1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скандал (Scandal)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од alekce83, 6 јануари 2013.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Беспрекорна серија, една од најомилените, почнувајќи од приказна, кастинг, глума и костимографија, па се` до музиката. Секоја наредна епизода ме остава без зборови, Кери Вашингтон ми е божица, буквално.
    Можеби претседателот можеле да го најдат малку поголем фраер, ама Џејк е тука да надомести. ;)

    Ова е една од ретките серии каде што секоја следна сезона е се` подобра и подобра.
    Ме потсетува на Damages, во смисла на напнатост и пресврти.

    Не знам како Џози така лесно се повлече од кампањата. Се надевав дека ќе ја гледаме многу повеќе.
    :(

    Покрај Оливија, Мели ми е најинтересен лик. Многу комплексна личност, дури и жал ми паѓа за неа.
    Побогу, мораше ли првата женска со која ќе легне Харисон (КОНЕЧНО мислам!) :D да биде таа грдата сестра-дете (плавушата) на Џози?

    ОДЛИЧНА СЕРИЈА.
    :)
     
    На Hipster и alekce83 им се допаѓа ова.
  2. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Уууууу значи серијава ми е убедливо број 1
    Оливија и мајка и конечно се сретнаа!
    И мене Харисон ме разочара со вкусот,(со таа сестра/Ќерка на Џози.Еден од омилените ликови ми е и мислам дека заслужува некоја по хот како за него :lol:
    А за Квин немам коментар.Јасно беше дека ќе ја откријат, посебно Хак и сега што видов од промото ќе ја мачи како што ги мачел порано за да открие кој и е газда :worried:
    Оливијааа зошто му прости на Фиц?Убаво и кажа Џејк- I told you he'd find a way, didn't I? :clap:
    И да, Џејмс супер му направи на Сајрус, најсебичното суштество кое што постои на планетава и што е спремно да си го предаде сопругот за власт.
    Промото за Winter Finale е лудница, едвај чекам да ја гледам
    www.youtube.com/watch?v=3ygFb_UAHgc
     
  3. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Се приклучувам со позитивни криткики за серијава за 2 дена изгледав 8 епизоди. Секоја епизода е повбудлива од предходната. Сакав да ве замолам до 9 епизода стигнав од 1 сезона неможам да ја најдам таа епизода (9) да ја симнам од торент. Може да ми пуштите линк, да продолжам со епизодите :wasntme:
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    http://www.torrentdownloads.me/torrent/ ... +HELLRAZ0R

    Пробај го овој торент. :) ;)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Cisto informatinvo ....vtora sezona se emituva na Univerzal Chanel sekoj den osven za vikendi.
    Reprizno.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Лелее до 27 фебруари ќе прават пауза...колку само звучи далечно! :o
    Што мислите за последната епизода, импресии? На крај ке испадне дека татко и на Лив бил во право за мајка и што ја држел така затворена, сепак била државен непријател! Не ми делува дека била наместена, напротив изгледа мн отракана. :!:
    И што се изглупираа со Квин што ја направија бед грл. Од смотана изгубена девојка ја направија хакерка и ладнокрвен убиец badass хмм. Ич не очекував, дури и ги премотував сцените со Хак кога ја мачеше.
    АА да ќе заборавев да пишам и јас навивам за Џејк (мислам така се викаше :tmi: ) и Лив. Него ли за Лив и претседателот. :D
     
  7. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    3.156
    Дали некој има превод на српски од 9 и 10 епизода од 3 сезона?Знаете ли каде можам да си симнам?До 8 ми се изгледани и можам да кажам дека навистина ја обожавам серијата.Предобра е, Оливија ми е прекрасна во секоја прилика, но никако не можам да се одлучам дали сакам да остане со претседателот или Џејк :) Ве молам доколку некој има превод да ми каже не сакам да ги гледам со англиски да не пропуштам ни секинда :)
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Серијава е одлична. Најдоброто нешто што сум го гледала во последно време.
    Хоумленд може вода да и носи, откако ја изгледав серијава се запрашувам што воопшто сум видела во Хоумленд.
    Оливија ме нервираше на почетокот со фаците и држењето, ама добро е што после и дадоа малку човечка димензија. Фиц е сосема погрешен избор, има глумено негативец во некој филм постар и така ми е останат актерот, воопшто не ми се допаѓа. Среќа Џејк го донесоа, срцка е, уште од Вовед си го сакам.
    И кој кастинг човече, какви се не актери продефилираа. Браво за Шонда, одлична серија направила.
    Сајрус ми се згади малку со ова последново, со маж му, толку глупости има изнаправено човекот...
    А баш си викам, како при целиов овој стрес не го стрефи срцето, кога оп, срцев удар. Ама тоа некако лошо го изведоа, одма стана и ај назад.
    И со Фиц исто не ми се допадна како беше направено, од куршум во главата се освести и ај назад.
    Како и да е, се се простува на серијава, мислам дека ни една серија досега не ме оставила толку без здив.
    Па кога го упукаа претседателот рипнав дури. Јас очекував со Оливија да се шмекаат, да се ебнат во некое веце, кога бам, бам.
    И Мели ми е страшен лик. Ми се згади од татко му кога ја силуваше, одвратен. Не знам како може да помине низ се тоа, за маж кој не ја ни сака повеќе.
    Да, Фиц е кукавица, како смо он и Оливија да постојат, никој друг не е важен.
    Уф, едвај чекам нова епизода. Да видиме како Џејк ќе се покаже на чело на организацијата.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Последната епизода ептен испадна јакичка :lol:



    Мене некако ликот на Лив ми е контраверзен. Се праи многу фина и невина, а се утепа до намештаљки и прикривања за овој дечко и, вклучувајќи ја и фрката со Квин. Значи во ред е, средуваш ствари жено, ама и ги плеткаш...не ми глуми Мајка Тереза :lol: Јас си ја сакам Мел :)
     
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Зашто бе, мене баш ми беа одлични тие сцени, она кога ја лижна на образот ми беше еден од најјакките и насмешните сцени, предобро режирана.
    Серијава ми е disturbingly fantastic. Она екстремно добра, од епизода во епизода не знаеш што ќе те шокира.
    Саундракот им е не ненормално добар, глумата на актериве такоџе и сценариово е одлично заплеткано, а не она тупаџиско, цела сезона да те тупи и досадува и на крај во една епизода да бидне се интересно, туку секоја епизода по малку шокче те мава. :D
    Коментар за последните 2, за 9тата и 10тата епизода.
    [​IMG]
    Една од најпаметните речаници кажана во епизодава.
    И Џејк убаво му кажа дека се крие поазади фотељата и секмогаш други му ги завршуваат работите. Џејк многу пријантно ,ме изненади на крајот, не знам како ќе се снајде како Командантот, се надевам само дека нема да го направат лош за да им го ослободат патот на Лиз и Фитц.
    Квин испадна мноооогу глупава, ночекувано глупава. Не знам што би им бил планот со неа, ама ако остане со овој грозниов блиски и се глеад крајот.
    Мајка и сега назад во Вашингтон, татко и нема функција, ќе глеадме одмазда од обратен тип.
    Башка што Дејвид доби доказ за убиството на мажот на Сали, уу ќе биде многу многу интересно.

    КОј ќе чека до крај на февруари, долго време :(

    П.С Реин мислам дека немаат некои сличности Сканадл и Хоумленд, барем мене ми се тотално различни во својата тематика нема простор за споредба.

    И да се насмееме за крај :lol:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На AnaKarenina, paleska3 и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Дајте луѓе торент за новата епизода, не можам да најдам, а едвај чекам веќе да ја изгледам.
    [​IMG]
     
  12. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005

    Еве ти линк за онлине да ја гледаш ако ти врши работа :)

    http://www.free-tv-video-online.me/play ... 6bdf3lsmk7
     
  13. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
  14. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Многу ми е несфатлив Фиц. Човек кој стигнал до председателска фотеља, не смее да не може да ги исконтролира страстите. Прав пубертетлија со невидена лабилност, на секоја сопка потклекнува, па и ќе давал оставка и ќе ја женел љубовницата, не оди тоа така мали, си се фатил на орото и ќе го играш :). Оваа Оливија па слепа да беше ќе го видеше Џејк. Што љубов ќе беше ова на 30 и кусур години не можам да разберам... веројатно како на филм :)

    Коментаров почнав да го пишувам за да го прокоментирам разговорот со таткото на Оливија во најновава епизода (с3е11) , но прстиве ми се распишаа за Ромео и Јулија :) - Убаво и кажа Poppa Pope :clap: Значи како реално и го плеска, секоја му чест :)
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Добро бе мајку му, оваа Оливија има ли очи во тоа главата?
    Како може Фиц да го сака, па Џејк какво колаче е, да земеш полека да го лижеш преливот, па шлагчето, па полека да си грицкаш од колачето... :mm:
    [​IMG]
    Ептен се испозаплеткаа работите, секој секого лови и секој секого следи.
    Ќе биде ова едно интересно финале.
     
  16. Polis

    Polis Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    86
    Деф моја омилена серија !!!!
     
  17. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Уфф последнава епизода беше ептен емотивна, си се изнаплакав.
    Кој пресврт, не требаше Џејмс да го убијат! Целата приказна со Сајрус и Џејмс ептен ме раснежни и растажи. Поготово крајот кога Сајрус застана во конференциската сала и кога му се појавија сеќавање од балот со Џејмс. ;(
    Се заради таа глупача Сали што го уби маж и! Не паметам од минатата епизода, Шелби другата девојка, полицаецот и Џејмс зошто договорија средба? Сакаа да ја објават приказната во весник?
    Како и да е, не сфакам зошто мораше ова цена да ја платат?!
    Наместо да Б613 да им влезе во трага на вистинските терористи на мајка и на Лив и Аднан како и да се вика. Филмов оди во неповрат... Не сфатив што се деси со Квин и Хак? Ко демек му покажа дека не му се плаши, или овој да не се заљуби во нејзе?
    Којзнае што расплет ќе следи... :!:
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Леле овој Сајрус, има ли грам разум во неговиот заматен и заболен мозок? Ќе остави да умрат сите таму за еден човек да стане претседател? Сериозно?
    Ќе има бум следната епизода, се надевам ќе биде солидно финале. Па може после Кери на раат да си се породи. :)
    Еве на кои се не начини се сокриваше нејзината бременост сезонава.
    http://www.thewire.com/entertainment/20 ... mp/359831/
     
  19. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Како може мојата најомилена серија да си ја запоставам :fubar:
    Мислам навистина Шонда е феномен за правење на серии ама со оваа серија се надмина себеси.Значи нема досаден момент во серијава, цело време е возбудлива, неочекувана и со брзо дејство.Секоја епизода завршува се подобро и подобро.
    Ќе почнам прво од Оливија.Ми фали малку онаа Оливија од прва сезона, решителна, по малку дрска и безобразна.Сега ми е многу емотивна, повлечена(изгледа од бременоста и е) :lol:
    И јас се чудам зошто не седне во авион со Џејк и да избега негде, дека ако остане уште малку ќе побудале кутрата со сето ова што и се случува.
    Лелеее мајка и кој психопат е, дозволи да и ја убијат љубовта на нејзиниот живот без око да и трепне а па за татко и на Лив и беше ситница.
    Жал ми е малку за татко и на Оливија, иако беше одвратен и имал измачено многу луѓе сепак кога ќе се појавеше ми вриштеше од авторитет, тоа Лив го има наследено од него.
    Сајрус-апсолутно ништо не ме изненадува кај Сајрус, а уште помалку дека Сели ја намести да биде присутна на местото каде што има бомба.Човеков си го намести и неговиот сопруг само за да биде уште 4 години во Белата Куќа :fubar:
    Моли-секоја тајна на крај ќе излезе на виделина па така и нејзината за тоа кој е таткото на првиот син.
    Имам само една мала критика а тоа е за Квин.Значи од наивно и неискусно девојче, стана безмилосен убиец и дури двајца мота околку малиот прст :^)
    Со нетрпение го чекам финалето утре!
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Ле-ле немам зборови! Не ми се верува дека ова беше последна епизода. Се надевам ќе има уште сезони.
    Со нови интриги.
    Ајде сеа малку импресии да споделам
    Значи ѓубре човек си е ѓубре човек и не се менува- зборувам за таткото на Лив. Уште не ми се верува како ја изманипулира цела ситуација, непредвидлива од почеток да крај!Убаво сите ја предупредува Лив дека татко и е злобен манипулатор и дека не се менува. На крај си го отствари своето стана шеф назад на Б613 и ја одалечи Лив од Фитц и се одмазди успат, каков човеј ејј! :puke:
    Тоа со детето на претседателот стварно не им требаше, секоја трета епизода ликвидираат по некој лик. Од Мели алкохоличарка направија, сенка од упорната и одлучна жена на Фитц. Налет и кандидатуа и нов мандат кога сите се несреќни, фејк и најблиските во секој момент можат да им ги убијат.
    Се надевам дека Харисон е жив. :tmi:
    Квин правилно постапи што му ги кажа информациите од пликот на Хак, и покрај се заслужува нова шанса. Мило ми е за полицаецот што конечно има докази лошите момци да почне во затвор да ги става. Од целава ситуација најголем бенефит имаше Џејк. Ама здравје ако има нова сезона едвај чекам да видам како ќе се одвиваат работите, и да им ги видам фаците Лив кога ќе се врати во градот! :o