Сакам мирен одмор и сакам да се сместам ви близина на кукунаериес, вие каде бевте сместени и преку која агенција? фала
Не ти препорачувам да се сместиш таму. Тоа е последната станица од патот по кој одат автобусите мислам беше станица 26 со 3 плажи: Кукунариес, Банана и Мистик. Друго ништо немаш таму, како и на другите станици. Дури и да сакаш мирен одмор, веројатно од 60 и нешто плажи што ги има островот ќе сакаш да видиш повеќе од овие 3, греота е да отидеш таму и да седиш само на 3 плажи од 60-тина. А и плажите на западната страна, кај што не поминуваат автобусите за превоз се прекрасни и вреди да се видат. Ние лани бевме сместени во центарот на градот, навечер сите места за излегување ни беа достапни пешки, а на плажа одевме со превоз и одевме секој ден на различни плажи. Сакавме авантуристички одмор, и така и беше. На сите што одат на Скијатос им препорачувам така да го поминат одморот, и општо на било кој остров зошто греота е да се стационираш на едно место, ти пак можеш да истераш мирен одмор во смисол без некој ноќен живот, ама преку ден островиве се створени за да возиш на различни плажи, различни области и места, да ги истражиш, а не од куп плажи да седиш на едни те исти... инаку, и ние бевме преку Игуана.
Гледам дека @macalavica пишала дека сака да оди во вила Посејдон на почеток на јуни, па ако била нека сподели искуство ако може, јас ќе одам следнава недела ама сеуште немам одлучено за која вила. Сите викаат дека е подобро поблиску до градот, ама ме интересира какви се плажите во близина на градот и каква е плажата во близина на таа вила. Секако планираме да одиме и на другите плажи ама не секој ден така што битна ми е и плажата во близина на вилата Ако знаете споделете искуства
@M.a.r.i.l.y.n плажата во градот е кај аеродромот се вика Xanemos и не е убава, авиони ти летаат над глава и пристаниште има. Затоа ако си во градот треба да возиш до другите плажи.
@mari4e.19oo во Sunrisе, ја одбравме ради локацијата, не е кој знае што, нема двор зошто ептен на улица е, ама освен кревет имаше и кујна, вц, тераса со поглед на море и на шеталиштето кај пристаништето. Газдата е постар човек, го видовме само кога стигнавме и толку. Цела вила бевме Македонци, тие што бевме преку Игуана зошто другите наши агенции не ја нудат вилава. Бевме во сезона крај на јули-почеток на август.
Девојки од 21 август сакам да одам на Скијатос, правев математики како ми се исплати повеќе да идам дали со кола и да букирам или преку агенција и некако преку агенција ми изгледа поефтино, е сеа проблемот е што незнам преку која, разгледував фибула не ми фаќа око, гледав игуана и магелан, ме интересира дали некој бил во вила мемориес преку игуана и дали некој бил преку магелан травел, дајте некоја информација повеќе
Само што се вратив од Скијатос. Преубаво искуство. Би одела пак. Бев сместена во Кукунариес, и според мене, подобро е таму да си сместен зашто секој ден со автобуси до плажи по тие гужви не би одела. Банана бич, Кукунариес, Агиа Елени и Мистик се најблиски плажи. Бев сместена на станица 24. 10-15 мин. е одење до плажите. Освен на Банана, некои 20 мин. ама вреди. Другите плажи може да ги видиш со моторче, автобус, можеш и со автобус да одиш навечер до центарот ако ти се шета. На Кукунариес има ресторанчиња, хотели, вили и супермаркет. Имаш тури, крстарењеа до Лаларија, Мама Миа, Скопелос.. ПРЕУБАВ ОСТРОВ И ОДМОР.
Преку Атлантик, вила Олимпија. Турите негде беа 25 евра, 50 евра за еден, ама ние најдовме 25 евра за 2ца.
Да споделам искуство за сите кои се размислувате за одмор во Скијатос. Јас се вратив вчера и сум презадоволна. Прво и основно островот е преубав има преубави плажи, погоден е и за фамилии со деца а и за млади. Јас бев преку Фибула, бев сместена во вила Посеидон (таа е на 6та станица) има околу 30 минути одење до градот така што нема потреба да плаќате автобус. Вилата се наоѓа на плажата Megali Ammos, според мене убава плажичка, водата е проѕирна, плажата има дел и со камчиња и со песок. Во делот каде што има камчиња на почетокот може да има карпа која може да се изоди или преплива ама на неколку метри полево или подесно нема карпа и има ситен песок. Скоро на сите плажи после пладне има природна сенка и нема потреба од чадор. Најубава плажа според мене е Koukounaries, таа се наоѓа на последната станица ако одите со автобус и картата од станица 6 чини 2 евра. Веднаш до неа е Banana beach или попозната како Bananistas. Оваа плажа е повеќе за млади негде накај 5 или 6 почнува журка во барот и трае негде до кај 11/12 зависи кој ден од неделата е. Доколку сакате да одите на овие плажи со автобус препорачувам да се вратите или порано или покасно бидејќи накај 6/7/8 часот автобусите се преполни и многу е тешко да се симнете на вашата станица. Убава плажа има и на Vramolimnos (станица 13) и Troulos (станица 20 или 21). Градот е преубав покрај пристаништата има кафичи и ресторани, има и 3 дискотеки, а на главната улица Пападиаманти има продавнички за сувенири и бутици. Има многу убаво гиро се движи од 2,30 евра за свиско и 2,50 за пилешко. Водата и се останато е најевтина во Carrefour (станица 3) и препорачувам доколку ви треба нешто да си го земете од таму. Во баровите има Happy hour до кај 21/22 часот и доколку сакате да пиете коктел ви препорачувам да седнете тогаш затоа што е на пола цена (околу 6 евра, а инаку е 12). Мислам дека опфатив се што е важно. Се на се си поминав преубаво и како што кажав вреди да се посети островчето. Задоволна сум од услугата на Фибула и доколку уплаќате чекајте last minute така повеќе ви се исплати, а скоро секогаш има останато по неколку соби. Ние уплативме дента кога се поаѓаше И за сместување би ви препорачала или блиску до градот или блиску до последните плажи зашто според мене негде во средина не се исплати воопшто. А, да и за турите уплатете си преку некоја локална агенција, овие нашиве нудат се по 5-10 евра поскапо. Доколку имате други прашања слободно пишете
И ние планираме да одиме во септември. Само што ме исплашивте малце со времево :/ и уште се мислиме дали е попаметно на плажа вила или во градот...
Јас бев лето 2011 и бевме во градот сместени. После плажа во "чаршијата" ( така ја крстив) јадевме, навечер дискотеките ни беа на 3 мин пешки ( што е супер, да не се замараш како ке возиш или да бркаш превоз), а преку ден одевме најмн на Банана и КоКунарис, со тоа што изнајмивме кола за 7 дена и беше 250€.