Горскиот кристал е камен со проѕирна боја.И тој е еден вид на полускапоцен камен.Ако немаш таков ,тогаш стави го во било каква саксија со цвеќе.
Има грешка во темата, камењата за кои зборите се полускапоцени или полублагородни камења. Има еден дечко што ги обработува и може да нарачате накит од него.Еве линк https://www.facebook.com/karasarlidis.minerals?fref=ts
Девојки во ГТЦ во индиската продавничка може да се најдат сите овие камчиња и точно според хиросокопскиот знак и каде и како да се употребат и се по многу простапна цена од 39 денари..за толку вреди да им ја испробаме мооќта нели? има и многу интересни мали буда фигури за среќа, јас би ризикувала и со нив сепак малку верба, позитивизам и надеж на никој лошо нема да ни дојде
Ај ако можете пишете нешто повеќе околу аквамаринот, начинот на одржување и сл. Скорпија сум во хороскоп и денес се подновив со аквамарин
Повели нивниот сајт http://www.facebook.com/elena.dimitrova.585559?ref=ts&fref=ts А К В А М А Р И Н Обоеност: Светло сина, како морска вода Основни карактеристики: Заштитник на патниците и камен на храброста. Ги прочистува старите самоуништувачки матрици вкоренети во биополето на луѓето. Ги смирува стравовите и го прочистува петтиот енергетски центар. На духовно поле ја изострува интуицијата и помага да се поврземе со повисоките нивоа на свеста. Аквамаринот ги штити аурата и чакрите и ја ослободува блокираната енергија. Терапевтски ефекти: Најкорисен е при болки во грлото и воспаленија во усната шуплина и непцата. За таа цел се изработуваат различни лосиони и тинктури со кои се испираат грлото и устата. Се среќаваат записи дека овој минерал успешно се користел за превенција од пролетни алергии. Познат како камен на храброста и одважноста. Поттикнува брзи интелектуални реакции. Дава мир, смирувачка комуникација и штити аура. Ги чува артериите, ја јакне самосвеста, во брак ги продлабочува љубовта и верноста. Одржување- секој месец на полна месечина се мие две три минути во млака вода и се остава надвор да се наполни од полната месечина цела ноќ,а утрото се внесува внатре.
Јас имам јаспис или карнеол (мислам дека е исто). Го добив за поклон според хороскопскиот знак, овен. Го носеле храбрите жени и верниците хихи многу работи ми прочитаа за каменот, многу и заборавив. Сега кога ќе размислам, од кога го имам навистина многу нешта во животот ми се на вистински пат и сега не се разболувам толку често пу пу, ама јас си верувам дека тоа е поради мене или промената на клима, ама не се знае. Обично секогаш се сомневам, немам конкретен одговор. А дека изгледат убаво, изгледат Се може да биде пласибо ефект, пааа... верувајте
Некој погоре има спомнато дека ги има во индиската продавница во гтц за само 39 ден. Сакам да прашам дали тие камења што се продаваат таму се вистински или некоја евтина копија на полускапоцените? Бидејќи не ми е логично во другите продавници да бидат по 300 денари, а тука само 40
Општи прашања Каде може да се купат полускапоцени камења и по која цена? И ако знае некој да пише кај има најевтини?
Девојки, да не знаете каде можам да нарачам од овие драгите камења.. ми требаат малахит и авентурин,лапис лазули и горски кристал. Ако знае некој нека ми помогне ми треба итно.
Вага: опал, лапис лазули; Октомври: опал, розов турмалин; кој знае можеби има нешто вистина, за влијание на нашите скапоценети камења според месецот на раѓање и хороскопскиот знак
Ова видео ке ви помогне да сватите некои работи за скапоцените камења. Ова е видео од научен аспект и научно истражување на National Geographic Channal. Од видеото може да се заклучи дека скапоцените камења тешко може некој да си ги дозволи, зборувам за вистинските скапоцени камења. http://channel.nationalgeographic.com/c ... formation/
Здраво цурици! И јас сум до негде заљубеник во овие полудраги каменчиња...до скоро не бев. Но, некакко почнав да си верувам дека влијаат. Најдов неколку линкови на нет од луѓе што обработуваат вакви камења. Цените, се праспрашав, им варираат но во главно 500 ден. за привезок со средна големина. Еве неколку линкови. https://www.facebook.com/profile.php?id=1431925660&fref=ts https://www.facebook.com/pages/Poludragocen-NakitПолудрагоцен-Накит/157913384368369
Имам јас хематити, магнетити, бисери, пустински песок, фуксит, розев кварц, ануолит (рубин во зоисит), корал ми дадоа за роденден затоа и многу ми значи уште сега, поголема моќ имаат ако се подарени. Горскиот кристал пукна од премногу негативна енергија, читав дека тоа се случува пред некоја личност со која не треба да контактираш и стварно ми пукна на пола пред едно девојче од коешто добро е што се тргнав. Но, не знам зошто ги купувате по толкави цени, авентуринот како прстенче го земав за 30 денари, и тоа ептен зелен авентурин, не како оние побледите. Читав на нет дека тие позелените поскапо се продаваат поради нивната поголема моќ. Индиго кијанитот го земав од нет за 70ден. на аукција беше... Значи може да начекате луѓе кои не се разбираат во нивните вредности или пак да купите од оние први производители што ги ископуваат камењата, кај тие е ефтино. Има по интернет најефтини, ќе треба да почекаш 3 месеца, ама па и помалку плаќаш. Цената мене ми е повеќе важна пошто сакам сите да ги имам, па да почнам со изработка на накит така што морам да ги барам за поефтино А за тие како мене што земаат од некаде од кадешто не се сигурни дали се навистина камења, можете да си ги проверите на оган - ако се лажни, ќе почнат да се топат... Тоа не важи за амберот/ќилибарот, се исто, тоа е всушност смола така што на оган можно е да почне да се топи, затоа со нешто остро забодете во него, малку ќе се продупчи, но потоа пак ќе се врати како што си било.
Гледано од тој аспект, кристалите не може да се исфарбаат за да личат на други, но затоа постојат бизниси кои се бават со т.н. Вештачко растење на кристали. Во моментов можеби не си запознаена, но ова и те како е распространето што воедно е застрашувачки бидејќи кристалите се идентични со вистинските (откопани), а сепак ја немаат исцелувачката моќ бидејќи се вештачки создадени.
Ги има на алиекспрес по доста ниски цени, јас на пример порачав алка од тигрово око која кошташе негде 3 долари. А овде само едно каменче е можеби и повеке.слична алка овде од тиркиз е околу 400 ден,а тигровото око е секако поскапо.Ке почекате малку подолго но за истите пари можете да си купите повеке.Истиот накит со палускапоцени камчиња што го нудат овде ,истите ги има на алиекспрес и алибаба и најверојатно и тие од таму ги набавуваат.
Не сум сретнала поголем манијак за кристали од мене. Купив толку многу што сега не знам што да им правам и решив да ги продавам. Кој е заинтересиран, нека ме контактира преку пп(бесплатна достава до вашата адреса). Имам различни видови на кристали во различни големини. Дел од нив ги користам за правење накит, страната ја имам споделена на друга тема, ќе ја споделам и овде, кој е заинтересиран нека види. https://www.etsy.com/se-en/shop/ProductsOfGaia?ref=profile_shopicon
https://www.etsy.com/se-en/listing/...from-polymer-clay-and?ref=shop_home_active_10 https://www.etsy.com/se-en/listing/...necklace-from-polymer?ref=shop_home_active_24 колку коштаат овие два?
Опал од каде да најдам? Карактеристики какви има? Гледам според месецот и хороскопот тој ми е заеднички знак