Јас сакам да прашам тие 2000 со колку паузи ги правите ? Јас вчера почнав со 250, ама ги правев со паузи, правам 50 и неможам повеќе, морам пола минута да одморам и пак продолжувам.250 и вода течеше од мене, кога ќе стигнам 2000 не знам што ќе биде. И денес ме боли само листот на десната нога, затоа што само на таа скокав, уште тешко ми е со двете да скокам. Или ајде има време додека да стигнам до 2000, пример за почеток да биде 400 и секој ден да зголемувам, ама со колку паузи да ги правам ?
На 200 и кусур застанувам да ги истегнам нозете (тоа не трае ни половина минута) и продолжувам. Јас почнав со 350 и исто како тебе правев паузи. За 2-3 недели од прилика, дојдов до 2000, со секојдневно скокање. Зголемував за 100 најчесто. Сега почнав многу брзо да правам 2000 скока, за точно 47 минути, од кои еве 3-4 минути ми се пауза, па ќе зголемам за уште 200-300 за да дојдам до 1 час скокање. Друго, ако те боли листот, не престанувај да скокаш. Ако престанеш, по повторниот почеток пак ќе те боли. Мене ме болеа и рамената и плешките на почетокот, ама сега е се ок. Не се откажувај, биди си упорна, многу е ефикасно скокањево. Јас целулут скоро и да немам, а и газето многу фино ми се затегна. И рацете исто така. Абе се комплет
Паузата е индивидуална работа, некому речиси нема да му треба пауза додека некој без кондиција и неспремен ќе паузира релативно често. Сама одреди си кога и колку да одмараш, да згрешиш е скоро невозможно зашто ако претераш ќе осетиш па следниот пат ќе намалиш темпо. Ако не можеш со двете нозе да скокаш барем на 100 скока менувај ја ногата а не 2000 скока само со едната нога, не е фер за другиот лист . Би ти препорачал да пробаш барем неколку скокови секој ден со двете нозе да почнеш да се привикнуваш и ќе видиш дека не е тешко
Денес почнав да скокам, прв ден ми е па почнав со 300 со паузи. Ме измори и испоти добро богами, убаво се чуствувам сега. На бројачот имам за калории, километри, милји и број на скокови. Јас го одбрав она, бројот на скоковите и според тоа гледав, па 300 направив. Мноогу е ефикасно, прв пат после долго време ми е, а одма се чувтсвувам супер, како да сум вежбала незнам колку. Секој ден ќе додавам по некоја бројка + па сакам до крајот на месецов да стигнам до 2000-3000. Вие за колку време ја достигнавте оваа бројка?
Браво!! Ќе напредуваш со тек на време, ич не се секирај. Може да кажеш од каде го зеде јажето со сите тие додатоци на него?
Мене ми купија вакво јаже од Џамбо , значи баш јаже е, не е гумено и тешко, туку ми се плетка во нозе Сега дали јас не знам да скокам, дали е до јажево.. Кога замавнувам во воздух, некако уште во воздух се заплеткува и ми удара во нозе..Порачав од тука со бројач http://www.femina.mk/out/?id=a06b042dd3 ... _p300.html ама додека ми го донесат ќе морам да скокам на тоа детското Едит: Не, не и не Пукнав, вртам и ми се заплеткува во нозе !! Дали само 5 пати ќе скокнам успешно и 6тиот ми се плетка .. Дали е до јажето, или јас слабо замавнувам па се плетка, или ми е долго ... Ама застанав на средината и баш под рамења ми доаѓа.
Јас летово редовно скокав јаже. Секој ден. Има многу добри резултати. Се затегнува телото, а и стомачето ми се намали
Му ја научив финтата ... Треба убаво да ги раширам рацете, силно да замавнувам а да скокам полека.. А јас брзав и не се концентрирав и Денес стигнав до 600, скокам колку можам на десната нога, потоа на левата и на крај со двете, ма да ми е многу тешко со двете.. целта ми е 2000 , многу убаво се чувствувам, и се потам бааги .. Ќе видиме колку ќе издржам, ме демотивира тоа што многу време треба да се намачам за да приметам резултати
и како одеше плаќањето и тоа? за колку дена ти стигна ако ти стигна? и јас сакам да порачам кај нас со бројач се по 1000ден. луди луѓе...
Јажето ми го порача сестра ми од eBay и уште одамна беше тоа, ама види, таму имаш многу ефтини ако имаш можност да порачаш. Инаку да, еве сега правам по 1000-2000 на ден, ептен сум задоволна од резултатите, супер се затегнав.
Бидејќи немам услови за скокање на јаже ,скокам в место наизменично прво со едната па другата нога ,секој втпр ден (т.е. кога не сум на зумба). Правам најмалку 1200 потскокнувања ,засега ми е добро ,малку ми страдаат скочните зглопчиња ,ама трпи баба за убаЈна Листовите ,задникот и задната ложа ми се позатегнати ,пто ми е исклучително важно.