Опалот е проклето скап и имаш повеќе видови на опал. Јас имам онаков обичен без оние бои во него(ќе го сликам ако сакаш, грд е ) и виножито опал(со бои). Овој со бои е тој скапиот. На пример ова мало парче(горе на челото) од неколку милиметри ме кошташе десет евра.
знае ли некој што камен е ова?прозирен е личи на горски кристал но е како избразден со црвени и зелени прозрачни линии Исто и овој личи на розе кварц ни има многу појака боја од него,лево камчето дали ова е опал? И дали некој знае што се камењава ,најдоле мислам е сончев камен,над него горски а другите??
Првите две слики - флуорит, на втората слика големото е розов кварц, малото ми изгледа како обоен камен. На првата слика имаш опалит, тоа е стаклен „камен“ направен од човечка рака. На втората слика имаш горски кристал, оние зеленкастите изгледаат како кварц со турмалин, од останатите ќе мораш да ми испратиш подобра слика некоја. Иначе, еве ДЕЛ од моите и чекам уште да стигнат.
Фала за одговорот ,претпоставував за јакото розе дека е фалц,не личи на никој кристал,можда е обоена смола,за високот е розе кварц,и како таков го порачав ги стаив заедно за споредба,иначе камчињава ги нарачав од алиекспрес и за два долари кесе од 50грама очекувам вистински,а и тие што се јака жолта , е сега најдоле десно е цитрин купен од Деко,а останатите се од али,тоа малото наликува на цитрин што е до вистинскиов,ама другите ми изгледаат како фалц,премногу се некако чисти ,јака бојата. Иначе кристалчиња ,си собирам ама најубавите си ги имам изгубено,носејки ги како привезок,иначе имаше период кога на другарки им подарував камчиња,и за чудо им тргнуваа работите,на колешка се обидуваа за дете и подарив жад привезок абе следниот месец остана бремена,другиа кои со дечковците не знаеја на што се ,завршија со брак,можда случајност, а сум читала дека е најубаво да ти ги подарат,или она што прво ке ти падне во око да го купиш,првиот пат кога отидов кај Деко продавницата ,најстариот сопственик тогаш имаше 86год,а е одамна ни даваше две камчиња кои ни се допаднале од прва да ги држиме у раце,она кое ке ти ја испоти раката е за тебе,јас тогаш одбрав ахат кој не го вадев од мене ,кој на крај,го изгубив у море.Иначе ова е она што во моментов го имам,поздрав и секое добро
Никако купување од али експрес, сѐ е тоа фејк. Викаат дека кога кристалот ќе си го исполни она за кое е наменет, се „губи“ од рацете на сопственикот. Иначе, тибетски месечев камен...
Преубав ти е прстенот,всушност имаш преубава и богата кокекција на кристали.Аод каде ти е купен прстенот?сигурно е скап.А големите кристали од тука ли ти се набавени?зашто кај Деко кога прашував беа многу скапи со неколку стотини евра,па не бев воможност да си купам,позз
Фала. Формата на прстенот не ми беше нешто wow, ама каменот ме излуде. Ништо не ми е набавено од Македонија, затоа што не ни живеам таму. Неколку стотини евра? Што продавал, геоди од 20 кила? Скапи се и големите кристали, не дека не, али еден поединечно највеќе ме коштало 70 и нешто евра, аметист геодата, еве ја. Има ли тој Деко линк со слики да видам што продава и каде се наоѓа? Јас пред некоја година влегов во една таква продавница, чинам во трговски беше и не бев нешто воодушевена од изборот и изгледот. Пишав погоре, јас имам кристали за продажба, кој е заинтересиран, нека ми бише. Успат, видете го флуоритов, го сакам!
http://www.mkrubin.com/za_nas.html Мене сите камчиња ми се од Деко, имам аметист, лапис лазулит, македонски рубин и горски кристал. Не ни знаев дека на друго место има камчиња кај нас. Деко е многу пријатен човек и објаснува се што те интересира.
Овака изгледа одлично. Не е таа продавничка во која што влегов. Еве ви две видеа од денес. Дефинитивно камењава ми делуваат како терапија. https://www.facebook.com/ljupkas.smycken/videos/1977386835818230/ https://www.facebook.com/ljupkas.smycken/videos/1977386505818263/
Ставив добар дел од кристалите овде, кој сака нека ѕирне. Ќе ставам уште кога ќе имам време. https://www.etsy.com/se-en/shop/ProductsOfGaia?ref=seller-platform-mcnav
Флуоритот не ми е за продажба, го купив да го обожавам по дома. Иначе ме кошташе 17 евра+18 евра поштарина. 15цм обем.
Знам, затоа му нарачав специјален држач со лед диоди, да блеска и ноќе, како што му личи. Види го овој.