Не е живо, на Папаијамантис мислам се викаше улицата до шеталиштето на пристаниште се е за јадење ресторани, воглавно фамилии и пензионери. Има две три места така со музика за пијачка во една споредна уличка и на пристаништето, ништо друго. Смести се во градот, превозот до плажите е супер организиран и лесно и брзо се стига. Плажите се топ, за навечер нема журки, само тоа што ти кажав. Млади слабо, преполно со фамилијарни луѓе со деца пред се италјанци и по некој геј пар, променето е многу од пред 10-15 години. Ама јас пак би одела, многу ми се допаднаа морето и плажите. Во Стаф и Ескејп види.
Нели работат дискотеките шо се во делот на старото пристаниште на пат кон аеродромот? Јас кога бев пред 2 години, тие 2-3 дискотеки беа фул со млади луѓе до утринските часови. Воедно, имаше доста кафичи со журки и свирки во живо десно од крајот на главната улица кај пристаништето.
И мене баш живо ми изгледаше лани. И имаше музика. Коктел барчиња исто имаше многу, и тоа баш еден до друг кај пристаништето од десна страна ко што викаш. Инаку има и многу Британци. Преслатки ми беа, постари, дотерани, заљубени. Ова секој ќе ти каже како го доживеал од негова страна островов, што е и нормално, нели. Јас коа идам на одмор неќам да се до запивам до сабајле и утре дента да ме фати ручек време, тогаш да ми почне денот, дур се освестам кај сум. Денот отишол. А за плаживе да, немам збор освен дека се совршени. Морам пак да отидам во животов, дм вика летово пак да идеме Скијатос, ама јас мислам боље е да се менува. Сакам Лефкада, ама и Шпанија ми фаќа окце. Ај видеќемо. Во секој случај, кој и да оди во Скијатос, да знаете дека морето и плажите вредат многу. Ако ви е за журкање - трк Занте. Одмор не се вика одмор за џабе. Ај отидов ја, да не паметувам многу многу. Прашајте нешто ако ве интересира плус. Слободно. Еве и некоја фотка од мене. Big Banana Beach Mandraki Beach Kolios Beach (Не ми беше нешто вау, ама ја посетивме па ајде еве и од неа фотка). Troulos Beach Vromolimnos Beach Krifi Ammos (Hidden Beach) - се симнувате надоле пешки, стрмно е ептен и не е баш за секој. Упс не можам повеќе од 10 фајлови да прикачам...
Еве ја Hidden Beach Lalaria Beach Tzaneria Beach и Kanapitsa се многу блиску една од друга. И омилената, Koukounaries:
И мене Скијатос ми остави многу добар впечаток, особено поради добрата покриеност со јавен превоз, дури и во доцните часови, па така можиш да стигниш речиси насекаде на островот со бус. Од плажите најмногу ми се допаднаа Мандраки, Крифи Амос и Малата Банана(Small Banana) , на нив најмалку имаше гужва, вода бистра, мир и спокој.
Да, имаше настапи на некои грчки пејачи во диската. А десно кога ќе свртиш на сред Пападијамантис по есна уличка беа единствените места кај што имаше некоја забава, свирки имаше и беше ок. Таму десно на пристаништето беше за да седнеш онака на пијачка. Тоа беше јас кога бев, крај на август, мојот впечаток беше тој, воглавно фамилијарни луѓе имаше низ островот, не е живо како Крф или Закинтос, ама има кај да шеташ. За мене исто не треба журки и имаше места кај да се напиеш нешто навечер, ама споредбено со Крф или Закинтос не е до толку раздвижено за млади. Преовладуваа пензионери и фамилии. Ама во секој случај ми беше преубав одмор и единствено на Скијатос би се вратила. Иначе на Лефкада освен за сликање што ми беше добро другото не ми се допадна. Плажите само за слика, никако за бањање, ќе ме разнесеа бранови. Скијатос има се за совршен одмор.
Дали до сега некој изнајмил скутерче, ме интересира како се цените и дали треба да се резервира пред време онлајн или нема потреба ќе можи да се земи таму? Исто секој друг предлог или совет е добредојден
За жал, не знам кои се цените за измајмување, но најчесто тие зависат од периодот(шпиц сезона или не) и на колку дена се изнајмува. Колку повеќе дена, толку поевтино, во принцип. Конкретно за моторчиња/скутери мислам дека нема потреба однапред резервирање, туку на лице место и да се ценкате за цената. Мое мислење, конкретно за Скијатос, е дека нема потреба од изнајмување на скутери бидејќи островот е многу добро поврзан со автобуски линии. Во сезона, автобуси има до околу 1 по полноќ. Меѓутоа, ако сакате постојано да сте во движење и ако планирате да останувате до подоцна во центарот на градот, а сте сместени подалеку и не сакате да зависите од градски превоз, изнајмете слободно.
Ние лани изнајмивме кола само пошто јас сакав во денот да видам 2-3 плажи. Ако ви е во план да видите плажи што може само со кола/скутер/мотор да се посетат (како што е Мандраки на пример, Крифи Амос итн.), тогаш би ви требало. Али ако ви е во план плажи што се приступачни и со бус и не ви е проблем, ондак бус е топ опција. Еднаш, два пати, се возевме со бус, климатизирани, чести се (мислам на 20мин. ако добро се сеќавам), и баш им се постојките блиску до секоја плажа. Цените за рент можеш да ги видиш на нет, или зачлени се на фб во групите Скијатос, прашај слободно. Ако немаш фб, ќе прашам за тебе не ми е проблем. Во неколку групи сум за Скијатос.
@Waverly Raven Баш. Буквално е една главна улица, најпрометна, што е за цел остров. Ние коа зацепавме да стигнеме до ресторанов, викам аааа вредеше. *Во Bourtzi обавезно да седнете, само резервирајте си, за да имате масичка одма до морето. И да идете до тоалет во Bourtzi, ќе миете раце со поглед на море. 10/10. ВНИМАНИЕ: на фотката не е Bourtzi. Search-нете го на нет, јас само видеа имам.
Кој супермаркет е најдобар? Исто така, да не е предалеку, туку да можам да отидам кога сакам, има такво нешто? Јас имам резервирано во една вила преку агенција и сега жив се јадам што избрзав-ми се чини дека е далечку вилата и не знам што и како... Негде во близина на аеродромот е вилата, кај еден ресторан индиски. Знае некој да ми каже тоа лоша локација е?
Ако се работи за вила Павлос, мислам таа е близу аеродромот, ама и да не е таа, тука е Масутис(Masoutis) маркетот. Мислам дека е доста снабден, иако не сум бил во него. Друг маркет ти е Склавенитис тој е подалеку од твојата локација. Инаку локацијата на твојата вила е добра, не е аеродромот далеку од центарот, дали 10тина мин пешки ми се чини.
Да, таа е вилата. Како знаеше? Јас мислев дека тој маркетот Масутис е далечку, на 10 минути од таму. Поблизу е? Таму нема плажи, така? Мора со бус да се оди, макар до Мегали Амос?
Па таа вила е единствена во тој дел шо ја работат нашите агенции, ако не се лажам. Инаку, околу 7-8мин е маркетот оддалечен од вилата и мислам е единствен толку голем во близина. Има и мали продавнички, сум сигурен, ама тие се со изгор цени. Во однос на плажите, тука во близина нема баш некоја плажа, сите се пооддалечени, за со бус. Прва е Мегали Амос(градската) и искрено мене таа најмалку ми се допадна. Многу гужва има и за брзо се заматува водата. Скоро сите плажи ви се достапни со бус, со кратко пешачење од автобуската постојка.