Вака јас бев на Скијатос, сместени сме во Вила Есперос во областа Трулос преку Ескејп травел. Прво за вилата, убаво е наместена само не сме задоволни зошто првиот ден чекавме 2 саати плус да се исчистат собите и плус не беа убаво исчистени и понекогаш нема топла вода. За плажите до сега бевме во Трулос, убава е плажата лежалките се 8 евра две со чадор. Потоа кукунарис е преубава плажата со ситен златен песок, 10 евра се 2 лежалки, кафето е околу 3 евра обично, 4 евра нескафе. Гирото е секаде околу 3 евра, кока кола 2 евра, пиво 3 евра. Во маркетите исто не е многу скапо, вода мала е 30 ден, голем пакет 2.5 евра 6 води, кока кола 1 евро.. Значи не е прескапо како што кажуваат. Проблем е со превозот, има на 15 мин автобус од градот до плажите ама попладне се преполни и може на некои станици да не застане.. Цената е 2 евра од градот до кукунарис последната плажа. Градот е преубав, прекрасни таверни, кафичи.. Да одите да не се мислите ич.
Здраво, дали некој лани бил на Скијатос, да сподели искуство, дали го препорачувате, дали е океј за млади, и како се движеа цените?
Дали некој има патувано во Скијатос со сопствен превоз, бидејќи сакаме со кола да одиме сами би сакала да слушнам искуства?
Одлично е за млади, преку ден има неколку плажи на кои има журка од среде пладне па до зајдисонце, ама лежалките, искачањето и хранењето надвор е доста поскапо во споредба со другите острови за млади (пример Крф или Закинтос). Зависи за колку млади станува збор, според мене не е за студенти на буџет. Ама островот прекрасен.
Доколку некој бил или допрва ќе оди оваа година, да пиши за цени на лежалки, гиро, кафе, пијачка, просечни ресторани и маркети во споредба со кај нас?
Здраво, јас бев во Скијатос претходното лето. Можам да кажам дека ми беше едно од најубавите лета! Цените не се високи, стандард како Грчка. Гирото беше од 4.30-6 евра мах. Повеќе од 5 евра не памтам да плативме. Има многу добар и организиран автобуски превоз, ние бевме без кола и не рентавме кола ни скутер. Плажите се со многу ситен песок и водата е кристално чиста. Сместени бевме близу до плажата Трулос која ни беше и најомилена. Лежалки имаше но не ја знам цената бидејќи има доста место за да постелиш крпа и доста убави сенки затоа што островот изобилува со многу густи дрвја. (Не ни требаше чадор). Бевме на Кукунариез плажата и одевме со бус, блиску беше околу 7 мин. Не ми се допадна затоа што е доста исфорсирана (не знам зошто), водата е убава и плажата, има многу барови и лежалки, музика итн. Нема многу место за крпа, па само таму плативме две лежалки вк: 10 евра. Не ми беше ништо посебно, повеќе сакам диви плажи или без многу народ. Бевме на крстарење до Лалариа плажата преку водич од агенција. Чинеше 20 евра. Преубава и вреди. Се оди само со бродче. Нема ни лежалки ни бар ни ништо. Чиста природа, со каменчиња ситни. Понеси си вода и храна со тебе. Околу два часа бевме таму. Преубави слики можиш да си направиш. Водата е кристално чиста. Имаше карпа паднато пред некоја година но нема потреба за страв. Бевме и на уште едно крастарење на другиот остров Скопелос, кое исто така вреди. Бевме на повеќе плажи , мислам дека беа 3 плажи (преубави!), потоа бевме на Mamamia Cliff , се качувате по 100 скали ама погледот е неопислив. И не е напорно, имаше и повозрасни лица кои што се накачија. Има и блиску плажа Мама миа, интересна е , но имаше големи бранови. Водич ни беше Катерина, таа таму живее и ти објаснува се, можеш да ја прашаш било што. Ќе си имате контакт преку вибер. Ова крстарење мислам дека чинеше 30 евра. Потоа, бевме на банана бич, превозот не те остава скрос до плажата, туку има една нагорнинка и се оде пешки. Не е тешка. Таму лежалките се 30 евра. Но исто, има сенки и можиш да си постелиш крпа. Исто многу убава плажа. Бевме и на плажата Елени, таму се гледа многу убаво зајдисонцето. Но подобро да одите околу 18:00ч таму , затоа што цел ден не вреди на таа плажа. Водата не е баш најдобра, и песокот онака.. музика има и бар ама мислам дека беше скапо. Исто има лежалки и многу место за да си постелиш крпа, но нема баш сенки на таа плажа. Тоа се скоро сите плажи што се достапни. Нема многу, не е голем островот. Има многу диви плажи но не се достапни баш. Освен, Мандраки плажата, одевме пешки со дечкото, нема превоз. Од каде што бевме сместени земавме бус до елени мислам плажата па од таму пешки( нагорнинки, удолнини..) потоа е рамен земјен пат. Искрено најногу вредеше. Може ке се предомислиш кога ќе тргнеш, но потоа ептен ќе се исплати! (На гугл мапс лоцирај а локацијата и направи си скриншот од мапата, секако има и насоки и знаци. Широка, песочна, дива… прекрасна. за смештајот гледај подобро да ти биде близу плажите ако не сакаш да патуваш 30мин до плажа секој ден. Но и да си сместен во градот, нема да ти биде малтретирање со бусот до плажите затоа што го има често, брз е, околу 2 евра мах. е картата, и има интернет во секој бус. (Брзо ќе ти помине времето). Градот наликува на Санторини или Миконос. Со такви бели плочки, тиркизни ресторани… кафиќи, продавници, аптеки, таверни… има и еден часовник , по скали нагоре се качуваш и се гледа цело градче и ако има и зајдисонце многу убави слики можиш да направиш. Таверните не се скапи. Има коктели секаде и се по 10 евра мах. Има и happy hour и тогаш се многу поефтини, околу 6-8евра. Во апартманот имаше кујна и ние си носевме храна со нас. Лидл нема, па ако сакаш да јадеш по таверни или ресторани или да купуваш секој ден, не знам дали би ви се исплатило. Но не ми остави впечаток на скапо место. како и дае, ако се одлучите преубаво ќе си помините!
Скијатос 2023. Градот - Крушево во пазарен ден. Има своја убавина, но презагушливо, воздухот нема како да циркулира, корне на издувни гасови од мотори кои на дваесет секунди ти пресекуваат пат и пазиш само да не те испогазат. Цените, прилично поскапи од било кој остров. АМА ЗАТОА јас се заљубив во Кукунариес. Само што стигнавме знаев дека тото веќе не е во Канзас
Здравоо на сите, летово одам за Скијатос па сакам да ве прашам дали некој бил во Хотел Белведере ама во бунгаловите да сподели искуства?
Ние ќе одиме со кола, како е за паркинг на попопуларниве плажи? Идемњ во своја режија не преку агенција, гледам има опција и со авиом да се оди....
Здраво, девојкии. Дали има превоз за навечер од областа Трулос до градот? Се мислам оваа лето да одам но гледам дека Трулос е подалеку од градот и не знам како е за навечер, па ако може некој да сподели искуство. Ви благодарам однапред
Da ima, avtobus, 3€ e vo pravec, za nekoj 20min se stiga do centarot i avtobustie se na sekoj 10tina min, i navecher posledniot e vo 1:30am, nema da imash gajle odi