1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скандал (Scandal)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од alekce83, 6 јануари 2013.

  1. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Нова серија под вотство на познатата Shonda Rhimes, продуцентката на познатите Вовед во Анатомија, Приватна пракса итн.
    Главната улога ја игра Kerry Washington(Olivia) која ја напушта улогата на Директор за комуникација во Белата Куќа и отвара сопствена фирма за решавање на кризни работи.Таа е професионален 'поправач' на проблемите пред било кој да открие дека воопшто постоеле.
    По успешната прва сезона ја продолжија и моментално е 9 епизода од 2 сезона.Мене лично многу ми се допаѓа и секоја епизода е интересна бидејќи има различен случај за откривање.Оценка на ИМДБ е 7,3 што не е воопшто лошо а има и многу позитивни критики.
    Се надевам дека некој од вас ја следи па би можеле да си коментираме на темава. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Скандал-(Scandal)

    Дали ја даваат на некој од кабелските ТВ? Како да имаше промоција на Universal, снимав 2 епизоди, ја гледав првата, ама сега не можам да ја најдам?
     
  3. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Искрено незнам дали ја даваат на тв, прилично е нова, 2 сезона е, 11 епизода.Јас ја симнувам од езтв.Секоја епизода е интигрантна а Оливија е зверка невидена.
     
  4. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    896
    На Universal ќе ги има утре во 21.20 часот.
     
  5. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Колку јака беше последнава епозида wowwww :clap:
    Периодов дефинитивно серијава ми е една од најомилените.Никој не се надеваше дека Chambers е шпионот, а уште помалку кога видов кој му ја даде картицата :o Очигледно беше дека некој меѓу нив е ама ни на крај памет дека е Дејвид.
    Колку несебично од Оливија што по незнам кој пат не му дозволи на Фиц да си ја запостави кариерата.Уште еднаш :clap: за серијата во целост.
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Eкстремно добра серија, екстремно.
    Уште седмата ми остана да ја изгледам од првата сезона, и да се пребацам на 2ра сезона, таа голема е, супер ќе има што да се гледа уште недела-две :D
    Ми се свија конептот, адвокати/правници а се многу повеќе о тоа.
    Нешто ново и не веќе видено, барем јас не сум гледала сличен филм/серија.
    Оливија ми е екстра глумица, воопшто и како лик и онака ептен ми се допаѓа.
    Претседникот мене ми е нервира, лигав лик, одбивен, муле, можеле пофраер да најдат некој.
    Од друштвото, најјак ми е Хак па Харисон, Квин ми е многу смшна. Аби е заљубена до уши во Стефан, некогаш ми иде на живци како се понаша спрема него, хистерично љубоморна а нема причина за тоа.
    Стефан ми е супер, супер лик, но гледам на имдб не го пишува во втора сезона :( баш ми е крвиво, баш ми се супер тим со Ливи, само он ја разбира онака пријателски.
    Многу екстра лик ми е DA- Давид, јас потајно сакам да се спанџа си Ливи, ептен ќе си одговараат.
    Жена му на претседников Меги мислам дека се викаше, ми е ептен одвратна, лицемрка, мислам дека знае дека маж и шврља со Ливи и за инат ја вика за да ја мачи.
    Сајрус ми е интересен, паматен и амбициозен, дури и премногу жртва не за себе, за ова мулево.
    Одвај чекам да ја почнав втора сезона, првава бобастчна е, последната ја ѕирнав малку бомби ќе биде, бомбииии...
    Екстра серија, криво ми е што порано не сум ја загледала.

    Ќе има 3та сезона така??? Како да прочитав некаде дека ќе има 3та на есен.
     
    На alekce83 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Хипстер знаејки го твојот вкус за серии и знаејќи колку си опседната со нив како и мене ми беше чудно што те нема и не ми се веруваше дека не ја гледаш серијава.Некако се израдував кога видов дека си почнала да ја гледаш, а уште повеќе деке си воодушевена како и мене :D
    Инаку ќе имама трета сезона со сигурност ;)
    Инаку ти го читам мислењево и да ти кажам дека втора сезона е многу подобра и понепредвидлива, нема да ти откријам ништо за сега.Кога ќе ја догледаш до крај чекам коментар поопширен :D
     
  8. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Какво финалеееее :clap: :clap: :clap: Нема да ставам ни во споилери за случај некој да се излаже и да прочита :x :x :x Ќе чекам и некој друг да го гледа па да коментираме :rofl:
     
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    ^^ Aлекче со ова опседната ме замисли малку, хахаха не сум вајда до толку нели :D
    Инкау лани кога излезе првата сезона ја симнав и ја изгледав и не знам зошто ја забораив и не ја продолжив, затоа првата ми се виде ептен позната, сега се сетив дека ја знам од некаде.
    Ја започнав втората, и после ова што го видов дека Оливија не само што знае за Куин туку она е виновникот за тоа, се шокирав,напросто :o
    Се може да се деси, СЕ!

    Немам многу време интензивно да ја гледам, ама до крајот на другата недела ќе ја мавнам цела..
    Се надевам дека муфјузов председникот, нема да биде со Ливи, не можам да ги гледам.
     
    На alekce83 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Не мислев во буквална смисла на зборот опедната, туку дека повеќе преферираш странски серии.А и јас си се ставам во тој кош на "опседната ", само нормално во позитивна смисла ;)
    Инаку и јас не сум баш фан на Ливи и Фиц, сакам да биде со друг :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав цела :whew:
    Ако паднам на испитов само заради серијава ќе паднам.
    Ненормално заразна и добра серија.
    Дефинитивно втората сезона не се споредува со првата.
    Каков крај :o
    Мене искрено ми падна на ум дека црнецов има некоја поврзаност со Ливи, но татко не.
    Џејк ми е екстра, екстра добар, и навивам да биде со Ливи, не можам да го однесам Физ, пичка, а сгусне малку одма се крие во здолништето на жена му.
    Се надавам дека ќе се опорави после самицата, одратни ми беа тие сцени.
    Пусти Хак, се надевам ќе се сретне со жена му и детенето. Добар кастинг за дететот, личи на Хак.
    Не знам зашто во вмешаа Чембрс пак, се мисев дека светата библија, госпоџата поспреседател е усвар шпиунот, ама ништо лоша процена.

    А не знам зошто и после се Сајрус не ми е негативен лик.

    Одвај чекам 3та сезона, одвај ^_^

    П.С Стајлингот на Оливија, oh la la. Oд капути до костими, кошули, до последниот фустан за галата со сенаторот, уф совршенство. И покрај нејзната ултра црнечка фаца, многу ми е мила и симпатична.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Dgirlll и alekce83 им се допаѓа ова.
  12. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Јас сум изненадена од серијава, не потфрли со квалитет дури и позаплетка и позаплеткана станува.
    Мене епизодава ми беше фантастична, една од поинтересните, и мислам дека оваа сезона како што мислам дека планираат да ја одвиваат ќе биде најдбрата до сега.
    Мене Ливи и Фиц ми се тапа како спојка, чекам било што да се деси да се откачат и више да не бидат заедно, едноствано Фиц ми е кукавица и лигуш, без петља да се бори во животот за она што го сака ама како МАЖ, не како подмолна климактерична жена.
    Дури и Мили е попаметна(на моменти) од него и поосторумна, ама пустата е без гордост и свое јас, живее во сенка на овој мушки свет и под тоа првата дама, инаку мислам дека нависитна е способна за многу повеќе од воштената фигура на совршена сопруга и прва дама и слика само за имиџ и публицитет пред народот.
    http://www.youtube.com/watch?v=vCuiUEEYGQg
     
    На SparkyAngel и alekce83 им се допаѓа ова.
  14. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Oh, my God! :x
    Значи само пофални зборови за прва епизода од трета сезона.Не трепнав! :clap:
    Tатко и на Оливија е опасен, се гледа Оливија од кого го наследила талентот на брзо зборење и треснување во лице на најдиректен начин.
    :clap: за екипата на Лил(Гладијаторите) како ја извадија од хаосот.Се ќе направат за нејзе, а моментот кога ја нападнаа новинарите во лимузината и кога Хак и Харисон ќе ја спасат беше срцепарачки(за мене :lol: )
    И мене Фиц ми е кукавица невидена.Не ја заслужива Оливија.
    Мели и Фиц во војна-е тоа ќе биде интересно.
    Најантипатилен лик ми е Сајрус.Ако треба ќе гази и по човечки тела само за да го добие тоа што ќе го замисли.Ќе ја наместеше Лил без око да му трепне.
    Гледам по форумиве ја критикуваат Оливија, им била иритантна итн.Воопшто не се сложувам со нив, мене баш ми е исклучително добра актерка која покажува емоции и се лути и вика кога треба.
    И да, аутфитот и го обожавам, почнувајќи од белиот капут и белата горна тренерка!
     

    Прикачени фајлови:

    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    OMG, OMG, OMG!!! Како тинејџерка сум станала, али серијава ќе ме излуди.
    Немаше подобра епизода од последнава до сега, не знам од каде да почнам да коментирам :x

    Каков хед-шот ми беше ова, Фиц ја има убиено мајката на Ливи, ова ќе биде крваво, после ова мислам им нема иднина, не дека сега им има некоја разумна, ама ова се веќе сечење од корен, барем јас на тоа гледам како такво.

    А што мислите, знае Фиц дека командеров и е татко на Лив, вајда знае, ама како ноншалантно се понаша, немам зборови, тежок глупак ми е |(
    Од срце сакам Хак и Џек да и кажат се на Ливи и да се откаже од идеата за Фиц.
    Не ми е јасна и ич не ми е јасна Оливија, сакам да земам и да и направам еден добар спенк то д ас, како на мало дете. Значи толку е брилијантна и острумна кога се работи за животот на другите, а за нејзниот е таква смотаница и наивница, тоа чудо. Мили ја користи како играчка, зашто знае не само колку на Физ она му е слаба точка, туку обратното, колку Лив ќе направи се за него, ама се. А оваа нит го сака него, нит пустоно дете нит никого, она ми е класична повер адиктив, се научи да биде фрст лејди и сиде удобности што идат со тоа и привилегии, и сега неќе да се откаже, барем легитимно има право уште 5 години, а тоа не се малку. А знае ако не го изберат Фитц- хе вил кик хер то д керб. А вака ќе го трпи уште 5 години, после ќе заплива сама у политичките води, свесна е дека сите знаат дека е паметна, ама не сака да го засени мажот, туку кога овој ќе се пензионира она ќе го возврати ударот, демек прекрасна жена, совршена никогаш не го напушта мажот кога му треба. Прав републиканско мислења |(

    Каков тип е Џејк, совршен, убав паметан комплетен пакет, ама оваа слепава у она мулено глупо се загледала, цел живот ќе го чека за што не ми е јасно, кога поголема кукавица од Фитц нема, ќе ја откачи а му згусти или го фати криза, а старее, ќе сака сега младо косче. И убаво и направи што ја откачи на крајов, не е глуп сфати дека само го користи и ништо друго, маж бе маж, со достоинство и гордост, да не речам муда.

    Не можам да се навикнам ''Фиби'' во вакви улоги, се мислам ќе направи некоја глупост или ќе откачи некоја нова смели кет :D ЦЦЦ што ти прави навика еј, не дека е лоша глумица, не е,ама освен како ретардирана будала која беше, чудно ми е да ја гледам во вакви изградени и силни улоги. Тоа се вика улога за живот и памтење....
    http://www.youtube.com/watch?v=NSDR3OWVPhk

    I don't know how it's possible but this show just keeps getting better and better!!!!
     
    На alekce83 и Dgirlll им се допаѓа ова.
  16. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Се си мислам јас дека таткому на Лив е поврзан со убиството на мајкаму, мислам дека Фитц незнај дека мајкаму на Лив била во авионот.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Уште ја немате гледано последната епизода? Или останавте без зборови како мене, значи нема досадна епизода.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Добро овие сакаат мене срце да ме стрефи :o :o :o :o

    Ја изгледав вчера дури со каснење и се јадам што не ги гледам со ред како што треба, зашто убедливо моментално е една од најдобрите драма серии, јас сум спичлес.

    Оф мори Мили мори, сирота таа, ама искрено сама си е крива, да те силува свекорот и да го криеш тоа 15 години, не ми се верува. Се мислам дека најстариот синот не е од Фитц, туку од татко му, ќе испадне гооолем скандал на крај и со тоа како капак на се, се кладам дека нема да освои мандат нов Фитц на овие избори.
    Со мајка и на Ливи, па бетер ме шокнаа, да се криеш повеќе од 15 години а си жива не можам да сфатам зашто. Има некоја причина штом се крие, се мислам дека има некија огромна причина и за тоа е умешан татко и на Лив,но да не нагаѓам џабе ќе откриеме брзо, барем тука нема дрвење големо.

    А онаа пустана па Куин, не знам кого поише да жалам, неа, Мили или Ливи, сите ми се утепани...

    Името на серијва е баш она нај нај одбрано, саде скандали и шокови ни прередуваат од епизода во епизода. Не ме оставаат да ссе приберам ко што треба со информацииве, тамн се помирив со фактот дека мајка и убиена, сега глеј што ни праат :D
    Уште сум потресена од последнава посебно, уште не ми се верува :x
    Од мене имаат чиста десетица за последнава сезона!!!
     
    На Trendafilka и Dgirlll им се допаѓа ова.
  19. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Од нешто ја кријат мајкаму, сигурно има голема причина, и сигурно поради тоа јас мислам дека авионот го имаат срушено, се со цел за да речат дека и таа умре во несреќата.
     
  20. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Новата епизода е спремна за гледање. Отидов да уживам!
    :inlove: