Јас не можам 500 одеднаш, а и ми се чини како преголем напор за срцето Скокам 100 со една, 100 со друга па мала пауза и водичка 1-2 голтки, па пак исто. Инаку Мина и јас почнав од 300 ама наголемував по 200 секој ден, ми се воспалија мускулите ама не е страшно, еве одма ми помина за 2-3 дена. Пробај да зголемиш за 50 барем, сигурна сум дека нема ни да ги осетиш
Супер идеа ми дадовте и така сега почнв со топка да вежбам а со топка нема потење сега ке си купам јаже од jubmo и многу ме интересира дали ќе има ефект прашање до сите што скокаат дали скокате наизменично со една па со друга нога или класично скокање и после колку време осетивте некаква промена не во килажа туку во изглед
Јас како најдосадна на темава ќе ти одговорам Денеска ми беше 5ти ден, кога се гледам вака не приметувам промена, ама дефинитивно се осеќам постегнато, а и после вежбање многу лесно се осеќам. Прееска ми беше лошо после 200 скока мислев дека ќе се срушам, се мислев дали да продолжам и продолжив, успеав 1000 да направам и сега ми е супер, ептен добро се осеќам. Стварно е убава вежба за цело тело, а и мене ми е забавно си пуштам музика и рипам
И јас скокам на јаже, ама само 10тина минути, бидејќи правам и други вежби. Туку женски сакав да ве прашам јас - не скокам како на видеово ( тој делот од 30 сек. ), туку додека ми е јажето во вис си подрипнувам уште еднаш или два пати, незнам како поточно да ви објаснам. Морам малце поспоро да го вртам зошто дома ми е потесно, па ако земам залет отидоа и сувенири, вазни, и стакла и се. Има врска тоа некоја или? Видеото : http://www.youtube.com/watch?v=O31_Av5oY64
Незнам ова дали ќе успеам да го направам и плус олку брзо Ја скокам поинаку и побавно. Инаку денес веќе ме болат малку листовите, незнам дали да скокам или да одморам? Да не ме призаболат утре?
Има многу варијации на скокањето а едно од нив е како ти што правиш, има и дури со вкрстени раце, прај како ти прија ќе биде ок . Ќе скокаш со темпо што ти одговара и да ти биде пријатно а темпото само по себе со тек на време ќе се накачува или забавува во однос како ќе се чувствуваш. Мене кога ме болат листови од тренинг осеќам кога е само банално а кога им треба пауза, тоа со искуство ќе го стекнеш . Ако не си сигурна паузирај еден ден нема да имаш штета. Пс. Ако ви сметам што ви се мешам во женски муабети слободно избркајте ме .
Јас најчесто не скокам со две нозе, кога почнав првите денови и така ама некако мн повеќе ми се поткачува јажето и се нервирам. Па си рипам нога по нога, како ли да се изразам Ама утре ќе пробам и како на видеово. Инаку јас мислам дека е подобро да се продолжи со вежбање и покрај болката во мускулите, само можеби со помал интензитет. Ако си правела до сега 200 скока утре направи барем 100. Ако прекинеш дури чекаш да ти помине болката ќе ти помине и желбата, барем кај мене е така XMaN како што гледаш овде се собравме доста 'скокачки' и на секоја ни треба по некој совет, така да верувај твојот пол додека ни даваш вака супер совети апсолутно не е битен
Јас скокам вака,но најчесто како на почетокот (со двете нозе) и ги правам скоковите брзо,многу брзо Инаку да XMaN, и јас осеќам кога е нормално,а кога навистина сум претерала,па се воспалиле и сл. Прво на почетокот кога почнав да скокам,скоковите ми беа слаби,не брзи,со помал интензитет а бројката како и сега околу 1500 скока . Но откако почнав да трчам секој ден, за 1 недела се подобрив многуу.. И сега правам ептен брзи,а и забележав подобрување на кондиционата спремност а и на изгледот ( не дека порано не бев добра,но сега уште повеќе )
Леле вака што ве читам некако ми се пројави желба повторно да скокам... Сега ќе треба да направам еден рисрч по дома за да го најдам и активирам јажето
Па незнам ама и јас ги правам вака брзо,само што последниве два пати правам по 200 скока на една нога ама другата ми е во воздух значи воопшто не ја користам и уште 200 на другата,секогаш правам наизменично,а не како првиот пат само на едната па имав воспаление само на едниот лист Инаку денес 1100
Измасирај си ги малку.. Поливај ги со студена вода убаво истегни ги,утре како нова си,верувај, јас така си правам
Добро девојки не се многу по 1000 скокови колку што правите?За колку време ги правите,со пауза претпоставувам?Ај ве молам пишете за резултати,осетивте ли?После колку време вежбање?
и мене ми се има случено да ги воспалам мускулите но затоа пак вечерта пред да си легнам ке се напијам еден андол и утре дента немам гајле мене барем ми помага да не ме болат мускулите утре дента -и да не заборавам да ви пишам иако претпоставувам дека за време на циклус не би го користеле јажето но сепак мое да ве предупредам дека андолот не се пие за време на циклус
Па јас скокам активно една недела значи секој ден по 1000 а од денес 1100,утре планирам на 1200.Мислам дека една недела е премалку за резултати,ама како и да е бутовите и стомакот осеќам дека почнуваат да ми се затегаат.
Acerola, напорно е, не е лесно ќе приметиш и сама мене прееска дури и ми се слоши на почетокот, затоа што пред тоа јадев брзо и не ми беше спадната храната, али после вежбање се осеќаш како нова сите девојки ќе ти потврдат! 1000 скока правиш, ама не одеднаш, јас барем не можам, можеби додека да ги направам ме фаќа пола саат, 45 мин со паузи измеѓу. Само не смееш да го оптеретуваш организмот, сама ќе си осетиш колку можеш, али секако вежбата е предобра. А и мене ми е ептен забавно, не ми е досадна вежба па да морам со сила да ја правам, повеќе ја правам од задоволство. Инаку дефинитивно морам да и се заблагодарам на Ива, да не ја отвореше темава немаше на крај памет да ми падне да почнам пак да скокам. Фала ти
јас си купив вчера јаже и немав скокано од кога бевме деца на улица и направив 500 нормално со паузи ако не беше и нешто плус ама денес листовите воспалени а башка и на штикли охохоооооо кој знае како ке го издржам денов едвај чекам да си дојдам дома и поручек пак
Да,се пие андол против болка,но доколку многу те болат,неиздржливо,а за превентива незнам дали андолот е најдобро решение.Значи ако скокаш цел месец би требало да се труеш со андол цел месец ? мое мислење е дека подобро,повеке да се одмориш,да ги залепиш нозете на ѕидот да се направи циркулација..
Си ме болат денес повеќе од вчера, ама не е страшно, мислам дека ќе можам да продолжам. Ќе пробам, па ако не оди ќе одмарам денес.
Благословено да е ,многу ми се најде во студентските денови. Имено,постојано бев на мрсна храна (пржени компири секој ден,плескавици ,стекови и сл. чудесии од студентската кујна) и ако не беше тоа јажето имаше да се направам 200 кг. Немав качено ни грам и покрај толку нездравиот начин на исхрана,правев во 1500 скока секој ден(почнав од 500 првиот ден па натаму),се чувствував како пеперутче ,лесно и подвижно. Моето јаже е најдетско и најобиќно и бидејчи е многу лесно ,пред да скокам го ставам во леген со вода да натежне Спојлер Си го носев и на одмор ,бидејќи Орбитрекот не можев да го земам со мене ,се забавував и затегнував истовремено ,башка тоа цело маало ми се смееше дека скокав на среде улица ко дете мало (ама филм ми беше)