Денес додадов 40 скокови повеќе од вчера, 110. Ќе зголемувам секој ден, па ќе видиме какви ефекти ќе има
А да ве прашам јас, јас си сум слабичка, ако почнам да скокам на јаже само ќе ми се обликува телото, или... Спојлер читам дека сте намалиле неколку кила
Ако јадеш нормално мислам дека нема да симнеш многу, 1-2 кила најмногу, а може ни толку. И јас не сакам да симнам само да се стегнам, ако приметам дека ептен губам на тежина нема да вежбам секој ден, на 2-3 дена.
Не се сеќаваш колку време скокала на ден или колку денови скокала?Ако еден од овие податоци знаеш сподели,ќе ни биде од корист
Здраво .Сеа прочитав за скокање јаже и зацврстување бутови и скокав на јаже (ОД ДЕЦАТА СЕ РАЗБИРА)ама после 100 скок цркнав а инаку сум активна 4 пати неделно вежбам ТАЕ БО.Никако неможам да ослабам а се осекам на алишта дека дека сум послаба ,во што е работата до вагата или до мускулите?
Вагата не е секогаш мерило за слабеење.Јас лично се случувало да сум по 0.5кг или 1 кг ослабната а во обем навистина да ми се познава или да сум 3-4кг а обем 0. Значи почни да си скокаш на јаже,ако денес си скокала до 100,утре 150 и така по ред.Никој од прв ден не скокнал 2000пати Инаку и јас денес 1000че...си ја исполнив обврската за денес.Утре пак
Секој ден скокаше по еден саат негде така мислам знам дека многу ја болеа мускулите ама се исплати сеа не се сеќавам колкав период скокаше за да намали килажа, ако не кога ќе ја прашам ќе ви напишам А кога скокаше други вежби не правеше. Она беше пополничка во нозете поготово а сега е таман
јас на 1 недела мењав бројка..прва недела 50 втора 100 и се така.. се затегнав, мускули, газенце, стомачни..а на килажа намалив само 3 кг.. навиката ја стекнав на школо..во основно не тераа да скокаме..и така си продолжив..
^^^ Правам две серии од по 500,а измеѓу пауза 1-2 минути колку да земам здив,ама не скроз да се одморам затоа што после нема да имам сила пак од почеток,вака додека сум загреана сум турбо машина
Денеска нешто ми тргна и мене бе 2000 си направив,се измотивирав и што е најдобро ослабев 0.7 кг (немам што да скинам 47 кг сум,тамн сум си,ама пусти маки мора до 45-46 да дојдам )
Хммм, јас сметам дека НИКОЈ не може толку долго да издржи да скока на јаже како мене! Успевам ЦЕЛИ 20 скокови, јеј Се чудам како ли ќе стигнам до саат време вежбање на ден!? Ех маки мои
Јас денес пак 1000че и тоа сеа на полноќ па немав време денес,ама реков јас не си легнувам без да си ја завршам обврската,ајде уште утре па идеме на 1200. Иначе m2m2m2 само напред,кај и да е за 2-3 недели чекам да се пофалиш и ти со едно 1000че.
Ја најотепана сум. Уште од мала не можев да научам да го вртам јажето брзо и сеуште не можам. Ама и не можев и јаже асално да си најдам. Се некои детски ми нудеа до кај колената, ама сега патот накај Орка и ќе купам, а и ќе научам. :evil:
Ајде скокачки ( ) како сте ми денес расположени?! Мене денес целта ми е 1000ка, вчера и завчера по 800 се надевам дека нема да ме дрмне денес срце па ќе ви пишам пак Поздрав до сите нови скокачки, ви посакувам успеси јас веќе се осеќам подзатегната и едно килце сум симнала, што не ми се свиѓа, па затоа сега ќе си лапнам чоколадце пред скокање
Не можам да поверувам дека некои од вас успевате да скокате и по 1000 скокови и тоа само во две серии распределено по 500! Алал да ви е :up: , а мене па срам ме фаќа да ви кажам дека јас едвај правам 3 серии по 100 скока (вкупно300) И вечерта пак исто правам 300 скокови и толку ми е! Многу далечна ми изгледа борјката 1000 скокови а уште пак поневозможо ми е да успеам кога ќе помислам дека треба 500 да скокам без престан! Тоа за мене ко научна фантастика ми иде! Ништо од мене бре, катастрофа сум!