1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скандал (Scandal)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од alekce83, 6 јануари 2013.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Татко ѝ цело време да стои позади сè. :x Не ни очекував такво нешто. Останав подзината. Шонда нормално, мора да убие некој. Греота детето. Битно со Џејк му ја здуваа. Остави и претседател и сè.
    И испадна дека целава сезона беше за ништо. Џабе демек ја растурија б-13, кога ете пак се врати. Работеа на изборите кои ќе ги изгубеа да не го убиеше татко ѝ детето. Фактички Оливија сезонава беше како игубена гуска што секој ја матка како стигне. Сенка од Оливија од првата сезона. Па каде беше нејзиниот инстинкт? И на крајот уште и побегна. Кукавица.
    Ај да видиме како ќе се одвива следнава сезона.
     
    На lextravagance и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  2. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    И јас се приклучувам кон гладијаторите :)
    Не знам како воопшто дојдов до серијава, ама изминативе недели не мрднав од пред лап топ додека не ја догледам цела.
    Оливиа ми е скроз симпатична, до душа малку досадна со тоа џемот нејзин |(
    Фиц не ми е толку лош, ама во комбинација со Оливиа не ми одат и точка. Нека си седи со Мели, поубав пар се. Мене ни Џејк не ми е којзнае што, нека ѝ најдат некој згоден црнец на Оливиа.
    Малку не ми се допаѓа тоа што го растурија OPA тимот, особено глупостите со Квин. Толку ми беше смотана на почетокот, ја праќаа кафе да вари, а сега нешто badass изиграва, згора на сѐ па и во b613 ја примија туку така...
    А Сајрус... каков лик!! :D Паѓав од смеење на некои сцени! Таков нервозен, растрчува по сите, вришти и коса му се крева :D

    Многу неочекувани пресврти имаше, стилот им е полн погодок. До душа, испадна дека сите се ѓубриња и секој има тешки гревови, ама баш затоа ми се допаѓа. Тие кругови се далеку од бајковити и реалноста е многу поинаква од она што ни се сервира на телевизија.
    Едвај чекам да почне новата сезона :)
     
    На Hipster и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  4. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    21.765
    Пол:
    Женски
    Се заразив од серијава, буквално! Ги изгледав сите 3 сезони во рок од 5 дена :) Ама навистина не ми се оставаше недогледана. Одлични улоги, беспрекорни ликови, ептен ми се допадна. Сега за сега го дели првото место кај мене заедно со Prison Break.

    Толку ли ќе бидат, само 3 сезони?

    Инаку, јас дури сега прочитав на нет дека за време на последната сезона Кери е бремена цело време :D Ништо не забележав, жими се! :D
     
  5. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    Скандалки :hai: дајте линк за онлајн да си ја догледам 2ра сезона
    Закочив до 10 епизода имам луфта време да си ја догледам :D
    По можност со српско-хрватски превод
     
  6. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Една од најдобрите серии што сум ги гледала.
    Ја симнав заедно и Breaking bad и на Скандал се задржав.
    Скратени беа епизодите во 3та, дејствата многу брзо се случија, сето мрачни забегани ликови, со лошо минато, но битно е лојални на претседателот да останат, односно желни за власт, несовесни и луди.
    Фиц so naive во ништо не е упатен, не по негова вина, од премногу доверба кон тие под него.
    First lady змија се разнежни во 3та и жртва излезе.
    Оливиа се изнаплака.
    Сајрус и Хак многу јаки улоги имаат.
    Децата кај беа цели две сезони, за во трета да се случи тоа од таткото на Оливиа што не го очекував(ти ми зеде мое јас тебе твое, ова не мораше)

    Се очекува и 4та сезона, во Август, дали е точно?
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    На 25ти септември излегува првата епизода од 4тата сезона. Ајде, Кери сигурно се средила по породувањето и би требало да се врати во нормала серијата.
    [​IMG]
    :)
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Gladiators ја изгледавте ли новата епизода? :)

    Оливија многу ми беше убава со виткана коса, па и Gone Girl си ја читаше бе :wasntme:
    [​IMG]
    Ама му ја спрашти после целиот инцидент, сега се враќа за погребот на Харисон и очекува ништо да не се сменило? :^) А во врска со Харисон, да немав прочитано дека е отпуштен од серијата, ќе претпоставував дека не е мртов и дека ќе се врати. Затоа што нели
    [​IMG]
    И уште: Are we gladiators or are we bitches? |(
    Сериозно? Најголема кукавица Оливија испадна...

    А Аби нешто као замена нејзина изиграва во Белата куќа? :^)
    Како и да е, имаат материјал за нареднава сезона, сплетки колку ти душа сака, само да не забегаат и да ја упропастат серијата.

    И Мели, леле ептен ми падна жал за нејзе... На сценава ми се стегна грлото :worried:
    [​IMG]
     
  9. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Серијава е предобра! Се заразив и јас , како зомби бев се дури не ги изгледав сите епизоди.
    Сега си чекам нова.
    Џејк ми е стварно колаче убаво си кажа RainBow. Го обожавам уште од Фелисити.

    Патем, знаете дека Хак (Гијермо Гомез) во вистинскиот живот е геј??? Јас се зачудив... :o

    https://www.youtube.com/watch?v=H9CREiVPtr8

    Кај Елен на гости. Се изнасмеав!!! :D :D


    Eдит - заборавив да кажам дека и ги сакам сите капути на Оливија!!! Прекрасни се!!!

    [​IMG]
     
    На d.Darla му/ѝ се допаѓа ова.
  10. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Супер беше последнава епизода, од почеток до крај :clap:
    Ќе почнам од Оливија.Значи што ќе науми тоа ќе добие, дали било од претседателот или од татко и.Не ми се верува дека некој ја прејде, мислам на убиецот на претходениот претседател, можеби за прв пат до сега.Многу ми е жал за Џејк, ме теши само тоа што нема да го убијат.
    Mellie is back 8) Конечно нема да ја гледаме повеќе Мели неизмиена и во партали,:)
    Зарем навистина има надеж помеѓу Фиц и Оливија???:^) Мислам дека е премногу ако пак ги спојат.Исто така ми текна идеја, ќе и пишам на Шонда дека крајно време е да воведат нов лик во тимот на Лив, Квин и Хак не се доволни, посебно откако Хак сака да се зближи со синот.:rofl:
    И за крај, само на мене ми се пие вино кога ќе ја видам Оливија со чашата во рака или и на вас?
    tumblr_mob8jrIM8z1rvogn4o2_r1_250.gif tumblr_mob8jrIM8z1rvogn4o4_r1_250.gif
    tumblr_mob8jrIM8z1rvogn4o5_r1_250.gif tumblr_mob8jrIM8z1rvogn4o8_r1_250.gif
     
    На macovska му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Леле епизодава:o Епизодиште.
    Добро бе, како овој татко ѝ е секогаш три чекори понапред? Од каде толкава моќ да убие толку луѓе, како е можно тоа?
    Не можам да разберам што гледа Лив во Фиц, мене ич не ми е ни убав, ни харизматичен, така некако остарен ми е и истрошен. А има маче како Џејк. Пих.

    Едвај чекам наредна епизода.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Ужасно ми се допаѓа како ја искреираа оваа сезона, посебно со новава банда на Лиз и подпредседателот,ми се допаѓа тоа што имаат уште една против тежа и нова битка за водење.
    Јас се имам искажано по питање на Лив и Фитц, и ако после се што се деси до сега уште има надеж и таа надеж стане реалност ќе си го скршам компјутерот од глава.
    Мили ја жалам, сите гледаат да ја искористат и шутнат, ми беше патетична, ама сега ја жалам, нема лик кој не ја користи за било што, она пустата на крај останува заглавена со кинески порцелани. На никој не му посакувам таков живот, како барбика во луксузна куќа за кукли ми е.
    Сајрус не сакогаш ги заслужува сите овие сплетки што му се случуваат, сега пак млада невеста ќе го праиме, смешки.
    Мене па и не ми фали нешто посебно Харисон, серијава може сосема солидно да се носи и без него, тамн имаме пошие простор за остативе, секогаш се во поголема каша запаѓаат.
    Хак со синот, Аби се занесе со моќта во белата куќе и го дична Дејвид, баш штата ми се допаѓаа ко пар. Само Квин не знам каде планираат да ја носат, сега пак се сплетка со овој бившиот, ама ја отераа нејзе во мајчина да и нема враќање назад во нормалните. Додуша никој од нив тука не е нормален, сите се со благо пореметување од сите работи што ги гледаат па и прават, ама она ми е врвот во последно време.
    9тава епизода заврши бомбастично, не знам како сеуште успеваат да ме шокираат, после се што не се случи. Супер заплети сезонава, многу подобра од претходната.
     
  13. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Линк за он лине гледање?
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Ја гледавте новата епизода? :)
    Мене ми се допадна, иако тотално не беше во стил на Скандал. Ама прв пат после толку време да изгледам епизода без да ја прекинувам, ми се чини не трепнав :lol: Баш беше интересно осмислена целата акција.
    Е сега имав некои претпоставки што се покажаа како точни. На пример типот што беше со Оливија во ќелијата, знаев дека е вмешан. За ете, да му се довери, да открие барем нешто кое ќе му биде од корист. А оваа па одма си се издаде дека претседателот на САД ќе ја бара и под дрво и под камен...
    Знаев дека нема да бараат пари од неа, кој би ја киднапирал Оливија Поуп за пари, кога една нејзина информација вреди многу повеќе.
    И само што заврши епизодата, си помислив на тоа што ѝ го рече татко ѝ во претходната епизода: Wait and see how your world will be without me. Мислам дека и самата не беше свесна колку многу ја штити татко ѝ.
     
    На alekce83 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    FOMFmAD.jpg
    Аууууу колку добра епизода :clap:
    Дефинитивно епизодава е во моите топ 3 епизоди на Скандал.Морам да признаам дека ни на крај памет не ми дојде дека овој Иан е главниот во киднапирањето на Лив, а исто така и добра фора им беше со локацијата, сто посто бев сигурна дека е во некоја муслиманска земја.Но кога ќе размислам добро изгледа е тоа и целата намера, во промото Лив ја имаат снимено како вика дека Америка треба да објават војна.:^)
    Следната епизода е навистина нешто што ќе го очекувам со нетрпение!
    www.youtube.com/watch?v=deo0wK8HM_0
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Мене ич не ми се допадна новата епизода. Несвојствена за ваков тип на серија.
    Клише момент кога испадна дека затвореникот не е затвореник, сто пати превртев очи на моментот. Не знам до кога вака ќе ја тераат, ама не ми се допаѓа насоката.
     
  17. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    10.190
    Пол:
    Женски
    Според крајот на сезонава моја прогноза е дека наредната ќе биде и последна. Фиц ете ја избрка Мели, си ја врати Оливија и сега во наредната сезона ќе го изберат повторно за претседател и така. Се изненадив за Хак, не очекував дека ќе му служи на Команд ама добро, страв и се друго си го прави своето. И многу ми беше јако како Оливија го зафркна татко си. Многу страшен човек, малку му е тоа што го снајде.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Arabella

    Arabella Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Мене ич не ми се допадна финалево. Некако наеднаш се случија многу работи, Лив го местеше татко и, ништо не успеа, и на крај за 2 мин. го затворија. И мислам дека Фиц нема право на уште еден мандат, нели овој му е 2? Се измешаа на крај работиве со Сајрус и Мели. Според мене првата и втората сезона беа подобри, и се надевам нема да одолговлекуваат и дека ќе заврши со четири сезони. А да и се надевам уште ќе го гледаме Џејк. :inlove:
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Мене да ви кажам право ми досади од papa Pope, многу ми е антипатичен човеков, па и секоја сезона испаѓа мастермајнд. Доста му беше.
    На Фиц му е втор мандат, сè ми се чини дека Мели ќе биде следна :D
    Само не ми беше јасно баш зошто Фиц ја избрка Мели, до душа настрадаа невини луѓе заради нејзе, ама немаше друг избор :?:
    Немам некои преголеми очекувања од следната сезона, ама ќе видиме.
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Ви ги читам коментариве и се мислам дали да продужам кај што застанав. Зашто вака бе сите најјаки серии ми ги уништија па шкњмњпљ:swear::@