Скокачи и скокачки, јас навистина сум решена да си ја отпочнам мојата сезона. Дури сега ми текна, ама ако.. Епа, од утре земам јаже и надвор!
Изгледа судбина ми беше да се качам на таван и да го најдам тоа јаже хххх Од денес почнувам да скокам : ) Него ај малку просветлете ме, со скокањево можам да си го намалам салцево кај стомаков или со ова само мускулите ќе ми се зацврстат?
Зависи колку време ќе скокаш на ден и како ќе се храниш. Ако со скокањето трошиш повеќе калории него што внесуваш во текот на денот (храна и пијалоци) ќе почнеш да слабееш (организмот ќе почне да го троши салото за енергија). Ако пак трошиш и внесуваш еднакво како и пред скокањето ќе ја задржиш сегашната тежина .
Јас како активен скокач на јаже,да кажам дека сум презадоволна од оваа активност,зошто за кратко време се забележуваат ефектите на целото тело.... Јас дневно скокам по еден час и трошам околу 500 калории,внимавам на исхраната,зошто успат правам и други кардио вежби.... Вежбам активно околу еден месец и веќе се забележуваат ефектите. Целта не ми е слабеење,зошто според височината сум доволна но тоа го правам заради зацрвстување и летната сезона која ни претстои
Добро влијае на листовите,исто така и на долниот дел од стомакот,меѓутоа како што рекоа и погоре,исхраната е таа која е пресудна за слабеење.Така да,ако продолжите да се храните исто како и до сеа и притоа почнете да вежбате за да ослабите,тоа нема да се случи,само ќе го стагнирате тој процес на дебелеење или евентуално ќе го успорите.Затоа намален дневен внес на калории+вежбање(дали скокање на јаже,или други кардио тренинзи)=намалена тежина и добро обликувани мускули
добро како е можно 2 месеци сум на определен начин на исхрана, кратам колку што можам, внесувам максимум 500-600 калории(некогаш многу помалце) дневно а вежбам и трошам и се движам. ништо од резултати незнам каде грешам ? иначе јажево, почнувам само да си набавам
Жлезди и хормони се ок, некои посериозни здравствени проблеми немаш? Ако си ок (што верувам) треба да знам колку и што јадеш во текот на една недела (на пример) и колкава ти е физичката активност. Тоа кога ќе го знам ќе можам поконкретно да ти кажам каде и дали некаде треба да направиш измена во режимот. Кои резултати сакаш да ги постигнеш ?
feminki a za kolku vreme gi pravite tie 500-1000 skokovi na jaze? ja minatatanedela pocnav ama primer pravam okolu 300 skokovi ama toa mi e mn kratko vremenski za 10min zavrsuvam. e sea mi e cudno koj znae kolku ke treba da iznaskokam za 1saat? po sto e podobro da se vodime po broj na skokovi ili po vreme? Ve molam za odgovor [mod-kirilica:1f5375tc][/mod-kirilica:1f5375tc]
немам никакви посебно здравствени проблеми, сакам да симнам 5 кила и секако да се затегнам и задржам. малку се демотивирам бидејки со најдобрата другарка многу работи заедно правиме и се поддржуваме така и сега почнавме на ист ден она има симнато 6 кила до сега јас едвај 1ипол две.. кога си во школо тешко е да си активен зашо седиш 7 саати дневно ама секогаш кога можам и секој ден стомачни нешто вежби и тоа.. иначе имам 16 незнам мајка ми и така јас се забележувам дека сум малце позатегната ама не е тоа тоа ...
Види ја 16 имала и се разочарува, пих, ќе средиме работа . Ајде пиши што јадеш во текот на денот у просек и колку вежбаш па ќе прајме програма за вежбање и исхрана. Ќе симнеш и ти ич не му се мисли .
пример: сабајле ако мајка ми не напне знам да останам и само на салата кога сум втора смена зборам, ако не,малце макарони/варено јајце/пире/.... во школо зависи од денот, ама најчесто пола тост или кроасан + такви гранула барс(житни), дома кога ќе дојдам капната сум и јадам малку пр. ручек што има + леб. вежбам сабота и недела (мислам на возење точак/ролери/ некогаш и трчам) + пред школо стомачни, пијам голема шоља зелен чај и две литри вода. прва смена исто само порано оброците и без доручек, сабајле јаболка јадам во школо и поретко вежбам. немам некој диет план само кратам на благо и на количество... :/
5ти ден ми е мене денес откако се дружам со јажево. Како што си бев заседната и заучена цела година, сега и по 10 минути скокање сум уморна а еве и листовите ме болат. Е сега кај мене финтата е тоа што бројачот на јажето е расипан, а ни јас не си ги бројам скоковите секогаш. Во една серија скокам дури не се заплеткам, вкупно - дури не капнам.. Скокањето ми е како тој типацот на видеото на почетниве страни од темава, за побавно не ни размислувам. Кој сака нека ми се смее и нека ме гледа, јас брате во двор, цело маало го дрмам (дома нема шанси, нема место). Пробувам и два пати да го свртам јажето за еден скок ама рано е не сум толку усовршена. Си јадам нормално, пијам мнооогу вода, зашто сакам целулитов да го подснема, ништо друго. Си викам од олку растресување ќе има ефект. Во секој случај забавно е!
Се вежба на празен стомак а кој не може да издржи (има болки или се онесвестува) нека земе неколку залчиња колку да не биде ептен празен. Не е забрането да вежбаш и после оброк но храната треба да е колку толку сварена за да не смета при тренингот. И секако може гладен да се вежба, информирај се подобро.