Скијатос (Грција)

Discussion in 'Патувања и одмори' started by little-butterfly, Jul 13, 2011.

  1. peperutka7

    peperutka7 Истакнат член

    Joined:
    Aug 17, 2013
    Messages:
    128
    Likes Received:
    91
    Не сум била сместена во оваа вила меѓутоа мое мислење да си барате сместување во градот Скијатос. Агиа Параскеви е некаде на средината (станица 20 ако не се лажам) помеѓу градот и најубавите плажи на 26ка (Банана и Кукунариес) и ќе требате да плаќате превоз и за до Скијатос и за останатите плажи....
     
    f.hri. likes this.
  2. pavlinapale

    pavlinapale Истакнат член

    Joined:
    Oct 5, 2011
    Messages:
    210
    Likes Received:
    22
    Gender:
    Female
    Дали некој бил на Скопелос - Мамма Миа ? Колку пари е и на кои плажи бевте? И дали некој бил со кола колку платил за траект Волос-Скиатос?
     
  3. davidvi

    davidvi Нов член

    Joined:
    Aug 8, 2017
    Messages:
    1
    Likes Received:
    2
    Само што се вративме од Скијатос, турите со брод беа по 15 евра од човек. Ги има две, една околу островот и плажата Лаларија и другата мамма миа - Скопелос. Но треба да се праша дали има бранови и дали сигурно се оди тој ден затоа што ние првиот пат уплативме со бродот Маргарита за Лаларија и не не однесоа бидејќи имало бранови. Па не носеа на други плажи. Па уште еднаш се обидовме со друг поголем брод Посејдон и тогаш беше помирно и се стигнуваше. Препорачувам уште на пристигнување на островот да се праша кога има тури и тоа со некој од поголемите бродови како Посејдон. Ние не отидовме на Скопелос меѓутоа и со Посејдон не ги однесоа на целата мамма миа тура бидејќи имало бранови.
    За плажите, сите се слични со исклучок на Лаларија. Ние одевме најчесто на последните бидејќи имаше многу гужва во автобусот и беше невозможно да се симнеш на некоја од попатните плажи. И за враќање да начекаш автобус во кој има место д се качиш бидејќи уште на Кукунариес се полнеше и не ни застануваше понекогаш на другите плажи ако немаше за излез. Сите плажи се супер организирани со лежалки и слободен простор за чадор. Лежалките беа по 8 евра пар.
    Со кола како што сметавме никако не се исплатеше да одиш бидејќи е многу скап траектот. Колите се изнајмуваа од 40 евра па нагоре. Исто така и моторчињата на 4 тркала беа по 40 евра. И за 5 дена не ни дадоа нешто многу попуст.
    Ние бевме преку игуана и тоа е најлошиот дел од одморот и од островот. Сместени бевме во вила Sunrise. Местоположбата и е супер, во центарот на градот веднаш до местото од каде тргнува автобусот. Но затоа сместувањето беше катастрофа... Уплативме покасно и бевме сместени на 3 тиот спрат во последните соби. Немаше вода во периодот од 7 па до 11 часот. Можеби околу 9 ќе дојдеше слаб притисок, едвај да се избањаш, но и таа ладна. Реагиравме во агенцијата но ништо не превземаа.. Имало многу луге на островот и сите се бањале тогаш - тоа беше нивниот одговор. Тие што беа сместени на првиот кат имаа притисок но не секогаш и топла вода. Исто така на 3 тиот кат имаше ресторан и кујна за ресторанот и не можеше да се спие навечер до 3 бидејќи тогаш миеа садови и тропаа чинии од кои не можеш да заспиеш. Тие што беа на првиот кат се жалеа дека не можат да спијат од моторчиња и галама од улицата бидејќи вилата излегуваше веднаш на улица. Исто така во собите без балкон, поточно соба број 32 за која мислев дека ќе биде со нормален прозорец или француски балкон, излезе дека прозорот се наоѓа на одмаралиште на надворешни скали така што исто како да немаше прозор бидејќи никогаш не можеше да биде отворен. Интернет на 3 тиот кат немаше па мораше да се седи во лобито на прв спрат. Позитивна работа беше што доаѓаа неколку пати да ја чистат собата. Уште една супер позитивна работа - на крајот на враќање кон волос бродот го следеа 10 тина делфини кои направија вистинско шоу.
     
    Dust and Acka22 like this.
  4. pavlinapale

    pavlinapale Истакнат член

    Joined:
    Oct 5, 2011
    Messages:
    210
    Likes Received:
    22
    Gender:
    Female
    Здраво ме интересира за турите Мама Миа и Цугрија на кои плажи застануваат и дали вреди да се посетат? На плажите Аселинос, Агиа Елени и Мандраки беше со автомобил или со брод и колку пари е со брод? И ако знаеш колку пари е скутер да се изнајми и дали мора да имаме А категорија или можи со Б? Фала многу:D
     
  5. Acka22

    Acka22 Популарен член

    Joined:
    Oct 28, 2015
    Messages:
    473
    Likes Received:
    1,001
    Gender:
    Female
    Од оваа година бараат само А категорија за скутери,инаку турите се движат 15/20€ конкрено за таа што се оди на лаларија таму застана 1час мислам и на мандраки правеше поголема ручек пауза од 2/3 часа,турата на нз како беше бродот се викаше пеарл и попат на уште една плажа застанавме нз точно како се вика мислам капитал олд товн ама не сум сигурна таму исто така 1час,местото интересно имаше едно барче така интересно на карпа беше
     
    pavlinapale likes this.
  6. salat43

    salat43 Истакнат член

    Joined:
    Jan 25, 2012
    Messages:
    24
    Likes Received:
    15
    Јас искрено не сум воодушевена од Скијатос. Има многу поубави острови. Бевме во вила Павлос Мариа. Вилата е океј. Имате базен кој не е дозволено да се користи во ноќните часови, па поради тоа и ќе завршевме во станица ( секако не бевме во право што сме влегле, но не беше до толку да завршиме во станица). Водичот воопшто не се заангажира за нас само ни рече спаковајте ги куферите, утре си одите...
    Плажите се исти една на друга со тоа што на една плажа имате лежалки, на друга кафич, но сите плажи се исти една на друга. Најмногу ми се допадна Лаларија,Мама Миа и Мандраки ( мирна,тивка плажа ). Мотор не добивате во никој случај, четириколките се ужас, се што можевме да добиеме беше кола и тоа со италјанска возачка бидејќи со македонска дозвола не ни даваа. Претходната година бев на Тасос и сум воодушевена од островот :)
     
  7. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Joined:
    May 11, 2015
    Messages:
    755
    Likes Received:
    1,121
    Gender:
    Female
    Јас па обратно :) Од Тасос сум скрос разочарана, плажите мали, сите со лежалки, фамилијарни луѓе, островот ништо посебно, ѓубре на секаде... Само Голден Бич е ок! За разлика од Тасос, се заљубив во Скијатос! Плажите песочни, шумата преубава зелена боја. Има еден тон диви плажи шо лично јас сум љубител на такви :)
     
    Flower123123, Dust and Acka22 like this.
  8. lovatolover

    lovatolover Истакнат член

    Joined:
    Nov 14, 2013
    Messages:
    116
    Likes Received:
    571
    Колку одприлика би потрошиле за храна за 7 дена, има ли некои по пристапни места за наши стандарди за излегување?
     
  9. Dragana96

    Dragana96 Истакнат член

    Joined:
    Sep 4, 2011
    Messages:
    215
    Likes Received:
    23
    Какви се цените на Скијатос?
    во според со Закинтос многу е поскапо?
     
  10. Flower123123

    Flower123123 Истакнат член

    Joined:
    Sep 28, 2016
    Messages:
    323
    Likes Received:
    624
    Gender:
    Female
    Што знам, тука се некаде, не памтам баш, зависи за што ќе ги трошиш, дали за по ресторани или брза храна. Скијатос ми е многу поубав од Закинтос, шеталиштето, амбиентот, луѓето се. Ние не се потрошивме многу на Скијатос, а знаеме да си тераме мерак со јадење, искачање и сл.
     
  11. mari91

    mari91 Истакнат член

    Joined:
    May 19, 2013
    Messages:
    18
    Likes Received:
    64
    Gender:
    Female
    Дали може тинејџер да помине 10 дена на Скијатос со 200 евра џепарлак? Понудата е 13.500 со вклучен превоз и сместување.Значи храната не е обезбедена, што според мене е лоша варијанта.Сепак што мислите доволен ќе биде џепарлакот?
     
  12. Acka22

    Acka22 Популарен член

    Joined:
    Oct 28, 2015
    Messages:
    473
    Likes Received:
    1,001
    Gender:
    Female
    Може да си земе храна од дома,да си купи и ќе му стасаат тие да ама скромно ,инаку без храна малку ќе се
     
    mari91 likes this.
  13. Ketchup

    Ketchup

    Joined:
    Dec 23, 2014
    Messages:
    6,796
    Likes Received:
    46,427
    Мене би ми стaсaле, a не сум вooпштo скрoмен. Е сегa aкo плaнирaaт секoјa вечер нa журки дa oдaт и дa пијaт, тoa е веќе другo.
     
    mari91 likes this.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Joined:
    Jun 24, 2013
    Messages:
    20,123
    Likes Received:
    195,398
    Gender:
    Female
    Има некој искуство со вила Никос? Сместена во Кукунариес било, читајќи ве гледам добра локација е, чим тоа било една од подобрите плажи :)
     
  15. pavlinapale

    pavlinapale Истакнат член

    Joined:
    Oct 5, 2011
    Messages:
    210
    Likes Received:
    22
    Gender:
    Female
    Да Кукунариес е една од најубавите плажи после Лалариа, но доколку си повеќе за шетање најубаво барај смештај во градот оти на другите места нема за шетање. Исто и ако одиш со брод до турите Лалариа, Скопелос мораш да појдиш до Скиатос. Од градот имаш автобус за до плажите до Кукунариес мислам дека беше 2 евра еден правец, за до другите плажи беше поевтино. Ако нешто друго те интересира прашај. :)
     
    Dream-Girl likes this.
  16. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Joined:
    Apr 30, 2018
    Messages:
    769
    Likes Received:
    585
    Gender:
    Female
    Некоја евтина понуда за скијатос за сега во јули да не знаете?
     
  17. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2013
    Messages:
    1,481
    Likes Received:
    12,626
    Провери во Игуана. Едното лице плаќаше скоро дупло поевтино од другото.
     
  18. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Joined:
    Dec 1, 2014
    Messages:
    3,230
    Likes Received:
    19,261
    Gender:
    Female
    Некој да бил во Вила Тити? Пишува дека е во градот, сега вака преку слики солидно изгледа. Читав дека поубаво е во градот да сме сместени, за шетање, па на плажа ке одимесо автобуси или моторче нешто, прв пат без кола идеме. Само ме интересира за вилава какви се условите,пред да резервираме.
     
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Joined:
    Jun 24, 2013
    Messages:
    20,123
    Likes Received:
    195,398
    Gender:
    Female
    Само што се вратив и ми се свежи мемориите, па да напишам убаво и долго мислење за островчево. Се надевам ќе му помогнам на некој, со оглед на тоа што мислењата во темава се постари. И успат да ги тагнам @Carolin. и @Bubce38 затоа што ве интересираше, па подетално да прочитате.

    Прво вака, откако отидов и бев таму, не се слагам со дел од напишаните работи у темава. Дека островот не бил за стари, кој не сакал да шета нека си одел во Калитеа. Калитеа и осторовчево не можат ни да се споредат. Бевме фамилијарно, па супер си поминавме, не е само за парови и млади, just to say it. Потоа дека Кукунариес била обична песочна плажа како насекаде во Грција. It's not true. Прогласена е меѓу 5те најчисти плажи во Европа. Песочна е, водата е пречиста, морето премирно, ниту еден ден не се погодија бранови. И навистина е прекрасна, според мене најдобра од цел остров. И во врска со Банана бич, има измени. Повеќе не е како што била, од годинава е откупена, приватизирана, 20 евра е влез само за лежалки без пиење. Според мене не вреди за тие пари. Исто така и автобусите се сменети, не се на секој пола саат, туку се на 15минути, веројатно поради преголемиот интерес на туристи.

    Епа сега вака, некои совети плус од мене. Значи најпрво би препорачала да идете со агенција. Со траект искача стварно поскапо. 100 евра е за кола во еден правец и за еден човек по 25 евра во еден правец, па рачунајте ако сте пар со кола 300 евра повратна само со траект, а фамилијарно уште повеќе излегува. Со автобус е поефтино, бидејќи се групни тури. Траектот е поскап бидејќи се патува 3часа со него. Би препорача со траектите на Hellenic seaways да патувате доколку можете да го погодите у тој термин, 2ч и 15 минути беше со него, бидејќи вози многу побрзо, но е огромен, сепак 1ч скоро помалце патување е со него. Кога ќе се качувате во Скијатос за враќање кон Волос, бидејќи претходно застанува на Скопелос и на уште еден остров, преполн е. Иако е на 3 спрата речиси и нема место за седење.
    Потоа во врска со сместувањето. Делот кај Кукунариес, јас таму бев сместена и сум задоволна, баш беше мирно и пријатно место за одмор. Не ги шетавме многу плажите, веќе видовме дека се мали, некако не се како Кукунариес огромни, каде што има, кафичи, луѓе, живот. Агиа Параскеви исто убава плажа е, на средина до островот, карта со автобус до неа е 1.60 само, а до крајот на островот се плаќа 2 евра. За деца е 1 евро. Е сега може да ги шетате плажите (ние не сакавме време да губиме, дојдени бевме за море и сонце, а оваа ни делуваше најубава), но сепак би рекла Кукунариес стварно вреди. Лежалка по плажа без пиење се 8-10 евра. Верувам дека никој од нас не е Рокфелер, па да има да дава без пиење по толку за лежалка. Е на Кукунариес (самото име значи шишарка), има природни сенки и плус простори за сам да си ставиш пешкири и чадор, значи супер е таму, нема потреба од трошоци за по лежалки.
    До градот бевме 2 пати, да прошетаме и да испазариме. Секако фамилијарно нема да шетаме по клубови и слично, но искрено јас не би била сместена кај градот и од други причини. Улиците се претесни, жешко е и спарно, нема воздух и проветрување, успат вилите се некако стари, а морето е доле кај пристаништето, па не делува на тоа да е поладно. Додека кај Кукунариес е отворено, тука има и езеро и морето е блиску и плус нови хотели преубави. Но, добро, ако сакате секоја вечер да шетате некаде тогаш сместување во градот препорачувам. Зависно каков одмор сакате. Сместување кај Агиа Параскеви (гледав по агенции што нудеа) не би препорачала. Некако е како селце и препусто е.
    А да препорачам и носење храна од дома, се што ќе донесете сте во предност. Порција шпагети е по 10 евра по ресторани. Бидејќи доаѓаат богати странци на островот, цените се превисоки за нашите стандарди. Маркетот кај 3та станица во градот е океј, таму цените се попристапни, ние одевме пазаревме таму.
    За крстарењата би препорачала да одите. Околу 20 евра се од човек. Доколку сте фамилија да поскапо излегува, па вие знаете од можностите дали може да одите или не, но за парови мислам дека е полесно и поефтино доаѓа за да одат на крстарењата.
    И за рентање моторчиња, бараат да имате А категорија положено, Б категорија не ја важат. Едино некаде на црно да рентате. Патот е океј за возење. Автобусите исто така имаат супер линија, редовни се, одлично е организиран превозот.

    Островот е преубав, не се споредува со грчките селца или со местата по краците, искрено многу убави спомени ми остави, да имам прилика пак би одела. Ако на некој го интересира уште нешто нека праша слободно и сите што ќе отидете убаво да си поминете.
     
    Dust, Acka22, Carolin. and 1 other person like this.
  20. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2013
    Messages:
    1,481
    Likes Received:
    12,626
    Прекрасен остров, прекрасни спомени. На овој романточен остров кажав Да, за да бидат уште поубаво запамтени сите негови убавини. :l: