@Ahoy Продавницата Feng Shui во Карпош исто, сега се сетив бидејќи имам таму купувано - еве разгледај ама не се баш онлајн они, имаат во продавничката милион ствари. Не знам конкретно за алки, јас прстени и каменчиња обични имам купувано. https://www.instagram.com/fengshuibuddhashop/?hl=en
Фала ти, и овие ги најдов да, заборавив да ги спомнам. Гледам дека се разбираш, еве отприлика колку е реална цена за алка со вистински кристали? Конкретно овие ми кажаа дека алките им се движат 500-1000 ден., ваљда се реални, или...?
Не се премногу разбирам, ама бидејќи кристали не се ретки, не се ни толку скапи, отприлика толку се. Особено за алка, која не е ни нешто прегломазно и големо. Во Фенг Шуи речиси можам да гарантирам дека се реални, затоа што се познава по изгледот, по тежината и тие што се поретки кристали навистина си ги вреднуваат повеќе, нејќеа попуст да ми дадат на одредени.
Да. Адресата е Никола Тримпаре 61, не знам како поинаку да објаснам затоа што не сум од Скопје. Близу кафиќот Кашмир.
За скапоцени камења не се разбирам ама за злато знам и имам најдено со детектор моментално имаат огромна вредност
Здраво, дали некој има познавање за розен кварц да ми помогне? Kупив розов кварц во март оваа година, тешко ми беше за една личност; ми помогна да имам „чиста глава“ и да разберам што сакав тогаш. (Да бидам појасна таа личност не беше демнеач или некој што ме злоставуваше, туку само тип што флертуваше со мене и јас не бев во можност да одлучам што ми треба и што сакам во тоа време). Еден сончев ден сакав да го исчистам кристалот и го оставив на тераса и заборавив околу 1,5/2 саат и пукна горе, сепак имаше врв но имаше гребнатини. Го покажав кристалот на жената што ми го продаде и таа рече во ред,можиш повторно да го користиш. Подоцна не дека го користев кристалот, тој стана побел, а розевата боја речиси исчезна, не бев загрижена бидејќи се чувствував добро и кога сакав повторно да го користам само „го наполував“ или само мислев дека е наполнет затоа што никогаш не почувствував дека кристалот повторно функционира за мене. Во меѓувреме, лицето со кое ми помогна кристалот само рече дека нашол девојка и јас сум добро со тоа, тој сè уште беше несигурен во врска со неа, сè уште сакаше да биде близок со мене, но јас не бев заинтересирана. Минатата недела ми беше навистина тешко од други причини и тогаш помислив дека можеби ако го скршам кристалот би можела повторно да го користам како друго парче, се обидов да го скршам, но само силно светна внатре и не се скрши, сфатив дека не сакам да го чувам дома и го оставив над климата надвор (на тераса), тоа беше пред два дена, денес го видов профилот на девојката на тој тип и видов дека сега е поблиска со негова другарка, искрено почувствував малку љубомора, но добро е, но во моментот кога го отворив неговиот профил на социјалните мрежи, само слушнав некое тропање надвор, во истиот момент знаев дека е кристалот, излегов надвор и го зедов кристалот со мене. .сега го држам и не знам што да правам со него, дали да го наполнам повторно? или можам да го користам само како сувенир? Дали е ова некој знак или е само случајно? Што мислите вие? Речиси е бел, едвај се познава розовата боја
Здраво. Може ли некој да ми каже дали дуќанчето на Деко работи уште. И ако да да ми напише точна локација бидејќи не сум од Скопје. И дали постојат други продавници од каде може да се купат вистински кристали? Ви благодарам
Da seuste raboti, na Rekord, strog centar vo Skopje. https://www.facebook.com/p/Македонски-Рубин-Macedonian-Ruby-100063663240391/ eve nivni fb, mislam imaat i web strana, samo napisi Makedonski Rubin, jas si kupiv lance od tamu pred 2 meseci
Здраво.. бидејки не најдов друг форум за скапоцени драги камења да прашам тука.. дали знаете некој што испитува вистински емералд сафир дијамант..
Јас пред неколку години за црн дијамант не најдов во Скопје. Па преку пријател завршив работа во странство. Го купив 2.000$ од друг пријател, ама сакав да го испитам за секој случај.
Од каде наогаш кварц, баш пред некој ден ми излезе една страна со ланчиња и кварц привезок. Од каде знаеш дека е оригинал? Ова беше 600 денари и некако не ми беше верно.