Па не може баш да се каже во минути. Ако јас скокам 100 скока за 1 минута можеби ти за пола или за 2. Зависи дали си малце од малце физички активна или воопшто не. Целта ти е да не си ги воспалиш мускулите затоа што нема потреба од тоа. Јас на пример искокав првиот пат 300 и немав големо воспаление, повеќе ми се воспалија кога почнав да скокам како на едно видео неколку страни наназад постирано. Почни да кажеме со 200, па ќе си осетиш сама дали можеш одма повеќе или подолг период ќе ти треба. Али во секој случај нема потреба од напрегање, гледај на јажето како на забава пред се, мене искрено многу ми е интересно.
^Aха, знам, веќе си го купив. И скокав, направив 150 ама јазикот по земја ми се влечеше. И се препотив како никогаш. Планирам до вечер уште толку да направам, па од утре ќе зголемувам. Се надевам ќе ме држи ова јаже-скокањето, а и ќе се мотивираме заедно.
Taка ти е најпаметно за почеток по два пати на ден,за да не ги воспалиш мускулите.Јас вчера паузирав а денес направив 2300.Инаку неможе ниедно јаже да брои калории бидејки тоа незнае ти колку кила имаш,а што поголема тежина,повеќе калории се согоруваат.Еве ти страна,па провери си http://www.healthyweightforum.org/eng/c ... ulator.asp
е,браво бе.. Ме заборавивте.. ако ако,само така.. Ама и јас сум за карање..Го оставив јажето.. ама затоа заради еден долг пат до едно подалечно место ослабев 2 ипол кила.. и сега ко маче сум станала.. поздрав до мојата екипа овде,се знаете кој сте.. Се надевам скоро ке почнам.
Леле Ива-мици, како можеш толку многу да скокаш? Ептен е 2000 бре. Јас иначе, си скокам по малце, околу 500... Деновиве нешто на школо-дома и не сум скокала, ама ќе се најде време и за јажето.
хехе не е многу таман си е ,само последниве 2 дена по 1000,не за друго,туку немам време,по еден саат турбо џам и пола саат хулахоп,а имам за учење така да јаженцето ми е у трет план,сега за сега турбо џам на прво место,ама како и да е не го оставам јас него,само може така да поднамалам неколку дена
Епа ќе ти кажам за мене.. Правам десет кратки скокови со две нозе,па правам 10 на една,па 10 на друга,па 10 со менување еден скок на една еден на друга и 10 осмици-еве ти ги 50... и цело време дур дојдам 1000-1500 се вака си правам... Но правам екстремно брзо,не сакам да се фалам,но навистина превам брзи скокови,па со тоа трошам околу 600 калории- и ја 15 мин правам 900 скока. Ах... и да кажам на екипата.. стомачните ги направив гром луѓе.. ама премногу почнав да ги форсирам..и сега 6pack. Aма кога едно иде,друго заостанува... -јажето уште малку ке збира прашина..
Немој вака да се фалиш со стомачни комплекс ми набиваш . Инаку се врати лавицата во тебе или уште си маче ? Малку да те пецнам да добиеш пак воља за тренинг, еднаш лавица секогаш лавица и во победа и во пораз . Е јас не скокам деновове ама затоа други вежби си правам а сеа и за стомачните ќе засилам, ме мотивираш вака коа се фалиш .
Иксмен, да не си тренер ти? Не знаеш како те визуелизирам со јажето, па со хулахопот, во теретана и рипаш ли рипаш Браво, како мотивираш тука! Туку да почнам јас пак да си рипкам а? Не ќе ми дојде лошо. Не и беше лоша идејата на Сеси - сите пред зграда под едно огромно јаже и сите заедно рипаме, а нели двајца ни вртата...ема есаса есаса кипија
Абе Ива, мене нозете нема да ми издржат до две илјадарки. Пирамитке, зошто да не почнеш? Тоа не е ниту смешно ниту срамно, туку едноставно согорување калоори кое мислам дека помага. Почни си пак со скокање, ем ќе се вратиш во форма и ќе имаш повеќе кондиција.
Оооо далеку од тоа дека се срамам или дека ми е смешно. За одморов не рипав, така беше мислено. Јас искачам и пред зграда си рипам, неам гајле за нишо такво Со трчање ја набивам со рипање се докусурувам
Сеуште не (освен повремени понуди за приватни часови што сум ги одбивал) ама се повеќе имам такви амбиции и планови така да ќе се потрудам следната година нешто посериозно да направам и на тоа поле, што значи пуштај среќа да бидне . Ако не се фатам со некој друг проект ова секако ќе ми биде еден од приоритетите . Пс. Јас ви реков викајте да врткам јаже ама вие не викате .
Ништо не бидна со јажето ? Никој не те викна ? Епа ајде, следна средба ние ќе те викнеме, ама прво индивидуално да си потренираме дома, да не се засрамиме на групното скокање Мене и ластик ми се скока, тоа беа времиња, кога можев до половина да скокам на тоа што се броеше, 1,2,3,4 и на пет влегуваш во просторот дали триаголник, квадрат, било што- колку можев да скокам, а сега некои досадни вежби, вртење на орбитрејк- па зошто не направат ластик за возрасни бре , која позитивна енергија ќе ја има, пак ќе си бидеме деца А инаку јас уште не си купив јаже, се мислам дека не е за во стан- а се договорив со другарките да одам на аеробик- не ми е интересно сама да вежбам, сакам да сум опколена со повеќе луѓе, да се мотивирам повеќе. А дали може да се оди и на јога и на аеробик паралелно, нема некоја штета, нели ? Извинете, забегав од темата
Eпа сега,вака..морам да се пофалам...Ај ем прауд оф мај селф... И да горда сум волку што издржав.. Скокав на јаже со тегови на нозе од по 2 кила.. направив 2 серии по 200 скока.. И работев ножни удари со истите тегови... A и плус мојата вежба на подлактица за стомачни( икс мен ја знае 100 посто )..Издржав 4 минути... Е позадоволна,здравје... И си велам..ајде фанки можеш фанки...можеш (иако ми се тресеа нозете од тие 4 кила ) И стварно можам... Спојлер Е стварно морав да се испукам.. П.С: Каде е Јојобаа ?
Две прстиња еве сум, се гостам со бурек посабајлечки Кај мене нема ништо ново, скокам насабајле во двор додека не излегле оговарачиве и додека е посвежичко стандард по 1000 скока и тоа. Се потстегнав, ама ми се чини дека ми пркнаа и листовите и бутките Едн ај донт вонт дет. Поцврсти да, ама и поголеми Нема везе, битно ми е било каква физичка активност да имам затоа што и кичма, и се ме боли ако ништо не повежбам малце од малце, него од другиот понеделник ќе рипам попладнечки заради факс, се спремам психички да ме буљаат 10тина очиња радознали и сељачки