Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скокање со јаже

Дискусија во 'Фитнес' започната од Iva-Mici, 11 август 2011.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    А се важи скокање в место или преку ластик да речеме?
     
  2. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Да :) . Секоја физичка активност која ти троши калории се важи. Можеш и во место да правиш потскоци исто ќе ти користи. Јажето е понапорно дека имаш и движења со раце ама ако симулираш дека скокаш со невидливо јаже сличен ефект ќе имаш.

    На ластик како скокаш ако не е тајна, ема есаса или некоја друга метода :D ?
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  3. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    И за скокањето во мал простор има решение! Само треба да има место колку да се рашират рацете и наместо класично јаже за скокање, се користат две рачки со топчиња на краевите. Со тоа се вежбаат и рацете паралелено.
    На ова мислам:
    [​IMG]
    [​IMG]
    99% сум сигурна дека кај нас и доколку има вакво “јаже“ би било премногу скапо, ама затоа може да се направи дома.
    Потребно е обично детско јаже за скокање со дрвени рачки и јажето да е вметнато внатре
    [​IMG]
    две топчиња за тенис и бормашина. Јажето ќе го пресечете на 25-30 цм од крајот, ќе направите дупки во топчињата со ист дијаметар како јажето или помал (не поголем за да не шетаат топчињата), ќе го протнете јажето низ двете дупки и ќе заврзете чвор. Мислам дека доволно јасно објаснив, барав слики на интернет од постапката ама не успеав да најдам.

    Edit: Дури мислам дека и со клик-клак топчиња би можело да се направи истото дури би било подобро зошто тие се потешки, само треба јажето да е потенко!
     
  4. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    А и немора да се издупчи зошто може да падне топчето може некое потешко топче убаво да се заврзе и така би било од поголема функицја.Исто така може и топче од волна само да се врзе на крајот за да не се размота :)
     
  5. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Јас од прво одделение не сум престаната да скокам на јаже xD
    Најсериозно! :!: Скокам секогаш кога и да најдам време, дома, надвор, во парк со внукими...
    И Стално си пеам песнички што си ги пеевме некогаш :lol: :$
    Колку скокови сум правела никогаш не сум водела евиденција...
    Обично вртам со средно темпо...
    А во основно (и последниве години кога ќе се најдиме истите другарки за жал ретко се дешава) земавме голема фортома и 2 на крај и останатите скокаат, секогаш останував/м последна :D
     
  6. mila.s

    mila.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    36
    Девојки сакам да ве прашам да не знае некоја каде се продаваат јажиња за скокање што имаат и бројач за скокови на нив и колку пари се движат. Позз :)
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Дури бараш јаже со бројач, купи си обично и број си сама :)
     
  8. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Порано имаше во Орка ама најубаво прашај си :). Ако нема, скокај со обично јаже и или број ги скоковите или скокај на време, да речеме 10 мин или 15 или колку можеш :).
     
  9. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    238
    Сеуште ги има и во Орка и се 270ден. и имаат бројач до 999 :)
     
    На mila.s му/ѝ се допаѓа ова.
  10. macence...k

    macence...k Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    5
    а како скокате??, мислам на кој начин?..точно не ги знам термините, но дали е тоа во место , мислам со подрипнување на двете нозе одеднаш, бидејки јас скокам исто како да трчам со јажето само што сум во место, мислам едната па другата нога..мислам дека се разбравме.. :D

    и како има повеќе резултати, односно- побрзи.. :rofl:

    и уште нешто , скокате ли додека имате менсртуација? :tmi:
     
  11. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    Здраво девојки!!!
    Денеска ми е 5ти ден од диетата на Жан Митрев па ме интересира дали со скокање на јаже ќе го забрзам слабеењето..... мислам, да не ми направи проблем да ми ги затегне мускулите уште толку затоа што имам многу за симнување (дури 20кгр) :(
     
  12. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Дали со скокање со јаже ке ги ослабам малку образиве :P Иам така малку пополнички обравчиња и не ги сакам ич :/
     
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Во принцип би требало од секаде да симнеш масно ткиво што значи ќе фати малку и од образите :).
     
  14. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    10.313
    Си купив јаже со бројач од Орка ама ќе го баталам. Многу лош гумен материјал што се увртува додека скокаш, не можам да фатам ритам од што ми се уплеткува.
    Така што чаре, ќе си купам најобично јаже по мерка и ќе си скокам со него.
     
  15. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.249
    Допаѓања:
    6.732
    Да си прашам јас за скокањево со јаже ..Кога ќе скокаш треба со двете нозе одеднаш или може едната па другата?? Како е поефективно ?? Мене ми е полесно едната па другата ...
     
  16. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Тука напишав за варијанти на скокови :):

    fitnes/skokanje-so-jaze-t7839/130.html#p670399
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  17. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    89
    Здраво за сите скокачи, јас неодамна се придружив, но имам неколку прашања, па ако може да ми помогнете :wasntme: скокам веке една недела (знам многу се намачив ) :$ но ги осекам листовите т.е мускулите на подколеницата :lol: стегнати, како отечени и многу ме болат, но друго ништо. До мене ли е, грешам нешто или така треба? Инкау скокам по 50 скока напред и 50 назад, една серија сабајле и една навечер... на 2иот начин на xman. Поздрав до сите :hai:
     
  18. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Тоа не се многу скокови но очигледно ти се тебе премногу :) . Направи пауза неколку дена убаво да ти заздрават листовите и после почни по серија од 20 скока па постепено наголемувај, тука постепеноста е многу битна.

    Има поборници на тренинг да се вежба и кога те боли мускул но јас не сум од тие. Чим осеќам патолошки замор на некое место му давам пауза за комплетна регенерација. Тоа е мој стил но ако осеќаш дека и покрај болката можеш да скокаш и нема да имаш штета скокај. Вежбањето е супер но не по цена да настапи повреда :).

    Така да намали го интензитетот на тренингот и дај им време на листовите да се адаптираат :).
     
    На TheIdealMe му/ѝ се допаѓа ова.
  19. macence...k

    macence...k Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    5
    имам еден куп прашања, незнам од каде да почнам :P
    јажево ми е пријател веке месец ипол, секој ден, стигнав до бројката 1000 дневно, од кои 900 се од првиот начин на Xman, за почетници, а другите 100 на вториот начин, со потскокнување..
    и сега резултат, целулитот не ми е мрднат, целиот си стои :sweat: :tmi: и друго..осекам дека мускулите ми се со друга форма односно над колениците одпозади имам подебел ај да го кажам мускул а како со оди погоре кон газот се потенок, а до напред па обратно..така ли треба да биде..и зошто мислам дека само тој долен дел од надколеницата одпозади има шанси да се зацврсти а погоре, и газот?? има ли шанси??..а па што се потам во последно време, чудо..не беше така порано, незнам зошто е така...
    грешам ли некаде??..а иначе се трудам, се масирам со креми на критичните места, башка не само тоа, и дотичниот го известив дека скокам, и тој чека резултати :rofl: :inlove:
    П.С. кажав и понапред, немам вишок килограми, само поради студентскиот живот кој измина, сум олежана максимално и имам целулит..

    Xman, гледам даваш совети..помагај...или пак некој друг што знае нека ми помогне.. сакам да знам дали грешам некаде :P :*
     
  20. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    За мускулот вака не ми е јасно на што мислиш, без фотографија никој не може да ти каже ништо. За задникот да се зацврсти си има посебни вежби (на друга тема) кои можеш да ги правиш додатно на скокањето. Скокањето е претежно кардио вежба и главно удира на листовите така да ако сакаш убаво обликување и зацврстување и на други мускули мораш да додадеш и други вежби.

    Целулитот е комплексна работа и да се тргаше така лесно сите салони за убавина ќе се затвореа зашто секоја девојка со месец дена скокање ќе беше celulite free :D, за жал не е така просто.

    Од тоа што знам за целулитот мораш да направиш комбинација на мерки а не занемарувај и генетика:

    Кардио вежби+правилна исхрана (намали драстично животински масти од сувомеснати, укини маргарин, намали големи количини мајонез, еуро крем, многу шеќер, масна и пржена храна, соја и производи од соја, тестенини, леб и бело брашно)+намален стрес+без анти беби пилули (ради естрогенот)+без тесен долен веш (намалува циркулација)+масажа на кожата каде има целулит.

    Не е лесно ама верувам со тек на време ќе го намалиш и целулитот (не се откажувај) :).
     
    На macence...k му/ѝ се допаѓа ова.