Дали е потребна меѓународна возачка за изнајмување? И кога би бирале сместување на Трулос или Кукунарис, каде би избрале? Јасно ми е дека во центарот е најповолно, се двоумам меѓу овие две...
@Libera не бараат меѓународна возачка дозвола за изнајмување, возачката дозвола ја оставаш и потпишуваш договор.
Скијатос е еден од најубавите гречки острови. Водата е кристална, јадењето и сместувањето се со солидни цени. И да потрошиш 2000 евра вреди за таа убавина. Многу убаво си поминав. Најј
Скијатос... мммммм... кој се мисли сеуште да му помогнам... преубаво... одете со Магелан... многу убава организација имаат. Сега вилите не се баш нај нај, ама одберете вила блиску до Кукунариес beach. Островот е добро поврзан со автобуси и можете секаде да стигнете.
Здраво девојки,ме интересира дали некоја има искуство во вила Василис преку агенција Игуана,дали е тивко бидејќи видов дека е блиску до аеродромот :/ благодарам
Некој скоро шо бил на Скијатос, сместен во Кукунарис?? Дали има рент или мора од Скијатос да се изнајмува?? И дали има тури со поаѓање од таму?? Фала
Се изначитав коментари, едни убаво поминале други не. Може ли некој што бил 2016 пожелно крај на август- септември да ми каже како е? колку би ме фатило тоа посетување на плажи и излагање навечер без многу пијанчење и луксузирање?
Некој да сподели искуство во септември. Какво е времето, како си поминавте, вреди ли да се отиде тој период. Фала.
Колку е пат од Скопје до Скијатос, зборувам за организирано преку агенција ?? за тие што биле со Магелан ете на пример....
Далеку е малку, се оди Скопје-Волос-Скијатос со траект. 2 часа на траект си. Јас ќе идам во Јуни сега па ќе видиме.