утрово си се изнатрчав во 6 часот си започнав па половина сат трчав вечер пак јажетоооо теретаната ја баталив некако ми се чини тоа ќе дојди одпосле на ред откако ќе успеам да ги намалам бутовите. Икс мен ти благодарам. Ја разгледав и темата џогирање и ќе си ги применувам и од таму советите.... и секој ден си викам трпение мила, само трпение ете тоа на сите ќе ви го препорачам ТРПЕНИЕ СПАСЕНИЕ Сесилија ако не сакаш да ги збудалиш комшиите...не скокај на цела нога во никој случај, скокај си на прсти и не се прави галама
Па ти што не кажеш ќе дојдеме јас и Ива Мици и ќе ти го вртиме јажето па ти рипкај . Пробав и јас да скокам на тепих и си тропкам по малку ама досега никој не се бунел ама немој со цела нога има земјотрес да направиш, елегантно женски скокај ко балерина .
Jaс ко некоја плавуша сум со прашањава, ама јажето зарем не удира на подот по малку и да ствара галама , не е шала луѓе, на времето играв пинг понг на паркет, комшијата удар ќе добиеше, сега после 15 години здравјето му е уште повеќе влошено Јас утре секако ќе одам до Орка, да го видам јажето па може и ќе го купам, а ако не ќе одиме во природа вие ќе вртите, а јас ќе скокам
Абе Сеси, шо те глеам чудна. Искачаш пред зграда, се дереш под балкон Пирамидооо, ајде да си играме - и рипаш пред зграда. Или идејќи од влез до влез рипаш нали Шала на страна, ако немате под вас едино некоја продавница, као јас у моментов, си рипате надвор. Тоа е тоа
Aбе јас сум друштвен тип, ипак би за варијантата со долго јаже, онака собрани на некоја полјанка покрај планинска река сите скокаме на смени, и на крај седнуваме изморени на по една ракија(пардон лимонада) и почнуваме со муабети до зори Забегав јас, едно јаже која инспирација може да ти ја даде значи
Сеси мор, корен на мајка... шубаво ти беше да си скокаш на нечии нерви, шо сега ми мењаш активности Јас аУтоматски ако рипнам два пати на јаже дома, Ристан ( во цутот на младоста ерген од скоро 70 год, вечити противник на комунизмот, маалски душобрижник и матичар, дежурен кукач на стомакот, срцето, џигерот и не знам уште што ....а вистината е дека ќе живее до 101) комшијата под мене значи нема да ме зачуди ако истрча со лук и света вода да ја брка сатаната од мојот стан А да се растресам некаде у маало најверојатно ќе станам инспирација за вицови за три генерации ...ц`к, не ме личи бре. Мерак ми е пустото, не толку за да топам сало колку што ме дрма носталгија за детските денови....озбилно бе Со мојава сегашна кондиција...хм...ај ќе замолчам пред да биде доцна
Штотуку направив 600 и мене не ми се верува ама си сум пресреќна.... Си реков мора да ги направам и ги направив 500 направив наизменично една нога друга нога значи по 250 на секоја нога и после 50 направив обични со две нозе (два пати потскок) и 50 осмицииииии незнам што ми стана денес ама имам многу енергија значи не било до кондицијата до мрзата било претходните денови заминав на туширање
Слободно биди ко плавуша, нема проблем . Јажето многу малку удира на тепихот, повеќе се прави галама од стапалата, пробај ако не ти се бунат комшии скокај ако се бунат иди во соба каде не спијат, 2000 скока би требало да издржат без да ти направат проблем . Идејата за јаже во природа може да ја спроведеме, кандидати секако ќе се најдат .
И тоа прва на список сум јас-се знае! Иначе денес 2200,ама си ветив дека во недела ќе ми биде ден за одмор од јаже,па и мускуливе да ми одморат малку,да имаа уста којзнае до сега што се не ќе ми изнакажеа A,кога веќе збориме за комшии,овие под мене несмеат да зуцнат бе,јас како ги трпам нивните синови цел ден кога ми џавкаат пред зграда(одма контра напад)...и така си се трпиме едни со други
Ја рипав над два стана, и тоа беше онака баш бука затоа што си рипав со патики да не ми страдаат стапалцата На ламинат, не на тепих Ама не ми се бунеа, во некое пристојно време беше 11-12 сабајле, сите се будни. Т.е. сигурно им сметало али и они мене некад ми сметаат, а и сите ми се фамилија така да ај донт кер. Арно ама како што пишав веќе не можам таму и сега се кријам во двор. И тоа под скали Среќа што сум 1.60 а скаливе височки, башка секогаш ми е сенка таму. И рипам обавезно насабајле, после 11 ипол нема теоретски шанси се гушам од топло. Инаку денес бев и точак да повозам обично ми се воспалуваат нозете, сега не ама г*зето ми е ренде од седиштето. Па и тоа калдрмата кај Бристол ме докрајчи И сакам да прашам, значи вагава ми покажува едно кило повеќе, а нема логика не ни јадам нешто многу, а вежбам секој ден. Имав 54 претходната недела, сега 55! Може и дека треба да добијам малце сум отекла ама што ја знам Не ми е нешто битна килажата ама ме зачуди, прво симнав кило ипол, сега си ги вратив одеднаш
Килажата ти е зголемена секогаш после вежбање.Мери се утре на гладно по сабајле или евентуално задутре(ако имаш воспаление мускулите имаат млечна киселина и им треба околу 24 часа за да исчезне)ќе бидеш пак на старо.Знам и мене ми се случувало тоа,ама XMaN ме просветли
Jaс имам амнезија,ништо не памтам од детство.Ниту хулахоп како се вртеше не памтам,а ни јаже,јес да ќе речете,е де,јаже па ти,рипкаш и го вртиш.Е де,ама кога ќе скокнам,скокам со тежина и едно тапо дум ќе се чуе,жими ситниве 50 и нешто клица.
Same here На ова јажево па колку што се сеќавам никогаш не научив да скокам а кога веќе го спомна хулахопот го најдов во подрум па си го земав, демек ќе вртам хулахоп, (жими што го вртев , немам кондиција ) Хулаеробик. Оооо не није то за мене
Мене ми е хулахопот на два метра до мене у соба и пред некој ден онака на шала пробав и одма ми падна и се изнервирав . Го вртев како дете ама ме фати инат и по 15 минути пробување си го вратив вртењето и сеа можам додека не се уморам . Битно можам ако сакам да го врткам кога никој не ме гледа .
Кога веќе спомнавте хулахоп, лани си земав еден демек ќе го вртам ама мене не ми успеа ни по 15 минути ниту пак после 150 минути... Едноставно нејќеше да се врти а како мала и ја се имам утепано од вртење. Инаку XMaN сега те замислувам нешто слично овака Спојлер Мала шала, се подразбира
поздрав. едно прашање. дали ова јаже со бројач http://www.gladijatori.com/gr-pro-sport ... _p300.html ни кажува колку калории сме согориле?
Не, јас го имам истото и нема такво нешто. Всушност и не знам дали постои такво јаже (кај нас) воопшто...
Ајде и јас нешто да прашам. Читајќи ве решив дека и јас ќе скокам со јаже Ама кога ќе скокам, јажето нема да удира во таванот (или не)? Гледам некои го имаат ова јаже, може да се подесува должината?