Скапоцени камења, нивното значење

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Gordana10, 27 јануари 2010.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Еве да се цитирам :) На прикачената слика имаш контакт од Деко.
     
  2. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    3.733
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не вршат достава
     
  3. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Машки
    Никаде не е докажано дека камењата ги лекува луѓето што се депресивни, несреќни и сл.
    Каменот/Кристалот е украс, за друго ништо не може да ти помогне.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  4. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.606
    На овие од Биокварц им укажав дека продаваат опалит, а не месечев камен, ми го избришале коментарот. Значи не се работи за неинформираност. Следно што видов, продаваат "авентурин", пластика нарачана од Алиекспрес. Срамота!
     
    На Cherry blossom89, Mantub, Limpan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. girly.cute

    girly.cute Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2020
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Епа очигледно навистина продаваат лажни кристали. Среќа што не порачав затоа што ем не се вистински а ем не се ни баш ефтини.
     
    На Limpan и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. Visnicka1

    Visnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Сакам да земам аметист.Прочитав нешто но сепак сакам мислење/искуство од некој што има по детално ако може.Водолија сум,родена во јануари.
     
  7. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885
    Ај да ја активираме темата. Нарачав црн турмалин, а сакам и горски кристал. Како им се цените на тие? Celesta crystal shop ги гледав.. Не знам дали вреди, околу 1000 ден се движат.

    Ја исчитав цела тема. Не можам да си го редактирам претходното мислење. Морам нешто да кажам и прашам.
    Имам прстен од баба ми, но таа е почината и не можам да ја прашам. Златен е со зелен камен. Дедо ми не е сигурен, но мисли дека е смарагд, зошто скап бил и на рати го плаќале тогаш. @PurpleMind ако не ти е проблем да го сликам да го видиш? Гледам се разбираш. Го однесов еднаш на златар за да го стегнат каменот беше лабав. Го прашав златарот за каков камен станува збор. Ми се изнасмеа и кажа дека е фарбано стакло, и он купувал такви од Солун за 10-20€. Јас се инатев му кажав да внимава, ако не е вреден за него, за мене е спомен. Зеде некоја направа и рече дека ќе ми докажел дека е безвреден. Кога ќе го допрел ако не се поместела стрелката значи дека е стакло. Направата имаше неколку нивоа. Кога го допре каменот се помести стрелката малку негде помеѓу второто и третото ниво. Златарот малку зачуден рече дека сепак тоа не е скапоцено нешто, требало многу повеќе да се помести стрелката за смарагд или дијамант или било кој скапоцен камен.

    Кај друг златар многу ми се допадна златен прстен со огромен камен, бојата беше неодредена, се прелеваше од портокалово кон кафено. Ми го покажа и го врати во сеф. Рече дека е руски килибар и дека не ја знаел точната вредност затоа и не го продавал, можел да биде проценет и до 30 000 евра. Неколку пати имав одено да купувам сребро за подарок, да носам накит и часовници за поправка и секогаш очите ми се во тој прстен. Последно бев пред една година. После некое време од првото видување на тој прстен мене нешто пак ме однесе до таа златара, однесов златна алка за скратување и прстенот веднаш го видов во излогот. Побарав да го пробам, мислам дека како заљубена сум во тој прстен, ден денес уште го мислам, а поминати се повеќе од 5 години откако прв пат го загледав. Кога прашав за цена ми кажа 200 евра ќе ми го дадел со попуст бидејќи сум досадна со тој прстен. Инаку го продавал за 350.

    Имам 3 прашања:
    1. Дали некој може да го види мојот прстен и да каже дали е смарагд?
    2. Дали да го купам прстенот кој ми се мота во глава (златарот вели рускиот килибар)?
    3. Дали згрешив што порачав црн турмалин за 1000 ден од Celesta Crystal Shop?
     
    Последна измена од модератор: 11 февруари 2021
  8. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Машки
    Некој контакт од приватен некој што продава камења со добар квалитет?
     
  9. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.606
    Сликај да видам дали ќе можам да проценам по слика.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885
    Утре ќе сликам на дневна светлина, сега ќе ти сликам во ЛП.
     
  11. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    2.565
    Пол:
    Женски
    Скапоцените и полускапоцените камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми.

    Пример за таков камен е Аметистот.
    [​IMG]
    Аметистот е познат и како камен на среќата. Предизвикува смиреност, спокојство и помага при расеаност и главоболка. Аметистот штити од стрес, несоница и ментална напнатост.

    Дали имате искуство со носење на вакви камења?
    Колку се оригинални кај нас ваквите камења?
    Дали пред се верувате дека може да ви помогнат?
    Слободно можете да пишете и други камења кои ги знаете или ги имате и како сте задоволни.
     
    На Trnoruskaaa и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  12. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885
    Потрошив околу 2000 ден за кристали. Купив од Целеста Кристал Шоп од инстаграм. Изгледаат како да се вистински и природни, но не сум 100% сигурна бидејќи не се разбирам доволно. Сега најдов еден човек семеен пријател кој се разбира од кристали и изработува накит. После ќе отидам до кај него и ќе му ги однесам да ги провери. Ќе ви пишам да кажам дали се вистински или пак станува збор за стакло од алиекспрес.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  13. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    5.918
    Што направи?
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885
    Сега се вратив пред еден час. Овие од целеста сите се вистински. Ги провери и со направа за да биде сигурен. Рече дека и по реална цена биле продавани бидејќи не станувало збор за ретки камења, природни, вистински но пример турмалинот и ахатот се доста застапени.
     
    На Dashing:) му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.384
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Имате молдавит (се надевам така се вика, анг:moldavite). Вистина ли е влијанието на кристалот?
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.782
    Допаѓања:
    40.612
    Пол:
    Женски
    Не е
     
    На Hellobeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.910
    Допаѓања:
    16.901
    Пол:
    Женски
    Се разочарав, јас нарачав од алиекпрес мислев дека се вистински ;(.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885
    Не мора да значи дека не се вистински од алиекспрес. Но треба да се проверат. Некој што има таква направа и што визуелно знае да процени може да ти каже дали се вистински. Јас имам ахат порачано од алиекспрес поодамна. Го проверивме, вистински е. Но сепак, провери го. Одредени камења кои не се ретки, и кои се ефтини може да се вистински. Ете мојот ахат од алиекспрес беше вистински. Имав горски кристал демек од алиекспрес, тој беше лажен, чисто стакло исфарбано. Зависи.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.133
    Пол:
    Женски
    Вистина е , да не знаеш каде се продава ?
     
  20. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    За што ги купувате камењата, може некој да ми објасни?