше име, православна сум. Малку се замисли она си одесе по патот но засрека јас можев да се движам одма па така да одев по неа и отидов во канцеларијата на главниот на оделот кога му кажав сто ми се случува рече дојди со мене, кога влеговме кај инкубаторите една сестра друга се развика па ние ли да ти кажеме дека треба да доагаш да го доиш бебето овде кај нас. Така беше до 2000 година се одеше таму ако детето е родено до 2500 а сега само до 2 кг родени деца се ставаат во инкубатор. Господинот не и остана должен па и се сврте и рече да не вика многу и да си го смени понашањето малку. Одев таму секој момент малата напредуваше супер иако не ја доев многу поради температурата што ја добив од нервоза. Ми дозволи главниот да носам храна за бебиња и така купував. Два дена пред да излезам дојде педијатарот и ми рече да бидам срекна што не е оштетено детето 100 посто ја не се шекнав него добив спој во мене му викам дали си ти уопште нормален бре дали знаеш што збориш. Мојата мала ја снимале без да знам за да не ми кажат невистини па прво да бидат сигурни сакале,
    Поради прејака доза на кислород во инкубаторот добила оштетување на главниот нерв за говор и рамнотежа И сто се случува излегов од болница но никогаш непомислив да ги тужам затоа што господ им пресуди брзо после мене се случило уште нешто najverojatno сто тие двајца веке неработат таму.
    Мојата керка сега има мал проблем со говорот иде на подобро а со моторика е супер иако ја водат дете со посебни потреби.
     
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    3,997
    Likes Received:
    2,353
    Многу непријатна ситуација, но мислам и дека премногу врева се крена.Ударна вест на секоја телевизија два дена по ред :^)
    Ова е грешка и вина на самата акушерка според мене, а како што забележавме и често се случува.И мене не ми е јасно како не препознале дека не е нивно бебето, ама ајде.

    А што е најтрагично смешната изјава на таткото дека станале брат и сестра, омилена им е на спикерите по телевизии :fubar:
     
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Joined:
    Jan 12, 2011
    Messages:
    2,337
    Likes Received:
    6,908
    Gender:
    Female
    Кога се породив мене и на ќерка ми ни ставија алки со исти бројчиња, плус и на пелените во кои беше повивана со маркер го имаше запишано истото бројче. Кога ќе ми ја донесеа во соба (фати жолтица и не беше со мене во соба) и покрај тоа што веќе и ја знаев фацичката и си ја препознавав (тие крупни очи и ден денес ми се во сеќавање) нешто внатрешно ме тераше да го проверувам и бројчето, на памет го знаев...не знам зошто, никој претходно не ми зборувал дека му се случила замена, така си проверував....затоа и ми е чудно како мајката не знаела дека друго дете носи дома.

    Некој имаше коментирано зошто децата не се во иста соба со мајките?....Бебињата СЕ со мајките, ама еве како во нашиот случај, малата имаше жолтица и не беше со мене, ја носеа некаде (не знам каде во болницата точно) на зрачење и ми ја носеа 3 пати во текот на денот по еден час.
    Друго, имаше прашање-како не виделе при преповивање дека детето не е нивно. Имено, пред нас да не испуштат од болница, мм донесе торбица со алишта за бебето и за мене за излегување. Јас бев во една просторија со др. мајки да се пресоблечеме, а бебињата во др. просторија. Сестрата ги преповиваше и немавме пристап во таа соба. Фактички само не` викнаа, ни го дадоа бебето во нашата облека, значи веќе облечено и не пуштија. Но, алките си беа со нас на рацете, јас уште ги чувам, дома ми се.

    Дека сестрата е крива, крива е, нејзина работа е да внимава кому му го носи бебето, нас не проверуваа сестрите цело време....треба да си ја вршат работата, за тоа се платени, ама и мајката, како бе не си го препознала бебето....чудно ми е, чудно.
     
  10. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Joined:
    Jan 27, 2011
    Messages:
    1,277
    Likes Received:
    751
    Gender:
    Female
    http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=3 ... ntId=81684

    ...Мајката денес за Канал 5 ја раскажа својата голгота, сомневањата дека во прегратките држи туѓо дете и за апелите што никој не сакал да ги слушне.

    -Јас цело време викав не е ова моето дете, жените од собата ми велеа не е можно да ти е заменето, не зборувај глупости, денес е 21-ви век. И јас се помирив,мислев...сите бебиња си личат, вели родилката од Пехчево.

    Таа сепак излезе со обвинување за непрофесионалниот однос на дежурната сестра...
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    13,854
    Likes Received:
    80,913
    Gender:
    Female
    Персоналот треба да внимава што прави, мајка ми ми има кажано дека и мене ме замениле со некое друго бебе но за среќа таа препознала дека бебето што и го дале не сум јас. За таков пропуст, ако јас би се прашувала, би доделила најстрога казна!