Да,јас сум во стан,ама ништо не се слуша,ако рипаш на прсти тогаш е ок,ама ако рипаш со цело стапало е тогаш мисли му ја,на тие што се под тебе лустерот ќе им падне Иначе јас денес 1500 и тоа од нив 750 осмици.Значи еден нормален скок и еден скок осмица...Шампион сум жими се!!Значи ако утре ме нема на фемина тоа е затоа што ќе имам воспаление на мускули и нема да можам од кревет да станам,ама не би требало А ти XMaN ако и утре не скокаш ќе ти дојдам дома и ќе видиш како ќе те натерам.Само кажи кое време ручаш да не те начекам на полн стомак па и мене да ме пцуеш мала шала Ве сакам сите скокачки и скокачи.Еве ви по еден бакнеж за добра ноќ
Луѓе ја си имам проблем и стварно сум нервозна. Значи просторот кај што скокав ми беше супер, ама од денес не е слободен. И сабајле станав и ајде да барам низ куќава негде местенце, дома во станов нема шанси пробав во сите соби, ми потфаќа на лустери, едно др нема место единствено во дневна ама треба цела маса огромна да поместувам, а не можам сама И ајде отидов во подрум широко е има место рипав што рипав, ама тешко ми е да дишам, под земја сум фактички! Поладно е ама воздухот е погуст. Излегов во двор имам и напред и позади двор, напред у комшии има мајсторчиња и онака се дрски и замараат, а не па на јаже да рипам пред нив, ју ноу ват ај мин а и кога ќе завршат какви сељаци се околу мене исто ми се фаќа! Отидов позади, ама од таму гледа на улица цело време луѓе поминуваат не можам едноставно. И ајде се вратив у подрум скокам скокам направив 500 и коа си ги погледнав патиките цели со прашина и нозете цело испрљани ми пукна филм кој знае колку сум се наголтала, ми се виде чисто ама сепак е подрум и не може да е чисто! Дајте предлози, идеи што да правам зашто вака не бива
yes, ама ги брои и тие што ќе ги утнеш, т.е. колку пати ќе го свртиш јажето толку врти и тоа. има едно се стиска и се ресетира на 0 пак.инаку брои до 999
Јојоба мило ич ама ич да не се срамиш да си скокаш во двор,уф камо јас да живеев на приземје или во куќа....ако сакаш дојди ќе се мењаме Е сега морам да ја употребам мојата фраза - Ти оди си по својот пат а светот нека зборува што сака.Што повеќе сакаш-стегнати бутчиња и газе и секако рамен стомак,или да пропуштиш прилика само заради некои мајстори што веќе никогаш нема да ги видиш одкако ќе завршат на тој објект? Изборот е твој,мое е само да те предомислам ПС-Добро немам страшно воспаление како што мислев,ќе можам да рипам пак
Епа морам да се испофалам-2300!!!Мислам дека срцево ќе ми излезеше надвор,дури неможев ни воздух да земам,невидена тахикардија,ама не е битно,битно е дека сигурно едно 600кал.отидов у мањак! А вие скокачки кај ми се губите?
Епа блазе си ти... 2300 е БРОЈКА не е заебанција Ја немам што да се фалам, не сум активна на ова поле додека е пекол времево зашто слабо срце, не дај боже инфаркт ќе ме стрефи Шала на страна, од 1ви почнувам да ве дружам, али тргам од ситно.
Овој ми беше денешниот распоред на скокања, не е ништо во споредба со Ива, ама тоа е. Се’ на се’ 250 скока. Околу 30 осмици, 100 скока со 2 потскокнувања во место, 20 скока-20 вртења со јажето, 100 скока оние што се како трчање - прво едната, после другата нога. Тоа е.
е добро 2 дена......... првиот ден направив 50 да не се уморувам од сам старт... вчера направив 100-4е ама денес зажалив оти листовите не си ги чувствувам се мислам дали да правам вечерва..... море ќе правам ама само 50 и тие дали ќе успеам да ги направам.... уфффф мислев дека кондицијава ќе ми е подобра ама некако, се разочарав но не се предавам дури гледам колку храбри и одлучни скокачки има тука, ќе скокам и јас големо за iva-mici ти ми си вистински пример за упорност
На кој начин скокаш? Првиот или четвртиот ? Ива ни забега остај ја неа, следен пат 4000 ќе ги направи .
На првиот начин и вечерва направив 50 а и си правам осмици ама онака за забава ко мала бев најдобра во скокање на јаже (зборувам за во мојата маала ) и знам дека само јас знаев да ги правам тие осмиците хахахаххахаа леле си се испофалив за на времето ама ај сега да ме видат ќе се убијат од смеење со мене ама не се предавам се трпи болката не е нешто страшно... само сега се мислев уште нешто.... сакам и да трчам наутро од утре планирам и се мислам да не се префорсирам........ама под итно ми треба да ги намалам овие бутовивееее
XMaN за 4000 ќе попричекаме,ама денес пак 2000 отидоа,плус хулахоп полаа саат,плус турбо џем пола саат,а да и трчање 10мин до кај другарка онака да се размрдам Инаку ако имате воспаление никако не се оставајте ден два без скокање затоа што кога ќе почнете ќе биде како на почеток,стегнете заби и скокајте,другиот ден од воспаление ни в нема да имате,а ако се оставите само да ви помине,3-4 дена ќе летнат сигурно(од лично искуство кажувам) така да фаќајте се за јажињата,па Дај Боже не по 2000 по 3000 да правите сите
Ива не ме плаши, како си тргнала сучка ќе станеш . Остај си малку салце немој се да стопиш, женско треба да си има по цело тело равномерно распределено за да и се оцртуваат облините а ако стопиш и мускул од волку тренинг ќе се караме .
Па многу нормално дека нема да бидам боди билдерка Еве уште малце ми фали(месец,макс.два да поработам само на стомакот за вакво нешто Спојлер http://t1.ftcdn.net/jpg/00/15/19/38/400_F_15193813_phMbzBYvOstrYwDiVODFzxmsVCojs49Y.jpg, а повеќе се стремам за вакво нешто http://30.media.tumblr.com/tumblr_li486 ... o1_500.jpg
Ако де фали се убаво е за мотивација . Ако ти не си се пофалиш кој ќе те фали . Инаку за бутовите комбинација на џогинг и скокање на јаже со посебни вежби за бутови ќе ти даде најбрз резултат . Има и поегзотика како Турбо Џам и P90X така да избор имаш да си одбереш што тебе највеќе ти лежи . Погледни се во огледало, штипни се за бутчињата и речи му на салцето, многу те сакам ама време е да ти раскинам и од утре мавни се на џогинг и скокање јаже . Исхраната ти е исто битна ама многу сум ја пишувал, читни по темиве за јаже и џогинг да видиш што треба да исфрлиш од употреба . Среќно и успешно вежбање и добредојде во скокачкиот клуб .
Луѓе, а кај скокате бре, дома ? Ако скокам дома, ко што живеам во стан има цела зграда да ја кренам на нозе Баш ќе одам утре во Орка да видам што јаже ќе беше ова, мене поинтересно ми беше со тие долгите, двајца да вртат а јас да скокам, кога почнавме да се фалиме јас на такво бев наиздржлива ( во мојата маала) , ама сега немам толку кондиција.
Пошто ме мрзеше да пребарувам низ страниве сакам да го прашам ИксМен .. како за почетник (после дооолго не скокање јаже) колку одприлика би било паметно да почнам да правам ? ... па после знам се продужува со зголемување ...
Прашај го ти стручњакот а не Иксмен За почеток минимум 100че,ако не успееш толку рачунај дека многу си слаба и ќе ти треба повеќе време да ме стигнеш ПС-Иксмен не се лути