На темава може да пишуваме нешто за скијањето,да си препорачаме некои ски-центри...па ајде девојки,скијате ли? Спојлер немојте да ме напаѓате за темава и да ми викате дека имало тема зимски спортиви,јас знам дека има таква тема,но сакав да има и конкретна за скијање
Инаку јас скијам од малечка,до 16-та та година одев редовно,секоја зима,но сега скоро секоја.Скијањето ми е омилен спорт,и одлично се чувствувам додека скијам.За зимски спорт ви го препорачувам овој скијањето.
Скијав како мала, сега веќе не. Не сум тип кој сака да мрзне на снег. Повеќе сакам краток период надвор и после на топло чајче во просторија со камин. Да скијам мнооогу сакам да се обидам повторно, ама страв ми е. Имам влетано во кафана со скии и соборено неколкумина.
Скијам од мала. Кај нас во Македонија имам отиде на скијање на Пониква, Крушево, Маврово... Ама лани бев во Банско и дефинитивно е многу поразлично од кај нас поубаво и повеќе простор и година пак ќе одам во Банско
Не знам да скијам,но бидејќи Крушево ми е блиску,одам на одмор секоја зима кај мои роднини.Го сакам тој град..
Скијав како мала, но сега не толку. Повеќе сум од топлиот тип, кој не сака замарање нагоре-надоле и мрзнење на -20. Го знам она основното, и секоја година сум во Крушево.
Скијањето нешто најубаво.Има повеке вида на скијање Скијање на вода,на треба на снек,нордиското скијање и други.Скиценрти Банско Бугарија на мене ми енајубав а тоа дали скијам па секако.Ја скијам од 4 годишна возраст редовно секоја зима.
Скијам од трето или четврто одделение, и можам слободно да кажам дека ми е омилен спорт. Со душа чекам да дојде зима. Ниту една не сме пропуштиле да одиме барем на една недела и плус во текот на цела зима прилично секој втор викенд. Вистина е дека е скап спорт и бара материјална потпора бидејќи и најефтината опрема е скапа , облека и плус вртоглавите карти за ски-лифтовите. Јас научив на Попова Шапка и од тогаш не мрднавме од таму, секоја стаза ми е добро позната и помината а имам желба да одам во Банско или на Копаоник. Чувството кога на -20 степени леташ од некој стрмен врв е неописиво.
Дали знае некој колку пари е да измајмиш скии на Попова Шапка? И дали де изнајмува и кацига и наочари и тоа колку пари е?
За жал не скијам, иако тоа го сакам. Но зашто не скијам? Поради балетот. Бидејќи со една повреда од скијање, би можела да заборав на мојот сон да бидам балерина. А сите знаеме дека од скијањето можат да настанат повреди. А јас дефинитивно одма ќе се повредам бидејќи сум многу трапава
Овој викенд ќе бидеме во Маврово. Недела , 7 март ќе имате можност да ни се придружите и да ги научите вашите деца да скијаат. Групата е мала 5 дечиња од 8-10 години. Целодневна настава на снег и сонце, дружење и рекреација со нашиот популарен и лиценциран ски инструктор Тони Петковски. Резервирајте на време на емаил skimacedonia@gmail.com или 077 739 405….можете да ни пишете порака и на инстаграм! source https://skimacedonia.mk/nedela-den-za-ski-chasovi-pridruzi-se/
Скијам од 6 години и тоа е нешто шо најмногу ме исполнува, смирува и ми полни батерии. едноставно обожавам скијање . Оваа со коронава ми дојде најтешко поради зимскиот одмор, а не летен Зимско дете сум, сакам снег, планина, скијање и чај.
Прашање до тие што биле лани во Банско Дали видовте да има да се купи/изнајми од оние меки"желки" за заштита за кичма/колена за почетници?
Некој да има скијано на Попова Шапка? Дали е добро за малку повеќе од почетник или повеќето се стрмни стази? На мапата повеќе гледам црни и црвени стази