1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скандал со учебниците за 5то одд

Дискусија во 'Образование' започната од OzzyAngel, 12 август 2010.

  1. N.E.87

    N.E.87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    12
    И јас :swear:. Изјавата на министерот за оврасовани не Студио 2 беше следна(за учебниците по физика за 7одд.):
    Да има грешки во учебникот,меѓутоа и тие што се жалат дака овој учебник не е доба(се мисли на еден од рецензентите,што несакал да се потпише за учебникот) исто така нуди учебник кој е со грешки.
    Е ова никако не ми оди во глава.Простете господине министре ама ако вие неможете да најдете соодветен кадар да ги напише тие учебници,јас треба да најдам или јас да седнам да го напишам.Како не им е срам,а на крај сите пари што се фрлени во вода ќе треба ние обичнит народ да ги извадиме од џеб и да платеме.А да не зборам за тоа како ја образуваме нашата младина,колку сручен кадар ќе имаме за 10 години......
    И како сево ова не е трагично :@ ,неможам да разберам :o :swear:
     
  2. K-a-t-e

    K-a-t-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    Учебниците очигледно дека се пишувани од наставници кои имаат недоволно години стаж или пак немаат доволно познавања од областа за која треба да пишуваат.Катастрофални грешки за кои ние ќе ги плаќаме последиците бидејќи децата нема да имаат книги до почетокот на учебната година а и зошто препечатувањето го плаќаат граѓаните. Ако учебникот за општество за 5одд. чини 1 милион кој ќе ги надомести тие пари.Лугето кои се одговорни за овие грешки треба да ги вратат хонорарите и министерот да сноси одговорност
     
  3. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    За тие милион денари,знаете колку училишни вециња лежат, а не вакви никакви,да му е гад на човек да оди во wc :puke:
     
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    23.643
  5. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    хаха :D :D :D епа сварно не се нормални министери владава и све општо...Чист хаос -е само тоа ќе кажам :!: ццц :?:
     
  6. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Ова е тотално БЕЗ КОМЕНТАР :x :x :x .
    Среќна сум што учев во едно друго време :) , а сега моето дете треба да оди на училиште и ме фаќа паника од целиот наш образовен систем. :x :x :x
     
  7. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    6.693
    Пол:
    Женски
    Уф...не знам што да искоментирам освен тоа дека и при најмала грешка нашиот народ ќе си гледа сеир и ова ќе се коментира и коментира и коментира.И ќе се обвинува цела можна влада зошто авторот на учебниците згрешил и не знам ти што...
    Ич не ве подржувам сите што велите дека министерот е крив.Што е министерот крив ај објаснете ми? Значи што треба тој да прави? Да земе и да ги чита сите учебници со ред да бара грешки со лупа? Има и попаметна работа да ви кажам искрено.Грешка голема е ДА! Признавам дека е голема грешка сево ова со учебниците што стварно немаат врска личностите кои се набројани за културата ама не мора одма препукувања да вршите и навреди,тие учебници ќе се сменат.Затоа што имаме квалитетна влада која нема да го дозволи сето ова,јас сум сигурна во тоа.Само знаете да обвинувате,овој министер бил таков оној таков,овој љубовџија оној не знам каков.Дали ви се погодува вас бре народе? Ништо не ви се погоди во државава.Се ви е грешно,се е пусто,се е вакво такво.Сите песимисти.Во што се претворивме? И не сакам веќе да коментирам...Знам дека сите ќе се свртат против мене сега..

    ЧАО! :x
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40
    Како прво нас државата ни е КАТАСТРОФА,па после сите други гранки.Образованието си беше океј,ама од преголема желба да си ја покажат силата нашиве политичари и (не)способноста,се настана хаос.Ферус Мустафов и Нора Шаќири?!?! Ферус го знам од свадбите по кои оди и во учебник го ставиле?Па на тие автори треба да им се земе дозволата за работа и дипломата!А која е Нора Шаќири?Јас стварно си прашувам,не ја знам!
    СРАМ!Брат ми треба да биде сега 5 одделение а сестра ми 7мо!Брат ми ќе учи за Ферус и Тони Михајловски...а сестра ми нема да знае што се тоа јони.И така малиот будзет на државата Груевски го троши на споменици.А децата што ќе бидат неписмени?Како што беше спомнато незнам погоре во кој пост,вецињата во школите се опасност за околината.Зар на тоа не му треба обнова?Во оваа држава нема правилни приоритети на државниот врв! :@
     
  9. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Крив е министерот затоашто тој е надлежен за таа работа како што е и надлежен за тие што ги вработува и ги ангажира...Ако тој нема никакви одговорности зошто тогаш би постоел министер за образование или за било што друго?А самата влада е одговорна бидејќи таа ги поставува тие министри и таа си одговара за нив... :)
    И багуфче нема зошто некој да се сврти против тебе ниту пак не го сваќај овој пост дека е против тебе...едноставно си искажуваме наши мислења кои мислиме дека се точни и тоа е тоа :)
    :* за тебе ;)
     
  10. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    6.693
    Пол:
    Женски
    Јас немам намера да се карам.Сакав само да напоменам дека на нас македонците ништо не ни се погодува.Малата катастрофална влада на Груевски,бла бла...Барем направиле колку толку нешто повеќе за Македонија,можеби поставиле казни и строги закони но тоа е така во секоја права европска држава.Ние знаете како сакаме? Да владее безредие,без семафори,пијани возачи,пушење цигари на јавни места,фрлање ѓубре по патот,тепачки...Добро,нека владее сево ова само ние да не даваме пари кога правиме грешки.Гледам претходните влади многу ви се погодиле.Знам дека звучам претерано вмровски,но не е така.Зборувам реално и оптимистички.Затоа што сум патриот кој си ја сака државата.Не сум како некои кои сакаат само да ја киднат негде далеку заборавајќи на потеклото.И да не забегувам веќе офф топик.

    Околу учебниците,тоа Е голема грешка за која е крив авторот.Сите прават грешки,тоа е тоа...Не се родил безгрешен човек како и безгрешен министер.Јас сфаќам дека требало да внимава на какви автори им дава работа.Згрешил човекот и сега што...?
    А дали размислувате за останатите работи кои се воведоа во образованието.Да не беше оваа влада,сега ќе требаше наместо да уживате во последните денови од летото вие да мислите од каде да набавите книги затоа што до пред една година книгите ги купувавме,а сега на готово ни ги даваат.Или пак зошто правиме екстерни тестови? Зошто е задолжително средното образование? Зошто се отвараат повеќе факултети? - Затоа што на Груевски му текнало да расфрла пари или да го зајакне образованието за да има повеќе паметни луѓе со убави работни места.Знаењето е сила. И не коментирам веќе,не сакам едноставно.
    Поздрав.
     
  11. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Вака сега морам да ти појаснам некои работи, добро намерно!
    Министерот си има вработено луѓе што се занимаваат со тоа и земаат дебели плати! Нема да земи тој и да ги чита сите учебници што се напишале! Затоа се вика министер, кој одредува кој и што ќе прави, така функционираат работите во општествата! Како што сите знаеме, тие надлежни за преглед на учебниците, се веќе повлечени од функција и има нови! Затоа не зборувајте на празно, дека е крив Премиерот или државата! криви се тие што ги пишувале учебниците и тие што ги подмитиле службениците да дадат согласност!
    поздрав! и во иднина гледај те ги работите од сите страни, а не само “не ни чини државата!“ учам право и знам како функционираат некои работи!
     
  12. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    а за ова имам друго да кажам!!! Зошто секаде споменувате дека ќе прават споменици??? Па луѓе бре, си има државната власт гранки! Меѓу кои стои Министерство за култура!!!! Таа гранка си има сопствен буџет! Со тој буџет си гради споменици и ја претставува државата! кога идат туристи сакаат да видат нешто, нема тие да одат во училиште и да гледаат како е таму! Туризмот носи профит! затоа се вложува и во тоа! А образованието си има друг буџет со кој располага и го засега само мак народ, а не туристите! како што не може да се мешаат заедно туристи и ученици, така не може ни споменикот со училиштето!
     
  13. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    па и јас учам право,поточно политичи науки и сепак ќе кажам дека е крив министерот...да човек прави грешки не викам дека не но има разлика од грешка до грешка :!: Како прво да тие службеници потплатени вакви такви направиле што направиле, меѓутоа и тие се дел од тоа министерство а со тоа и од таа влада така да владата ги направила тие грешки
    Како второ службениците можат да донесат одлуки но за нив треба да побараат одобрение од министерот а не од мајка им дома...И тие автори не паднале од небо некој ги избрал нив,дали службеници дали министерот исто ти е,тој ја сноси нивната одговорност ,никој друг...
    И да,не сум партиски определена ,нит сум за вмро нит за сдсм нит за некој трет,кој и да дојде на власт не гледа на општото добро,туку на своето лично добро...Дури мојот брат е вработен во оваа наша влада а и моите планови се да се вработам таму и не викам дека јас ќе бидам нешто подобра од другите, сигурно и јас за себе ќе си гледам...ама треба да се соочиме со фактот дека е така дека ништо не функционира ко што треба ;)
     
  14. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Ама како очекувате да работат тие службеници кога се подплатени до други да прават спротивно на тоа што треба?? Владата ги избрала, од кај знаела дека тие ќе подпаднат под влијание на парите од некој друг?? ете тоа што беше до неа го направи-ги избрка нив, донесе други! И ти некој ден кога ќе работиш таму, некој ќе те вработи, тој не може да знае како ти ќе ја извршуваш должноста, ако згрешиш ќе бидеш отстранета! тоа е се! секаде е така! ако не го испробаш некој, нема да знаеш каков е и како ја врши работата! Еве ние-народот ја избравме владата, сега ние ли сме криви што таа не работи како што сме очекувале?? Не! Самата си е крива! Ние не му рековме на Премиерот да гледа за себе! ние ги изгласавме, ги донесовме на власт, сега работата е во нивни раце, така е и со службениците на владата!
     
  15. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Значи пак ќе кажам дека незборам само за оваа влада туку за сите влади кај нас
    И ова пак ќе го кажам Службениците пред да донесат одлука мораат да бараат одобрение од министерот а ако тој не ја врши својата работа совесно и не го интересира што се случува и како се случува(како и сите министери од било која влада што била на власт кај нас) тоа више е грешка на министерот :)
    И нормално дека народот гласал за да се избере владата ама народот не ги избрал министрите затоа и постои нивно отповикување
     
  16. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    службениците ја работат работата на министерот, тие ги прегледуваат учебниците, велат “ок се, можеш да потпишиш“ и он потпишува, нели има работници што го увериле дека нема проблем, а уствари тие не се замарале! нема тој да земе сега од 1во одд до 4та год да ги чита учебниците! Затоа тие земаат плата!
    затоа не можеш него да обвинеш! тој си има советници, кои очигледно некој убаво ги подмитил, за постоа да има еве вакви реакции кај луѓето и кудење на власта! Ама што да се прави, не гледа народот таму кај што треба! Го гледа она што му го даваат да го види! така направија и со Љубе Бошковски, така и сега! Ама добро, за него зборував во соодветната тема!
    поздрав!
     
  17. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    ни тие советници не сме ги бирале ние туку тој а и во тоа згрешил :D а и не е баш тоа така затоа што и тие негови советници се некој од високите функционери на вмро или пак долгогодишни членови ...затоа и тоа поверение им е укажано ним...Да се може да биде прикажано наопаку од “седмата сила“ т.е. новинарите но и не нешто што постои и е факт -Учебниците се такви ко што се катастрофални а нив ги одобрил министерот кој воедно и ги избрал нивните автори,дирекно или индиректно :) Нвм..Поздрав и до тебе Оззи :)
     
  18. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Да сме таму ќе размислуваме поинаку! И јас сум згрозена од ова со учебниците ама не можам да ги обвинувам вмро или сдсм за тоа! Ко оние на пазар отишле и викат-“нема пари, Грујо е крив“ Или пак “има поплави, Грујо е крив“ како не! Еве ме, работам па никогаш подобро не ми било! И сега родот што го одгледувам не е баш како лани и што треба да велам “Премиерот не ми чини“ е не можи тој да дојди да ми го направи поубаво производството!
    али, да не забегувам од темата, толку ни се начитани авторите наши и не можеме ништо против тоа! јас се обидувам да бидам објективна и да видам од сите страни, затоа не обвинувам никој, освен тие што ги пишувале учебниците! А министерот и сите други, тоа е друга приказна, што ние од тука не можеме да ја знаеме!
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. elka.timova

    elka.timova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    :sweat: :sweat: :sweat: oho teski lekcii