1300 скока. Планирам до 2000 да дојдам и не зголемувам повеќе. И навистина ми е непријатно што сама си пишувам, сама си давам мотивација кога си ги читам почетоците со скокањево, и ти се молам, тоа се е на една страна собрано
Браво ,навистина си напреднала.Јас демек ке те дружев ама немав време за скокање минативе две недели . Се надевам ке почнам кај и да е . Поздрав и без откажување
Нормално ли е на пример после 10 скока да почне да ти чука брзо срцето? Пробав направив 10 скока, после дишењето многу ми се забрза.
Си ја постигнав целта од 2000 скока. Ги правам за неполн час. Не знам дали ќе зголемувам уште, ама најверојатно нема. Момчево ми вика доволно е, ама поинаку ми беше кога секој ден зголемував за 50 или 100 скока
1 минута = 11 калории! А тоа е супер! Да соберам малце сила и да се средам па ќе почнам. Нормално, немам ни јаже, па какво ми препорачувате?
Јас си имам од пазар, на метро. 4 метра земал татко ми, ама долго беше, му врзав два чвора на краевите и сега ми служат како дршки. Со потскокнување .Со еден скок на крај 100ина правам, најбрзо што можам, за целосно да се истрошам.
А каде може да си земам јаже И дали скокањето со јаже може да ослабам во горниот ден на нозете(над колената)
Јас бев вчера во Орка да побарам јаже. 350 ден. е, го скапнале, лани беше 300 Мислев дека сите имате такво ради бројачот, а сега ја читам Тинкербеллл дека и е од пазар јажето. Зарем ги броиш скоковите до 2000?
Па јажето не треба да е баш јаже, туку како гума, или се лажам? (за да е потешко). Видов и во Jysk ама 590 денари беа, ало! Па така во и во Орка и на пазар ќе видам. Фала девојки!
Си бројам да, ама така махинално ми доаѓа, што не сум ни свесна. Си пуштам во позадина радио на 100.8 и цепам
Види и на пазарче или во продавниците за играчки . Јас најдов во книжара у мое маало јаже со бројач за 130 денари
Денеска си купив јаже од Орка. Значи им реков јаже за скокање и тоа ми го покажаа, гумено е, се подесува должина и се' убаво, арно ама таа таму ми рече и бројач имало... хм? јас не гледам убаво или ме излажа девојчето? Има некој вакво јаже ?
Имам едно јаже што го купив и го користев два дена па го фрлив и забораив. Утре ќе го побарам, па ќе започнам со вежби. Него ме интересираше, со колку вртежи да почнам? Јас вежбам скоро секој ден вежби и понекогаш џогирам, што значи кондиција имам стекнато,да почнам со 100, или со нешто помалце? Ме интересира зошто со едни вежби за нозе два дена кога се оптеретив еднаш, третиот ден неможев да застанам, невидени тешкотии имав.
Ништо не се 100 ако имаш кондиција почни со 400-500 Јас немам баш кондиција а ги правам по 800 но со паузи се разбира