Само кај Деко можеш да купиш оригинал каменчиња. Од онакви страни на интернет само парите ќе си ги дадеш за џабе, вештачки се.
Не, опалитот е човечка креација и е имитација на опалот. Опалот изгледа поинаку(во зависно од видот) и е доста скап.
@Nikolovska09 Бидејќи е вештачки добиен, нема никакво дејство, исто како да си носиш некој друг обичен накит.
Здраво. Сакам да порачам ланче со кристал, од некоја од страните на фејзбук. 1. Мк Планета 2. Biokvarc Во хороскоп сум рак. Кристалот ми требе бидејќи сум некако несреќна, депресивно, постојано сум под стрес а и немам среќа во љубовта. Една жена која што се занимава со тоа ми препорача да земам Горски Кристал, па се мислам дали горски кристал или аметист. Ве молам кој се разбира да ми помогне во изборот. И дали некој има порачувано од тие страни и искуство да сподели, дали се добри и ефикасни... Фала многу❤️
Јас се мислев дс нарачам од биокварц страната на фб, розов кварц сакав да нсрачам за среќа во љубовта било тоа, но овде прочитав дека на рекорд имало продавница за такви камења се викала ДЕКО и биле најдобри, а овие по страните на фб не се знае и дали се вистински така да јас ке си купам од кај деко
Затоа и прашав. Дали некој има можеби искуство со Biokvarc и Мк Планета. Бидејќи на Biokvarc ланче со кристал е 350 денари со кожено и 600 со сребрено. И плус достава е 120. Не се малку пари па поради таа причина сакам да бидам сигурна дека купувам висински кристал, кога веќе давам пари да има корист и да ги дадам за убаво На биокварц во коментарите читав дека луѓето се задоволни и дека имале ефект кристалите кај нив, и тоа баш
Да ти кажам не си ги фрлај за џабе парите, за нешто вештачко. Не се вистински кристали. Уште на слика се гледа. А лажни коментари сегде можеш да најдеш. Не се залетувај по такви фб страни. Само кај Деко ако сакаш да купиш. Таму и ќе ти објаснат најубаво какво камче да одбереш. Одма на лице место ќе познаеш дека се вистински многу има разлика од ова што го продаваат овие фб страници.