Скандал со учебниците за 5то одд

Дискусија во 'Образование' започната од OzzyAngel, 12 август 2010.

  1. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.208
    Во новите учебници за 5то одделение како значајни личности за мак култура се спомнати Нора Шакири, Тони Михајловски и Ферус Мустафоф! А, каде се Блаже Конески или Тодор Скаловски??
     
    На elka.timova му/ѝ се допаѓа ова.
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.333
    Пол:
    Женски
    Кој се тие ? ;)

    Слушнав на вести и можам да кажам само : КАТАСТРОФА
     
    На elka.timova и MadeinHeaven им се допаѓа ова.
  3. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    2.461
    :o КАТАСТРОФА! Незнам зашто за Боки 13ка не се пишува исто и за онаа Биг Мама?!!?! Таман по клуч!

    Не ова е катастрофа, и секој се трга од огдоворност, овој министер не бил стручен за тоа па неможел да коментира?!„?!?!ПА зошто е министер, кој ги потпишува и одобрува учебницитеа ? Има ли некаква контрола? А тој претходниот пак бил љубовџија :D барем така го пишуваше во весник :lol: , А тој пред пред него пак имаше учебници со чудни историски факти и јас незнам...стварно , што генерации ќе изчезат со вакво образование :sweat:
     
  4. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    227
    ц ц ц ц...немам коментар,па кај и да е може и некој странец што не ни слушнал некогаш за Македонија ќе испадне важен за македонската култура...немам коментар
     
  5. monika19

    monika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    aman bre samo za ova se zboruva .. lee navistina lugjeto nemaat popametna rabota .. vie site sto komentirate ako sme tolku "pametni" napisete podobar ucebnik i posle zboruvajte ae brkajte nekoja rabota ..... spored mene avtorite ne se krivi, sekoj si ima pravo da napise ucebnik, ima greski da ama kolku ucebnici do sega imale greski pa nisto strasno ... trewalo tie sto go pregreduvale ucebnikot da ne go prifatat i sega se ke bese vo red ... vo makedonija ima tolku polosi raboti a site za eden ucebnik zboruvaat pa lugje ne e kraj na svet aman veke so ovoj ucebnik!
     
  6. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.036
    Допаѓања:
    8.561
    Извини ама за мене да крај на свет е. Замисли си дека од тој учебник треба да учат сите петооделенци и сите тие ќе добијат погрешна претстава за вистинските вредности. Иднината на државата е во децата,во младите. Како што велиш во Македонија има далеку полоши работи, но тие се последица на никаквото образование и воспитание кое се добива баш на таа возраст.

    Затоа, според мене и те како се важни учебниците. Мислам дека треба да се одберат навистина кометентни луѓе што ќе ги подготвуваат. Учиме за се и сешто и пак огромен дел од генерациите излегуваат неписмени. Страшно. :x
     
  7. N.E.87

    N.E.87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    11
    Вчера слушнав на вестите,ама затоа што се нерирам кога гледам вести се некој лоши работи кашуваат, не ни дослушав до крај.Ова е голема срамота за нашата држава(како и се друго),го слушнав она за учебниците по физика,па како е тоа можно да дете од основно образование да му предаваа погрешна дефиниција за јони...? :o И утре од нашите деца ќе имаме успешни физичари,математичари,електро и машински инженери?Или ќе произведуваме само правници и економисти и најбитното политичари....Срамота ни е државата....ама ај да не зборам многу многу....
    А да не го коментирам она што го кажа министерот за образование.....жива срамота сме,може слободно цел свет да ни се смее..
     
  8. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    90
    А за што треба да се зборува?Да не се знае кои се значајни личности во македонската култура?Од каде овие горе споменатите се значајни во македонската култура?Со што придонеле да бидат значајни?И како може да не се крева фама околу тоа кога од тие учебници се учи и после многу малку сме знаеле за нашата историја и значајните личности во нашата култура.Па нормално дека нема да знаеме кога секој си зема право да пишува учебник.Образован или не му текнало учебник ќе пишува!И нема секој право да пишува учебник.Си постојат правила и закони кои треба да се почитуваат!Не секој е компетентен за пишување на учебник.Ова е уште еден доказ колку пропусти има во нашето образование!
     
  9. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    62
    Знамето на Р. Македонија е ѕвездата од Кутлеш, болестите се девијантно однесување, а Нора Шакири, Ферус Мустафов и Тони Михајловски се значајни имиња од македонската култура. Катастрофа!

    Последно што слушнав е дека учебникот е повлечен, а во меѓувреме е појави и нов скандал со учебникот по физика! Се прашувам, што ќе се случи ако почнат да си ги читаат законите? :!: :x :@
     
  10. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Немам што да додадам на претходните коментари освен тоа дека сум многу среќна што учев од прекрасни учебници. Букварот за прво одделение од кој научив да читам и пишувам беше толку убава книга, што јас би ја оставила во образовниот процес и не би ја менувала уште 20 години. Нема споредба тој буквар со оној од кој учат моите помали братучеди... катастрофа! Не само петооделенците, туку и сите основци имаат штуро знаење од тие нови учебници.
     
  11. monika19

    monika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Извини ама за мене да крај на свет е. Замисли си дека од тој учебник треба да учат сите петооделенци и сите тие ќе добијат погрешна претстава за вистинските вредности. Иднината на државата е во децата,во младите. Како што велиш во Македонија има далеку полоши работи, но тие се последица на никаквото образование и воспитание кое се добива баш на таа возраст.

    Затоа, според мене и те како се важни учебниците. Мислам дека треба да се одберат навистина кометентни луѓе што ќе ги подготвуваат. Учиме за се и сешто и пак огромен дел од генерациите излегуваат неписмени. Страшно.






    lol ... za tewe toa kraj na svet e ??? haha, ocigledno nemas popametna rabota za dzabe krevas nervoza ovde... pa ako e kraj na svet so velis sega site da se ubieme zatoa so nekoj napravil nekolku greski ???? :D haha... jas ne velam deka ne e strasna rabota, no nemora tolku da se preuvelicuva.. sepak treba da priznaeme ljugeto se pomacile i napravile ucebnik ... ova ne e edinstveniot ucebnik koj ima greski.. neli e taka ? .. sekojdnevno se slucuvaat ubistva, grabezi, ima polno lugje bez rabota, a site zboruvaat za ucebnikot kako toa da e NAJVAZNIOT problem koj dosega se slucil.. vo makedonija ne daj boze nekoj da napise ucebnik bidejki ako zgresis nesto leleee lugjeto se podgotveni da te ubijat.. poz <3 <3 :)
     
  12. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    90
    Па ние овде дискутираме за образованието не за криминалот во земјата!
    Тука во овој сегмент и те какое битно.Но ете ти не ја сфаќаш важноста на тоа,секој си има различни гледишта.
    Ајде сега замисли ти да треба да учиш од тој учебник и?Што ќе знаеш утре дека важни МАКЕДОНСКИ личности се Нора Шаќири оној Ферус или што знам како.....да бе тие ја напишаа граматиката и ги создадоа речникот и правописот :devil:
     
  13. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Има само уште 10 дена до почетокот на учебната година, а петооделенците немаат од што да учат. И сега повторно ќе се препечатуваат, дупли трошоци и сето тоа само затоа што некој неписмен стигнал да направи учебник. Не е точно дека во секој учебник има грешки, а и такви грешки се недозволиви! Нора Шакири и Ферус Мустафов?! Ма дај ти се молам! Жалосно е што денешниве професори и наставници маки мачат со овие учебници. А тие учебникари што го напишале учебникот треба под итно да се проверат каде го завршиле образованието, со кој просек и како стигнале да направат учебник.
     
  14. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.036
    Допаѓања:
    8.561



    Форумот е да искажеш свое мислење кое патем треба да биде конструктивно, а не да се занимаваш со тоа дали јас имам попаметна работа или не.

    Замисли си како ќе биде ако пример јас седнам да пишувам учебник за некоја тема за која немам врска, пример географија и да почнам да си тропам дека Земјата е плоча, дека ја држат китови и што ти уште не. И од тој мој учебник со неколку грешки ќе учат илјадници деца од Македонија и сите тие ќе излезат неписмени и без основни познавања. Запрашај се што би било доколку случајно се направат неколку грешки во учебник по македонски јазик. Или по математика, ќе гледаме комедии како деца од 7-8 одделение ќе ни тврдат дека две јаболка плус две јаболка се 6?
    Не може на тој начин да се игра со образованието,а со тоа и со иднината на цело општество,па после да се чудиме зошто ни се случуваат грабежи,убиства,силувања.Тоа го прават не социјализирани луѓе,а детето се социјализира и преку тие учебници.

    Извини за иронијата ама многу се нервирам кога некој делува незаинтересирано и без конкретно мислење за важни теми. Не можеш за такво нешто да речеш пушти нe се замарај мала работа е.

    П.С. Наредните постови пишувај ги на кирилица , тоа е едно од правилата на форумот. :)
     
  15. monika19

    monika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Форумот е да искажеш свое мислење кое патем треба да биде конструктивно, а не да се занимаваш со тоа дали јас имам попаметна работа или не.

    Замисли си како ќе биде ако пример јас седнам да пишувам учебник за некоја тема за која немам врска, пример географија и да почнам да си тропам дека Земјата е плоча, дека ја држат китови и што ти уште не. И од тој мој учебник со неколку грешки ќе учат илјадници деца од Македонија и сите тие ќе излезат неписмени и без основни познавања. Запрашај се што би било доколку случајно се направат неколку грешки во учебник по македонски јазик. Или по математика, ќе гледаме комедии како деца од 7-8 одделение ќе ни тврдат дека две јаболка плус две јаболка се 6?
    Не може на тој начин да се игра со образованието,а со тоа и со иднината на цело општество,па после да се чудиме зошто ни се случуваат грабежи,убиства,силувања.Тоа го прават не социјализирани луѓе,а детето се социјализира и преку тие учебници.

    Извини за иронијата ама многу се нервирам кога некој делува незаинтересирано и без конкретно мислење за важни теми. Не можеш за такво нешто да речеш пушти нe се замарај мала работа е.

    П.С. Наредните постови пишувај ги на кирилица , тоа е едно од правилата на форумот.




    Da da se soglasuvam so tewe ... forumot e mesto kade sto sekoj trewa da si go iskaze svoeto mislenje i bas zatoa jas si go kazav svoeto,a toa e deka ti navistina nema popametna rabota .. Mnogu e lesno da se kritikuva i da se navreduva nekogo, no jas kako i sekoj covek imam napraveno greski i zatoa mislam deka ne e tolku strasno sto tie eve pogresile kako site drugi .. no me interesira koe e tvoeto resenie.. eve pogresile i sega so pravime m? da gi obesime ili da gi strelame m? nemora we devojce tolku da se nerviras pa i so ironii da mi objasnuvas, pa za se postoi resenie samo ne trewa zaradi toa sto pogresile avtorite da gi navreduvame, po cel den niv da gi kritikuvame i na vesti i po forumi ..lugjeto se slepi kon sopstvenite greski i zatoa sekogas gi gledaat greskite kaj drugite i poradi toa i gi sudat.. i avtorite se lugje pa i tie mozat da zgresat i toa ne gi pravi glupi ili neobrazovani ! :) <3
     
  16. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    15.935
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека преголема прашина се крена околу ова. Јас лично го доживеав како виц... си се насмеав убаво и толку. Ама гледам по вести нон стоп тоа се даваше, ко да е настан на годината.
    Убаво, се увидела грешката... сега нека ја поправат и готово! Не гледам причина за толку нервоза и возбуда. Впрочем тоа и беше цел на опозицијата, само чекаат оваа влада нешто да згреши и одма критики од сите страни. Пфффф
     
  17. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.036
    Допаѓања:
    8.561
    Да не беа вестите и форумите немаше да се рашири за грешката. Учебниците ќе беа пред децата и никому ништо. Затоа друг пат треба да се внимава на кој му се дава одговорност. А, сега да се проба најбрзо што се може да се направи или нов или да оди некоја постара,но квалитетна верзија на учебникот.

    Само ми се чини дека многу лично го сфати муабетов како да имаш некоја врска со луѓе што ги пишувале учебниците. :^) И затоа убаво си кажа луѓето се слепи кон сопствените грешки. :)
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.396
    http://on.net.mk/default-MK.asp?ItemID= ... 7664C486FF

    Значи дотичната Г-ца Нора Шаќири (а се извинувам што е мадамот по професија? :^) ) и Тони Михајловски се најмал проблем во учебникот за 5то одд. Убаво може да се види на линкот погоре какви се будалаштини содржи ова учебно помагало.
    Значи не е крај на свет, според мене - потрагично од ова не може да се случи.
    Прво, авторите веќе си лапнале парички за глупостите кои ги изнаредиле во учебникот (кои ли се авторите, тоа уште не знам, веројатно полуписмени суштества).
    Второ, печатницата исто лапнала парички за печатење.
    Трето, нашиот буџет кој и онака е мал (барем Владата постојано се жали дека е така), се расфрла на вакви кикснати работи, милиони денари фрлени во вода, и пак нема учебник , а за време да не зборуваме - дури уште една недела до почетокот на учебната година.
    Поголем срам од ова не можело да се случи. И да - ТРАГИЧНО Е.
    Па кога веќе немаш способен кадар да ти направи обичен учебник за 11 годишни дечиња - не резили се, земи го стариот и само осовремени го со поубави сликички.
     
  19. monika19

    monika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Да не беа вестите и форумите немаше да се рашири за грешката. Учебниците ќе беа пред децата и никому ништо. Затоа друг пат треба да се внимава на кој му се дава одговорност. А, сега да се проба најбрзо што се може да се направи или нов или да оди некоја постара,но квалитетна верзија на учебникот.

    Само ми се чини дека многу лично го сфати муабетов како да имаш некоја врска со луѓе што ги пишувале учебниците. И затоа убаво си кажа луѓето се слепи кон сопствените грешки.



    Samo si go kazav moeto mislenje,a ti se sprotistavi vednas na moeto mislenje i jas samo si se branev :angel: haha :D i toa ne znaci deka jas imam nekakva vrska so avtorite :D .. eve se pronajde greskata, se pecati nov ucebnik i resen e problemot, nemoze sega po cel den da gi sudime tie sto zgresile i uporno se pogolema prasina da se kreva okolu eden ucebnik.. ako mislis deka e vredna do tolku ovaa tema eve cela vecer ako sakas kritikuvaj gi tie so go napisale i uste 100 pati povtori gi glupostite so gi napisale, toa e sepak ucebnik ne e kraj na svetot zapomni go toa :D .. i uste 100 takvi ucebnici so greski da se napisat pak nema da bide kraj na svetot ... :D:D poz <3
     
  20. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    486
    Значи се запрепастив. :x
    Битно е дека министерот се чувствува одговорен, но не и виновен.
    А кој го одобри учебникот, ако не тој истиот што не се чувствува виновен? :@