1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скијатос (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од little-butterfly, 13 јули 2011.

  1. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    - убав помин, и чекам инфо ако не заборавиш до Јуни Ч)
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Amateur

    Amateur Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Машки
    јас кога бев траектот беше полу-празен, за секој имаше место да легни и да се испружи и тие 2 и нешто саати летнаа како 5 минути
     
  3. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Досега сум била многу пати за Грција ама ми се чини за прв пат го почувствував оној оригинален „грчки шмек“ кога отидов на одмор за Скијатос пред неколку години. Долг е патот ама со добро друштво ќе немате гајле.

    Тргнете си пари на страна за локален превоз (доколку не сте со сопствено возило), сите плажи се далеку од центарот. Или евентуално, да изнајмите скутерче. Ја правевме математиката, истите пари ќе ги дадате и по автобуси. Веќе кога сме кај плажите... кхм... ако ви прави мерак да отидете, Скијатос има една официјална нудистичка плажа Little Banana Beach (Naturist) во близина на Banana Beach.
    Ноќниот живот е мех... забава има само за викенди.

    Меѓутоа, самиот островот е прекрасен!!
    Лично можам да ви ги препорачам еднодневните екскурзии за Скопелос и Лалариа, педикирот со рибки ( :lol: ) и киното под отворено небо (секоја вечер имаше проекција на мјузиклот Mamma mia!).

    You are in for a treat... :inlove:
     
    На bubac, Amateur, t-sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    Скијатос или Тасос ??
     
  5. sweet.november

    sweet.november Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    3.086
    Не сум била на Тасос, но Скијатос топло ти го препорачувам. Доколку си во можност да одиш со сопствен превоз би било одлично, затоа што како што кажа членката погоре сите плажи се далеку од центар. Ние одевме на плажа со автобус, затоа што бевме во Септември јавниот превоз беше малку порастеретен, но знам дека во шпиц сезона по автобусите имало страшна гужва. Инаку Скијатос како остров ме воодушеви, Банана Бич, Кукунариес, Лалариа се преубави плажи, а посебно ме воодушеви убавината на Скијатос навечер, има мнооогѕ убави ресторанчиња и таверни, и многу културен народ ке видиш :) Исто би ти препорачала да го посетиш аеродромот каде што авионите ти слетуваат над глава, возбудливо е :o
    Штета што ова лето немам толку финансии за Скијатос, ама кога би имала би одела пак, и :!: со кола.
     
  6. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    би одела со автобус, но убаво е да слушнам и мислења, фала, супер
     
  7. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.999
    Пол:
    Женски
    Ќе одам на Скијатос на крајот на Јуни, едвај чекам. :inlove:
     
    На salat43 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Banba

    Banba Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Јас бев во Тасос лани, местото е супер, мирно и тивко. Доколку не бараш лудување и забава таму оди си. Уште нешто за Тасос, има многу убави плажи ама ќе ти треба превоз. Автобусите тешко се наоѓаат а со такси е скапо. Ако одиш со кола супер ќе ти биде.
    П.С посети ја мермерната плажа доколку се одлучиш за таму.
    За Скијатос имам слушано муабети дека идат многу Англичани, се пијанчат и прават проблеми. Ама таму била забавата :D
     
    На jasmina00 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. luckyblonde

    luckyblonde Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Само што се вратив од Скијатос.Прекрасен остров но ништо посебно.Плажите се одалечени една од друга но има автобус на секој пола саат 1 до 2 евра во еден правец зависи на која плажа одиш и на која станица се симнуваш. Најпозната плажа е Кукунариес.Две лежалки и чадор 8 евра но ако не ви се даваат пари има големи сенки од дрва.На плажата Банана немаше никакви журки бидејки беше пред сезона а плажа ко плажа ништо посебно.За водата немам зборови чиста и топла.Најдобри плажи барем за мене се кукунариес,агиа елени.англиската плажа,трулос и плажата на станица број 4 ја заборавив како се вика.Ноќниот живот е ок.Има прекрасни барови кафичи ,таверни но доста скапо.Има и дискотеки но јас не бев.Последниот автобус за назад до кај што секој е сместен е 12 ипол така да и да сакаш да се опуштиш до покасно неможеш.освен ако не си одиш со такси кое ке те кошта околу 30 евра. Секој кој оди на скијатос мора да оди на крстарење бидејки без тоа како да не е бил на островот.Земете ја турата каде што ке ја посетите прекрасната плажа ЛАЛАРИА островот скопелос и секако посета до црквата каде е сниман филмот мама миа.Онака гледано фино се има што да се види.За било какво прашање слободно прашајте :)8)
     
    На ivancekitty и bubac им се допаѓа ова.
  10. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Прв пат бев на Скијатос во 2011 година. Тогаш кај нас многу ретко се нудеше од туристичкиве агенции, и од Грција најдов превоз за 30 или 35 евра за автобус и брод што не е скапо. Јас имам морска болест, и језда малце се патува со брод од Волос, некои два и пол саати, ама мене толку ми фали, посебно зошто не беше траект, туку помал брод. Ама сето тоа вреди кога ќе стигнете на островот.

    Мене ми е еден од поубавите острови во Грција, е сега секако проблем е што нема локална плажа во градчето, туку треба да одите со бусче кое не е скапо, ама од мене е препорака да си изнајмите мотор/кола зависи колку луѓе сте и да си се изнашетате каде сакате. Плажата Кукунарис е сон, песокта свети како од злато, водата е пречиста, гњурев таму има преубави животни и риби, и секако морски ѕвезди и школки.

    Цените што знам, мене ми се пристапни. Такви се на повеќето острови. За ноќниот живот не знам, не одев по дискотеки, а и не бев за тоа отидена. Се знае за забави дека Кавос и Закинтос е. Инаку има што да се прошета и да се види, има летно кино секоја година каде го даваат Мама Миа, и тоа обавезно да го искусите ако сте фан на филмот, и да се прошетате до црквата и другите места каде што се снимани сцени од филмот. Мене малку ме нервираа тоа авионите што ти прелетуваат преку глава, ама се трпи. Инаку има многу мачки на островов, па ако сте фан на нив уживанција е :D

    Ако сте за поефитна варијанта на остров можете да бидете сместени на Евиа, па од таму да си фатите бродче до Скијатос и да го прошетате градот.

    Јас здравје септември планирам да одам на местенце блиску до Волос, и обавезно ќе го посетам Скијатос.
     
    На Dream-Girl, bubac и mynameislove им се допаѓа ова.
  11. salat43

    salat43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Здравоо [​IMG]
    Септември одам за Скијатос па сакам да ве прашам дали некој бил во вила Павлос Мариа па да сподели искиства? И ме интересира каде се наоѓа киното под отворено небо? [​IMG]
     
  12. Acka22

    Acka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2015
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    995
    Пол:
    Женски
    Здр, мoже искуствa oд Скијaтoс, цените кaкo се движaт нa лежaлки, хрaнa... зa oснoвните рaбoти, пoефтини мaркети, рестoрaни, кaфичи и aкo имa некoј дa спoдели искуствo зa вилa Memories кaкo е зaдoвoлен, кoлку е oдaлеченa oд грaдoт, кoментaр зa плaжите и сличнo... фaлa
     
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.999
    Пол:
    Женски
    Како штотуку вратена да споделам импресии. Островчето е мало но е навистина прекрасно. Има голем број на убави средени плажи. Вкупно се шеесетина на број но онакви баш големки и средени се можеби десетина од нив, останатите се мали диви плажички. Од градот тргнува автобус кој го има на десетина минути од рано наутро до доцна навечер и застанува на 26 станици од кои последната е Кукунариес и Банана. Билетот е 2 евра по лице во еден правец. Ние имавме изнајмено кола во текот на целиот одмор и не го користевме автобусот. Цената за неа беше 24 евра на ден но ни ја дадоа за толку бидејќи ја зедовме за повеќе денови, инаку поскапи се. Бевме сместени на станица бр. 6 на плажата Мегали Амос која искрено најмалку ми се допадна од сите и на неа бев само првиот ден 2-3 часа. Од плажите на кои се оди и со автобус ги посетив Канапица, Трулос, Вромолинос, Марата, Кукунариес и Банана. Најмногу ми се допадна Кукунариес. Кукунариес и Банана се на иста станица со тоа што до Банана прво се оди по едно угорниче каде има паркинг а потоа надолу мора малку да се пооди и пеш. Гледајќи кон морето од десната страна на Банана има карпи кои се лесно проодни и ако се поминат се стигнува на Банана 2 која е нудистичка плажа и е навистина прекрасна. Бев изненадена од тоа колку културен и среден народ имаше таму иако морам да признаам дека повеќето од посетителите беа 50+. Од плажите до кои нема автобус и се достапни само со автомобил или брод ги посетив Аселинос, Агиа Елени и Мандраки кои според мене се преубави и не би требало да се пропуштат. Затоа на сите кои ќе одите топло ви препорачувам барем 2-3 дена да изнајмите автомобил и убаво да го прошетате цел остров. Островот е мал и секаде се стигнува за 10-15 минути. Исто така ја посетив и плажата Ксанемо која е веднаш до аеродромот и авионите ти летаат буквално над глава. Скоро на сите плажи има пријатни таверни и барови. Задолжително препорачувам да си земете тура до Лаларија која е достапна само со брод и според мене е најпрекрасната плажа на островот. Мене ме потсеќа на познатите Порто Кацики и Егремни во Лефкада. Цената на турата беше 15 евра но јас ја земав преку овластениот представник а инаку има и агенции кои ја нудат и по 10 евра но бидете внимателни каде уплаќате затоа што дел од нив се преваранти кои не застануваат на плажата и носат со стари и преполни бродови. Освен тоа има и тури за Скопелос за посета на местата каде е снимен филмот Мама Миа (20 евра) како и Цугрија (10 евра за 3-4 часа). Навечер градот е жив, раздвижен и има голем број на местенца за излегување. На главната улица Папа Дијаманти има еден куп ресторани и продавници каде може да се најде се и сешто. Има и едно мало поврзано полуостровче кое е многу романтично за вечерна прошетка и седење на клупите со поглед кон осветлениот град. Одејќи по пристаништето кон стариот дел се наидува на улицата со клубовите каде навечер има одлична забава. Го препорачувам Хард Рок и останатите клубови во негова близина само имајте на ум дека тука цените на пијачките се доста високи ама пак затоа забавата е незаборавна. Стариот дел денски е прекрасен, целиот е со сино-бели куќарки, тесни улички и цветни огради и од таму погледот кон морето е рај. Цените општо гледано се малку повисоки од останатите места но искрено вреди секој потрошен денар. Се на се, задоволна сум од островот, си поминав прекрасни 10 дена кои секогаш ќе ми останат во сеќавање. Кога ќе имам време ќе прикачам фотографии.

    @Acka22 Општо гледано не е баш ефтино, треба да ги најдеш правите места ако сакаш добри цени. Лежалките се со различни цени, од 5 евра нагоре. Храната зависи, имаш пита Гиро и за по 2,3 евра а имаш и порции морски плодови од по 20-30 евра. Има фини ресторани на улицата Папа Диаманти како Никос, Суфлаки Страјк, Јанос, Александрос... Тука може добро да се најадеш на 6-7 евра а имаат и понуди со вклучен пијалок. Има еден голем маркет кој е некаде одприлика на 2-3 станица и не ми текнува на името, тој е најефтин, цените се далеку пониски од било кој друг маркет на островот. Ќе се распрашаш, го знаат сите и ќе ти објаснат каде е точно. Ако одиш преку агенција и представникот ќе ви го покаже. Е сега цените во клубовите и дискотеките се повисоки, пример пиво и жестоки пијалоци 7 евра, коктели по 10-12 евра....
     
    Последна измена: 12 јули 2017
    На Acka22, ivancekitty и bubac им се допаѓа ова.
  14. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.999
    Пол:
    Женски
    Еве и некои фотографии, само овие ги најдов каде што ме нема :)
    1. Кукунариес
    kukunaries.JPG 2. Банана 1 а позади карпите кои се гледаат на крајот е нудистичката Банана 2
    Banana.jpg 3. Мандраки
    Mandraki.jpg
    4. Зајдисонце на Вромолимнос
    vromolinos.JPG
    5. Трулос
    P1090460.JPG
    6. Прекрасната Лаларија
    Lalarija.JPG
    7. Поглед од стариот дел
    Pogled od grad.JPG
     

    Прикачени фајлови:

    • P1090460.JPG
      P1090460.JPG
      Големина на фајлот:
      204,6 KB
      Прегледи:
      1
    На P.S.love, Acka22, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  15. sweet.november

    sweet.november Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    3.086
    Ние бевме пред 2 години во Меморис. Јас искрено не сум задоволна од смештајот. Бевме сместени во соба која гледа накај дворот, немаше никаква сенка, во периодот од денот кога требаше да доручкуваме и да одиме на плажа исто и кога се враќавме од плажа сонцето ужасно печеше и беше невозможно да се излезе на тераса за јадење, пиење кафе и сл. Инвертарот беше типичен грчки просечен смештај, два кревети, плакар, судопер и вц. Но многу работи недостигаа и тоа не само во нашата соба. На пример кај нас немаше ниедна чаша, кај друг немаше ниедна чинија, кај трети нешто трето.. Вецето беше океј, само што многу мирисаше на влага и не беше баш пријатно. Во секој случај решени бевме да си поминеме убаво и многу не си ставав на срце дека смештајот не е идеален, но, ако би одела пак, не би одела во Меморис. Иначе Меморис е оддалечено од центар околу 15 мин пешки одење. Многу за цените по маркети не се сеќавам, а за цените по ресторани и таверни си беше скапичко. Лежалка мислам беше околу 8 евра без пијачка. Би ти препорачала да одеш во Рокенрол, коктел бар. Коктелите не им се баш евтини, околу 10-12 евра беа, ама вреди да се отиде барем еднаш. Прекрасно место за опуштање 8):d:
    Се надевам ти помогнав малку:) Убав помин:party:

    П.С На крај заборавив да пишам дека во Меморис во дворот газдата си чуваше кокошки, така да понекогаш може да се почуствуваш како да си на фарма :rofl:
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Acka22

    Acka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2015
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    995
    Пол:
    Женски
    Фала многу инску островот е совршенство
     
  17. Acka22

    Acka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2015
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    995
    Пол:
    Женски
    Фала
     
  18. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Здраво, дали некој кој бил годинава може да ми сподели искуства со цени за храна, маркети, цени по реторани, кафичи, некое месо каде можеш да јадеш а не платиш 50е. Дали на плажите можеш крпа да си поставиш или мораш да плаќаш лежалка......Искуство со изнајмување на кола, искуство со крстарење,,,,
    Благодарам однапред. :)
     
  19. peperutka7

    peperutka7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    91
    Јас бев оваа година на Скијатос. Островот ме остави без зворови, прекрасен е и дефинитивно има што да се види. Цените на храната беа можеби нешто поскапи меѓутоа ние не забележавме некоја огромна разлика. Гирото е 2,50 на едно место и 2,30, Кафе по кафичите од 3-4 евра кригла пиво мисла беше 2,50 и 3 (не сум сигурна), лежалките на плажа се 8 евра за две лежалки и чадор (доколку не сакате да изнајмувате скоро на секоја плажа има огромни сенки на кој слободно можете да поставите пешкир). Битно да се напомене дека од годинва скутерите ги издаваат само со дозвола А категорија, автомобилите се околу 30 евра од ден, скутерите 14 (имаш попуст доколку го изнајмиш за повеќе денови). Превозот градски е највеќе 2 евра во еден правец. Бевме и на крстарење 20 евра околу островот со попатни застанувања на Лаларија,Кастро и во едно рибарско селце (ова не се пропушта).
    За цените по рестораните не можам многу да ти кажам имаше разни понуди пица 5 евра, последниот ден видовме понуда - скара за двајца со вино и палачинки за 30 евра.
    Тоа е од прилика, доколку те интересира уште нешто слободно прашај.
     
    На t.i.n.k.e.r.b.e.l.l и Acka22 им се допаѓа ова.
  20. f.hri.

    f.hri. Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски