Од Etsy, беше скоро 200 евра. Јас ги имам за продажба, ама не сум во Мк. Пробај да ги најдеш на местава што ти ги препорачаа, ќе ти биде поевтино. Ако никако не успееш да најдеш, а многу сакаш да имаш, контактирај ме по пп.
Здраво, ај за познавачите на камења прашање. Работиве ги купив зошто ми се сфиѓаа но ми рекоа дека призирното е со горски кристал, а црново незнам што се, некои се како прозирни некои не.
Добив за подарок ланче и обетки со син топаз. Не ми полудрагиот камен според хороскопскиот знак, ама им бил најубав и бидејќи знаат дека сакам сина боја го одбрале топазот. Дали некој може да ми каже за што е топазот и како да го користам?
Сакам да си купам, но многу многу не се разбирам во скапоцени камења.. па затоа ми треба ваше мислење Јас сум инаку личност која ја собира цела негативна енергија од луѓето, па затоа си барам некој камен кој ќе ме смири, ќе ми помогни со справување со стресот, анксиозноста.. Значи ми треба чувар од негативна енергија
Другарка ми едно време беше ептен навлезена и купуваше различни кристали, си ги чуваше или во новчаник, некои дома а некои на ланче. Ми збореше дека наводно осеќала позитивна промена од некои. Еднаш ми имаше кажано дека влегла во продавница со намера да купи конкретен кристал, ама уште одма ја привлекол некој друг и тој го купила. Кога дошла дома пребарала за што служи, беше нешто за самодоверба и поубаво да се чувствува во врска со себе. А баш тој период ми се жалеше за истото. Јас кога бев средно, вујко ми ми подари алка со некои кристалчиња, виолетови беа, демек за поголема концентрација и успех во учење, ама јас ко што не носам накит после неколку пати носење ја забаталив негде. А и ме мрзеше да ја чистам цело време, да ја оставам на сонце/месечина. После некоја година исто ми подари некој кристал како привезок за ланче, ама ни тоа не носам, и ете ми седи во фиока. Вака на изглед ми се многу убави сини, зелени, тиркизни, светло виолетови и проѕирни/бели кристали. Не ми текнува имиња во моментов. А дали имаат некои "магиски" својства поима немам, зошто ниеден не сум задржала доволно долго во моја близина за да приметам.
Јас бев во Деко со цел да си купам Карнеол, но продавачката што беше најпрво ми објасни убаво околу бирањето на камен. Ми кажа да ги видам сите камчиња и тој што најмногу ќе ме привлече да и кажам. Одкако го одбрав камчето ми кажа дека е Аметист и кога ми објасни за камчето баш беше поврзано со тоа што ми требаше. Мој совет е ако си од Скопје да ја посетиш продавницата се наоѓа на Рекорд, продавачката е премногу фина ќе ти објасни се убаво
Зависно од големината од 50ден нагоре само камче. Инаку има и за привезок тие беа од 300ден нагоре. Имаше и ланчиња ама за тие не прашав за цена
Не сум имала досега ниту пак имам познавање, вака на изглед ми се интересни. Очекував цена далеку повисока, 50 денари ми изгледа евтина. Се работи за вистински камен или имитација? Дали има врска со големината, видот или...? Ништо не знам, само знам дека сакам да си купам. За влијанијата сум скептик, повеќе од страна на хоби би ги гледала, ако е тоа погрешно и причина да не купувам, кажете ми. И гледам дека ви даваат во моментот да си изберите кое го сакате, шо ако сакам да го давам како поклон, како би знаела кое е вистинското за човекот, или по мој ќеф? Ако сфати некој шо сакам частам камче. Некој поупатен?
Јас имам од кај Деко купувано камчиња пред неколку години. Не се имитација. Вистински се. Ама поради големината и што ги има премногу затоа се со таква пристапна цена. Колку е поредок, поголем каменот толку е поскап. Инаку не се залажувај да купуваш од луѓе на тезга што што продаваат, што би рекла јас на улица Тие се сè само не скапоцени камчиња.
Пајко, за во Скопје знам дека има во Деко и во една чудна продавничка карши Кашмир кафичот во центар, таму се продаваат и миризливи стапчиња, есенцијални масла, Буда фигурички, ти кажувам вака сликовито зошто не знам како се викаше продавницата. Се согласувам со @cresa-jagoda некои од нив се доста чести а и купуваш малецко камче така да затоа се ефтини. За друг ако купуваш евентуално можеш да прашаш какво камче сака, а ако не сакаш да прашуваш купи си некое по твое желба, според тоа што сметаш дека и е потребно на таа личност, веќе ако одиме по тоа дека имаат некои својства. Можеш пред тоа да си прочиташ на самата страна на Деко кое за што е или на нет, или па на лице место да си прашаш. Е сега, ако веруваме до крај камчињата треба да се чистат, па да се полнат на месечина/сонце, и тоа можеш да си читнеш точно како требаше. А и да не веруваш у некои нивни "магиски" својства пак можеш да си купиш зошто убаво изгледаат.
Да, видов се пишувало за Деко, од таму и сакав, три пати одев специјално и ми беше срам да влезам, дека неинформирана. За поклонче ми требаше, си реков да не згрешам ако купам шогоде, а и ко била таква работата и за мене едно. Фала ви многу @cresa-jagoda @blueeparadise
Дали каменот мора да се бира според хороскопскиот знак? Јас сум јарец а добив за поклон месечев камен (опал)