Девојки ми треба малку помош! Која од трите вили Меморис, Василис или Санрајс е најдобра за сместување? Сите ми потенцираат дека Санрајс е премногу бучно, а па другиве ми изгледаат малку подалеку. ?????
^ Фибула имаат и други вили, ама изгледа само Димитрис не им се продала, па затоа имаат ваква поевтина понуда. Димитрис е една од полошите вили, баш во истава тема го има постот од офнет, прочитај го. Ние сега кога бевме, на едно крстарење се запознавме со дечки што престојуваа таму и они беа прилично незадоволни. Имало некоја јака миризба, ни самите не знаеа од што, ама не се спиело. А за сѐ останато (погледот, услугата на домаќините и слично) прочитај на офнет.
^ За нив не знам, а и не познавам некој што бил таму, па да ти кажам. Пробај да ги најдеш на интернет. На tripadvisor ја има Меморис, на agoda ја има Санрајз (види дали се тие). Има и по некој коментар за нив две, а за Василис не најдов ништо.
Pogledni ja vilata zaharo nekako mi izglea naj ok najblisku do plaza trulos, ne ja nudat poveketo agencii ja ima na stranata na nolimit.mk i mi se cini na tripadvisor imase pozitivni komentari za taa vila..Jas epten gi studirav zasto trebase tamu da ideme ama se promeni planot dokolku bi idela jas bi ja izbrala vila zaharo...za dimitris moja bratucetka lani bila i kaza deka bilo odvratno so kokoski smrdea kolku sakas ne se spielo...pozz
^ Јас бев во Захаро, супер е вилата. Чисто, средено, ти излегуваат во пресрет луѓето за што и да ти треба. Ни чистеа, менуваа постелнини, пешкири и сето тоа. Ние бевме во апартман на приземје, па гледавме кон еден овоштарник со маслинки и лимони А тие апартмани на другите катови имаат прекрасен поглед кон море. Плажата е на 1 минута и стварно е преубава. Еве една фотка Ние кога гледавме вили за Скијатос, ја одбравме Захаро како најубава. Еве може да прочитате коментари и на tripadvisor, јас топло ви ја препорачувам
Еве Ви Слика од плажата Кукунариес , дефинитивно преубава плажа .. а градот шо знам не ми остави некој голем впечаток
Девојки, ме интересира од тие што сте биле во Захаро, дали има некаков превоз до Скијатос ,затоа што на понудата пишува дека овој комплекс е во Трулос и колку чини превозот? Поздрав
Автобус има на секои 15 минути, а картата чини 2 евра. Се стигнува за 30тина минути. Јас ти препорачувам да одиш секој ден на различна плажа, зашто Скијатос е полн со преубави плажи кои вредат да се видат, а превозот воопшто не е проблем
Ние се решивме за смештај во градот поточно вила Санрајз, бидејки во останатите вили од градот немаше место. Вила Захаро е многу убава, но сепак мислам дека е подобро да си сместен во градот, бидејќи на другите места што се покрај плажите има само еден маркет, една таверна и ништо друго. Треба да корисртиш превоз за до градот и превоз за до другите плажи.
^Ја бев во Санрајс и мислам дека дефинитивно е најдобро да си сместен во градот, а оваа е баш на центар.
Фала многу девојки Јас имам уште едно прашање На слики од пријатели на фб кои се на Скијатос гледам некоја Lalaria beach, некој да не знае каде се наоѓа, со што се пристигнува таму, дали е далеку од градот и некој слични информации за неа? Јас и дечко ми планираме да одеме во Септември, ама сеуште се двоумеме на кое место помеѓу Калитеа, Скијатос и Крф Кое е најдобро според вас? Сакаме да има журки и да може да се излезе некаде навечер и по можност да не е ладна водата Please help! Поздраааааааав
Лаларија се наоѓа на северниот дел од островот и до неа се стигнува само со брод. Има организирани крстарења за по 15 евра од човек, при кои се посетуваат повеќе плажи, вклучително и таа. Би требало и во септември да има, и тогаш има туристи. Многу убава плажа е, ако се одлучите за Скијатос, задолжително да ја посетите
^Да, а се наоѓа и за 10 евра како што најдовме ние истата тура како тие од 15, во сезона Еве слика што ја сликав самата пред да се симнам од бродот (не можам да ја прикачам зошто е преголема па ќе ја ископирам)
^ Да, можеш да се испазариш, нас ни нудеа за 12 евра (Лаларија, Кастро, Аселинос и Цугриа). А само за Лаларија, имаше за по 10 евра тури.
Ако сакаш да шеташ и да се впуштиш во авантура и да одвоиш од буџетот нешто да најмиш, затоа што е прежалосно да не видиш буквално СЕ, оди во Калитеа и плажирај се најнормално. А ако го сакаш се разбира спротивното, тогаш на островите. Неврзано, синдромот на Македонците да се оди секаде каде што е актуелно и да ти викаат уаау како добро сум поминал, а тој впрочем ништо и не видел затоа што не мрднал никаде и си викал ќе си ги потрошам парите на пијачки и лапачки, него да најмувам нешто и да прошетам. Што за мене е тешка глупост, искрено. Скијатос има невидена убавина која е на северната страна од островот и е само за оние кои стварно сакаат да излезат од зона на комфорот. Гледам годинава причино стана актуелен и некој наводни некомформисти кои тврдеа дека се авантуристи, ма не знам веќе што, се скапале од легачење по лежалки од 8 евра на ден, дремеле на комерцијалната страна на островот и се разбира, ловеле грци за да ги частат по клубовите и они на пример ќе ти кажат уау топ си поминав. Ама се ствар на вкус. Островите во принцип се за авантуристи кои излегуваат сабајле во 8 се прибираат вечер во 8 и си легнуваат најкасно до 11. По можност да имате добра координација во простор и да знаете да читате карта, ако немате, подобро водете се по другата алтернатива. Број еден совет од мене, за сите кои сакаат да заминат на одмор на остров - планирајте во буџетот средства за наем на некакво возило или мотор ако сериозно сакате да си поминете убаво. Од таа причина островите се поскапи за одмор, не дека храната е поскапа или не знам веќе што.
Не не, прва цена што ни кажаа беше 10 евра а бевме прво да ги сликаме подводните пештери, па Лалариа 2 саата, па Кастро и на крај Цугриа
^Има различни тури. Вашата била со три места, јас бев на таа со четири застанувања. Има и за 20 евра тури како нашата, ама со вклучен ручек на брод. Кој што сака, има избор