Пред некој ден си купив јаже за скокање, па би требало веќе да почнам да скокам. Пред некој ден пробав и колку ми е чудно кога скокам, се чуствувам како многу тешка и неможам да скокнам. Тоа е оди не сум скокала којзнае од кога.
Јас порано на физичко цел час скокав ама еве 3 години дома бебе ваму наму и немав скокано баш пред една недела почнав 150 скокови направив и мислам 3 дена бутовите ме болеа па пак скокав 100 направив и сега пак пауза и утре пак ке скокакам па и ке продолжам секоа ден оти убаво чуство е и брзо согоруваш калории а и цело тело го затегнуваш .. Ај за некој месец ќе пишам резултати
Пред неколку месеци земав да скокам малку,дефинитивно немам кондиција.Од само неколку вртења се изморив.0_0
Девојки скока ли некоја? за една недела стигнав до 900. Целта ми е да ги затегнам нозете и задникот, ајде која скока да се дружиме
Јас почнав со 150 (50една нога, 50 друга и 50 со двете ако ме разбираш како) денеска 150 со една 150 со друга 150 со двете, две партии
Штo се пoстигнувa сo скoкaње јaже, сaкaм дa скoкaм сo јaже нo не знaм тoчнo штo и кaкo ќе е. @Mr.Awesome Сoветнику?
Кажи ученичке моја. Скокање со јаже е идеално за согорување на калории и се смета за fat killer (убиец на мастите). Освен тоа, нема да ти даде некое посебно зајакнување на мускулите или кондиција. Меѓутоа за горење на калории и симнување килограми е екстра ствар. @SunnyGirl2 кажи си ти на советникот и тренерот твој што конкретно сакаш да постигнеш? Јас би рекол без разлика кој што и да вежба, да го вежба целото тело, а не само 1 група на мускули. Кардио тренинг (трчање, пливање, скокање со јаже, возење точак, орбитрек итн. зависно кој што може) + кревање на тегови или вежби каде што мускулите ќе бидат оптеретени и ќе дојде до нивно зајакнување и дефиниција + здрава исхрана = . Нема магична или тајна формула. Се' си бара макотрпна работа и not quitting until the job is done. Бонус тип. Спојлер Знаци на добро сработен кардио тренинг: забрзано чукање на срцето и потење. Ако не потече вода од вас или немате зголемен пулс, значи правите low intensity тренинг. Појачајте темпо. Суштина на кардио тренинг е да потече вода од Знаци на добро извежбани мускули: запаление на мускулите ако вежбате за првпат, мала до умерена болка на мускулите наредниот ден или ич болка, ама забележувате јакнење на мускулите ако вежбате подолго време и сте во добра форма. @SunnyGirl2 да частиш за советиве. Спојлер
Јер се зезаш са мном мала? Ја ти давам добар пост ти супер кратко прашање. Got you girl, се зезам мори, сеа ќе ти пишам. Немам посебен режим на исхрана. Внимавам секако. Не јадам junk food, избегавам производи со рефиниран шеќер (90% од производите имаат уствари шеќер ама тоа е тоа). Sugar = cancer. Слатко е, ама тоа слатко после ќе ти излезе низ нос. На лето форсирам зеленчук (патлиџани, краставици, моркови итн.), зимно време портокали, лимони, банани итн. се полнам со витамини од А до Ш што би се рекло. Чоколадо јадам редовно, тоа ми е единствен грев. Сепак здраво е чоколадо ако не се претерува. Dark chocolate се смета за посебно здрава чоколадица. Тоа е во глобала. Не се замарам со јаглехидрати, протеини, масти и сл. работи да пазам колку внесувам. Лудило е да се јаде така. Што ти се јаде кркај си, ама гледај таа енергија да ја потрошиш на тренинг и ќе си fit. За да добиеш рамен и набилдан стомак во најбрз можен рок избегавај да јадеш леб 2-3 недели, вежбај и ќе имаш топ резултати. Сепак немој да гладуваш, да немаш јојо ефект и да не се надуваш ко балон после. Немам предлог за такви стомачни како на сликата, само вежбај, вежбај и вежбај. Кои вежби точно прашај го Mr.Google.
Јажето е добро за стапалата, посебно во боксот се користи за да имаат добра подвижност и подобар footwork. Обожувам јаже.
Здраво феминки случајно ја видов оваа тема скокање на јаже и решив утре да си купам и да почнам со скокање ама ме интересира можеби е чудно ова прашање хаха дали може да се зголеми висината за некој сантиметар доколку го практикувам тоа секој ден оти се плашам да не извишам уште повеќе оти доволно сум висока дури и повеќе од доволно. Би била благодарна доколку некој знае и одговори на моето прашање
После скокање на каже чувствувам болка на левата нога кај листовите и не можам да се движам. Ви се случило некогаш?
Ако не се загреваш или истегнуваш доволно може да ти се сучува тоа. Ако е толку силна болката посети доктор да не си направила некој поголем проблем. Пиј и магнезиум деновиве кога вежбаш.
Секоја кардио активност ќе му помогне на телото да потроши калории и со тоа да намали масти на оние места на кои се наталожени. Скокање со јаже е интензивна вежба и дефинитивно ќе ти помогне. Нешто на што треба да внимаваш при оваа активност е да си го слушаш телото. Ако наеднаш почнеш да скокаш на јаже во долги временски интервали, и во зависност од телесната тежина, може да почнеш да чувствуваш болка во колената или зглобовите на стапалата. Затоа почни полека, и секој ден зголемувај време. Ако сакаш побрзи резултати почни да џогираш. Имај на ум дека намалувањето на мастите во огромен дел зависи и од калорискиот внес.
https://youtube.com/c/JumpRopeDudes Слушнете (а богами и погледнете) ги момциве и ќе видите колку моќно оружје е јажето за скокање. Оние што имаат проблеми со килажа поголема, проблеми со колената, зглобовите, можат да се качуваат по скали, поефективно и подостапно од трчањето затоа што многу повеќе и пркосиме на гравитацијата на тој начин.