^^ Хаха, утре сигурно нема да можам да направам повеќе од денес, како што планирав секој ден се повеќе, ама за 3-4 дена најмногу сигурно ќе помине воспалениево. И се надевам нема уште толку да ми се зголемат листовиве, си ги имам доволно, сакам само да се стегнам малкуцка
Не се секирај, нема да ти се зголемат. И јас сум си така развиена и немам промени (барем на полошо не) само што ќе ти се зацврстат и ќе изгледаат поубаво.
Јас вчера 1000че,денес пак и се така до вторник,после 1200 здравје.Инаку вчера вежбав со тегови и ова рацеве ќе ми експлодираат,едвај пишувам на тастатурава Ама против воспаление на мускули се знае што е лекот-дупло повеќе вежбање,така да за саат време ќе го силувам јажето
Аааа и јас вчера го силував јажето.Нозете ми отрпнаа,околу 1500 скока направив. (5 серии по 300) Ама денес,нема јаже Кондиционен тренинг мора малце.. Go girl Така продолжи Iva-Mici
Инаку екстра добра вежба е истовремено рипање на јаже и трчање, ама јака му душа на кој може. Јас ќе се срушам после 20 секунди.
E не,ќе се заебаваме Малце офф топик-сакам да најдам хулахоп,ама како за нас не од оние детските,многу се мали и лесни.Знае некој каде да најдам? ПС-И денес 1000че и многу сум си среќна Сега тегови here I come
70 скока направив, доста е за прв ден, страв ми е повеќе Инаку различни беа скоковите, со двете нозе па со едната само, па наизменично
Ете за утре пробај 50 со едната, 50 со другата, па 50 со двете нозе. И секој ден наголемувај по 10-20-30 ти ќе си осетиш најдобро. Да се пофалам мене мускулчињава ми се боље, може од умор прееска така се осеќав. Се надевам утре ќе стигнам барем до 800
Не ми текнало за скокање со јаже. Само да најдам место кај да скокам, земам јаже и почнувам со вежбање. Убаво ќе ми дојде, ем ќе се затегнам, ем ќе си имам барем малку кондиција за аеробик (од септември некаде) Се заседов малку летово.
Јас како помала многу често скокав на јаже, а и на школо кога имавме физичко и кога имав дозвола, секогаш скокав. Сега сакам да почнам пак, само јаже ќе треба да си купам. Сакав да прашам како скокате, бидејќи постојат многу различни начини. Со двете исправени нозе брзо го скокате јажето; помеѓу едно вртење со јажето правите 2 помали скока; трчате; прво со една нога скокате, па со другата; скокате наназад; правите 'осмици' (нанапред и наназад) ... ? Знам дека објасненијава не ми се баш најдобри, но незнаев како да се изразам поинаку.
Јас скокам кратки скокови со двете нозе (исправени во колената) и мислам дека е најголем ефектот вака,а и плус правиш повеке брзи скокчиња за помалку време
Јас секој ден различно,прво со едната па со другата,па со двете заедно,па осмици(ама не многу,не сум баш добра во нив), после со трчање.....многу едно десетина врсти имам. И така ми е боље,затоа што ги активирам и двете нозе и стомакот,а не како првиот пат скокав само на едната нога,па имав ненормално воспаление на листот и тоа три дена едвај одев,дури сите мислеа дека ми е шината ногата и така едвај чекам утре пак да си скокам
Со едната, па другата, па двете нозе. Многу ми е мерак да пробам со трчање ама немам простор дома. Утре ќе одам да си купам јаже со бројач па ќе се прчам низ двор, со вакво детско малце ми е срам А и подруго е кога рипаш на помека подлога(трева), нема толкав притисок. Вака на ламинат малце осеќам болки во стапалата
А да не скокаш на цело стапало и на петици девојче ако те боли... Вака кога ја видов темава уште помило ми стана што се зачленив, зашто пред два дена и јас почнав да скокам. Имам вишок на бутовите, а со горниот дел на телото немам никаков проблем, рамен ми е стомакот, слабичка сум, но горниот дел на ноџињата... а пробав, со пешачење, џогирање, ама наместо долниот, горниот дел ми слабееше, а тоа не ми е потребно... па решив и јас да пробам со јаже, ама некако не верувам, не знам мислам дека исто ќе излезе како со пешачењето и трчањето...Па ако некоја има слично искуство, и ако знае дали е ова ефективно за бутовите, ама без да ми се "исуши" и горниот дел, нека пише ако не да си барам друго чаре
И јас го имав истиот проблем со дебели бутини, и скокав со јаже по дома, добро е имаше позитивни ефекти, но не можеш да очекуваш само со тоа, мораш да правиш и вежби за нозете, јас се намачив дур ги ослабнав, ама сега се топ... И без диети и такви работи, нема потреба, плус помалку енергија ќе имаш... Хехе, и скокај си по дома, ако те болат стапалата од паркетот, стави си некој подебел тепих или јамболија нешто и немој да ни одиш по тревите надвор како некои, лето е, има крлежи или на некој камен ќе се закачиш
А не, не, надвор никако. Не се само крлежи, и соседите ќе зјапаат како ненормални, тие едвај чекаат некого за сеир... Внатре, дома се што е ризично тргнувам, да не си ја удрам главата некаде скокајќи и тоа е, на прсти скокам и нема што да ме боли, добро сега, ме болат мускулите. А инаку правам и вежби за нозете, но не оди некако, дали генот ми е таков, не знам . Ете ти си ослабела, белки и јас ќе успеам... Да се надеваме
Скокам на прсти, ми пиша баш една девојка тука дека така се позатегнати мускулите, ќе пробам и на тепих ако најдам доволно широко место, без да скршам нешто Инаку да се пофалам си купив јаже од Орка, 270 денати е со бројач, некое кинеско, тајландско, јапонско не видов точно, ама што е битно