Уф ми се врти и од самиот збор - јаже. Минатата година скокав на јаже 3 дена и после 4 от добив катастрофално воспаление на мускулите, такашто неможев да се мрднам од кревет , нозете до даска ме болеа, и оваа година пролетта пак му се заинаетив и пак почнав.Порипав и пак го оставив, неможам некако , ама сеа пак ме фати инает, деновиве пак ке почнам па што сака нека е
а дали со јаже се топи салото на стомакот ?? моментално сум на Аткинсовата диета и малку ослабев ама сакам и вежби да правам.. дали скокањето со јаже и хулахопот можат да ми помогнат ?
Јас имам едно прашање, не можев да листам 35 страни после првите 5 ме фати сафра па да опишам најнапред каква ми е ситуацијата ... имено скокав на јаже и лани летото, еве ова лето каснам ама пак почнав еве скокам веќе еден месец со тоа што скокам 100 скока па една минута се истегнувам со некоја вежба, па пак 100 скока и почнав со 300 па секој ден зголемував за 100. Стигнав до 800 скока на ден така што сега веќе стагнирам подолг период не менувам за да не фатам воспаление на мускули но после цел месец денес за прв пат почуствував болка во колениците кога почнав да скокам и престанав бидејки не можев... мене ме интересиира дали на некоја феминка и се случило истото или нешто слично или можеби знае некој каде правам грешка ???
Воспалени мускулу после почнување на секоја нова физичка активност е нормално и очекувано. Тоа значи дека конечно мускулите се предизвикани и користени и ако продолжиш да ги предизвикуваш тие ке продолжат да работат и да стануваат посилни и оформени. Исто така поради тоа што скокањето на јаже е кардио вежба и бара многу кислород за телото , тоа значи дека ке гориш многу калории. Скокање то 1 минута на секои 5 минути е доволно да го зголемиш горењето на калории. Продолжете да скокате и ке видите прекрасни резултати на вашето тело. Мене скокањето на јаже ми е заббавно и го вклучувам во моето вежбање секој нареден ден. http://www.youtube.com/watch?v=groGoz4R4c8&feature=plcp
Прочитав дека ако се скока на јаже подолг период на тврда подлога страдаат колената ! Е сега сакам да ги прашам искусниве скокачи дали е ова точно, и ако е дали ако скокам на некоја подлога ќе го избегнам ова ? (јас дома скокам на ламинат)
Па сеа зависи како скокаш.Ако скокаш на прсти,тогаш не страдаат многу,но ако скокаш на цела нога,тогаш страдаат.Е сеа и од трчањето многу страдаат,па сеа како и да видиш има негативни ефекти.Скокај си кај ти е најубаво,но ако можеш избегнувај тврда подлога.Јас скокав на цименто,па не осетив никакви негативни ефекти,плус играм фудбал на иста подлога.Е сеа сигурно е штетно,но не премногу.
Скокам на прсти ,ако скокам на цело стапало ке отидам на гости кај комшиите под мене ,право у дневна . Сепак ти благодарам на одговорот
Ако можеш да бираш скокај на меко (тепих или нешто слично). Ако скокаш со добри патики може и на паркет да скокаш ќе ти го чуваат стапалото кое пак ќе ти ги чува колената. Скокањето на прсти каде при секој доскок правиш мало спуштање со петата ги чува колената (ја презема вибрацијата) ама од друга страна ако скокаш боса на ламинат/паркет може после извесен период прстите да ги набиеш. Затоа скокај или со патики (ако мораш на тврдо) или боса на тепих .
Од денес и јас ви се придружувам. Направив околу 350 скока со две паузи од по половина минута. Снемав душа и почна да ми се повраќа малку. Се надевам како поминуваат деновите ќе се подобрам, само ме интересира колку ефект имаше ова од денес?
Верувај дека има ефект и тоа каков ке забележиш набргу ако скокаш редовно .Се затегнуваат мускулите на нозете ,најмногу листовите ако скокаш на прсти и задникот . Барем јас ги приметив овие промени кај мене .А и помага за намалување на сполјерчињата на стомакот ако ги имаш . Јас кога почнав да скокам губев здив на 100 . А сега после 5-6 месеци ги скокам 2000 за отприлика еден саат со мали паузи .Ако правам и други вежби скокам по 1000 и правам уште 100 стомачни и 100 чучњеви . Поздрав па се надевам ке се дружиме на темава
Ќе се дружиме, ќе се дружиме Само ме интересира дали се слабее, затоа што мене моментално тоа ми е битно?
Се слабее ама ако припазуваш на храна . Скокањето на јаже ти е една од најдобрите кардиоваскуларни вежби . Еве ѕирни на линкчево да видиш колку калории се трошат со скокање http://jumpropebest.com/calories-burned-jumping-rope/
скокам скоро секој ден, бидејќи секој ден имам тренинзи и тренерот тоа и го бара од нас, дефинитивно има резултати плус листовите убаво ги обликува заедно со бутовите
Сама си пишувам тука Нема врска Дојдов јас до 1000 скока за една недела и половина од почетни 350. Задоволна сум, се чувствувам полесно, посвежо. Татица ми го погодил јаженцево од Битпазар. Така тоа...
А ако сакаш да имаш уште побрз ефект во однос на слабеењето тогаш стави си најлонска фолија на оние делови од телото каде што сакаш да ослабеш повеќе, е тогаш да видиш како ќе се потиш и обликуваш.
^ Ставам фолија обавезно. И за пешачење и за скокањево. Се потам да, ама што знам нема некои wow резултати да се стопам. Ама си терам, не ме чини ништо и онака.
Можете да вежбате со фолија,ама сепак носете и памучна маица за да ја впива потта,бидејќи лесно може да се настинат бубрезите.