Дали до лалариа може да се стигне со мотор или мора само со брод? Како се цените по маркети, општо цените на храната како движат?
Лалариа е скрос дива плажа, и нема друг начин да се стигни до неа, освен со брод. Цените по маркетите се пристапни, а храната по рестиеаните... хммм, имаш хепи аур, дневни мениа со пристапни цени, некој 20-30 евра за двајца.
Здраво! Гледам понуда за Скиатос вила Никос пишува дека е блиску до Кукунаирес плажата. Е сега ме интересира дали некој има искуство со оваа вила или општп дали бил сместем во овој дел на Скиатос. Без превоз сум ,повеќе сум за плажа, меѓутоа дали има и нешто во овој дел за навечер да има што да се прави?
Ако сакаш да споделиш искуство, преку која агенција беше, која вила, како се цените, дали е нешто сменето по пандмијава. Сакаме да уплатиме за наредна недела ама уште се мислиме
Здраво. И јас сум заинтересрана за Скијатос. Ве молам кој бил да сподели искуства/препораки. Исто така ме интересира и цена за рентање на скутер.
Ние уплативме во вила Есперос во местото Трулос преку Ескејп травел. Пишете ако некој има одено таму.
Моторчињата мислам дека се изнајмуваат по цена од околу 10-12 евра на ден, но сигурно можете да се договорите за поевтино. Исто така има редовен автобуски превоз од градот до плажите. Островот е преубав, воопшто не сте погрешиле што сте се одлучиле таму да летувате.
Со дечко ми ќе одиме месецов во Скијатос. Ќе можеш да споделиш кратко искуство? Каква е ситуацијата со коронава, како е со цени по кафичи, ресторанчиња, која цена се лежалките и кои плажи ти оставија добар впечаток?
Ме интересира турата за Лалариа дали те оставаат цел ден на Лалариа или само еден час? Ние ќе бидеме сместени во Трулос, од кај може да фатиме брод за Лалариа дали од центарот или на самата плажа нудат? И да не знаете автобусите до колку навечер возат до центарот и назад?
И јас сум заинтересирана за цените на Скијатос, кои плажи се поубави, попристапни? Цени на храна, кафе, вода, лежалки и сл? Има ли разлика во август и септември со цени и топло време?