лелее мене какво воспаление ме фати , едвај вчера после напрниот ден на штикли направив некаде околку 300 ама нокеска кога се разбудив за во wc неможев на нозе да стојам се исплашив дека на работа нема да можам да одам арно ама како помиува денот некако ми се олабавија , фала му на господ. Е сега останува да видам како ке ми биде после денешното скокање Може е премногу рано ама навистина осеќам затегнување на листовите и некако намалување на обем хахаха или може и психа е ама како и да е супер е , сите што се двоумат да си купат и да си скокаат
Инспирирана од темава, денешниот пост ми е за јажето и како правилно да се користи. http://www.myartemission.com/2011/08/ju ... usage.html Повелете на читање
Одлично објаснето и напишано, само што го има дури и за помалку од 5 евра не знам едноставно не можам да го испофалам јаженцево, чуда прави. Прв пат да ми е забавно да вежбам, не знам по кој пат кажувам, ама посилно е од мене
Јас вчера згрешив,многу.. Правев стомачни околу 200,ама за сите вида на стомачни (горни,долни и средни) и си претерав. Сабајле кога земав да трчам,нозете полни енергија,стомачните ке ми расцветаат... А 1000 скокови не направив,сега се нервирам.. Ама ајде битно не се откажав.. П.С:Ајде скокачки,е за 1 месец ке се фалиме со згодни ножиња де.. Спојлер и со стегнато газе Само да си скокаме важно е.. Ве поздравувам сите со песнава : http://www.youtube.com/watch?v=VBmMU_iwe6U&ob=av2e GO GIRLS !
Пак јас, пак јас Само што завршив со вежбање и бањање и мислам дека ќе цркнам. Убаво си вежбав насабајле околу 10-11, што ме натера денес во 3 попладне, луѓе ќе приумрев на топлово! Направив 1000ка и тоа пробав како на видеото погоре и многу ми е полесно така, а мислев нема да можам. Едно што мускулите повеќе ги осеќав дека се стегаат и опуштаат (дури ме болеа додека вежбав), друго помалку ми го заморува срцето. Правев серии по 50 со една нога, па 50 со друга и после 100 со двете. Значи 5 серии по 200 со мали одмори од минутка. И рацете ептен ми се растресоа, т.е. онака баш се осеќам лошо малце, нема да ми текне више во најтопло да вежбам. Дури немав ни сила да се избањам, три саати ми требаа П.С. дечко ми ми рече дека ми се стегнало малце газето, на негово разочарување , он сакал женска со салце, а не со мускули не е битно што сака, поентата ми е веќе има резултати
Jaс денес 1000че,а вчера само 700,не за друго туку затоа што бев многу уморна,и ако продолжев да скокам денес ќе бев пак ненаспана. Инаку си купив и хулахоп,па сеа секој ден по 1 саат и 15мин вежбам...само за тие пусти 50 кила или 52 максимум...
Не успеав до 300, 260 само. Жешко ми е многу и плус пред добивање сум, затоа ми е потешко. Малку по малку ќе дојдам и јас до 1000, ќе ви се придружам
морам да ве прашам Дали качувате килажа кога скокате со јаже зошто приметив дека качив 500-600 гр откако почнав ама не променив ништо во начинот на исхрана , значи си јадам како и пред да почнам Ве молам кажете ги вашите искуства
Јас симнав едно кило, иако не сакав. Да не треба да добиеш, обично тогаш вагата покажува малце повеќе?
Мускулната маса тежи многу повеќе отколку салото, па доколку ти нараснала (а се стопило салото нели со вежбањето) има логика да тежиш малку повеќе од претходно. Не се секирај, со тек на време ќе почнеш да ги намалуваш килограмите и да ја забележуваш разликата. Не е важно што покажува вагата, туку како изгледаш и како се осеќаш.
Ох,мене ми поминаа стомачните. Инаку,нормално е да качиш 500-600 грама доколку скоро си почнала да скокаш.Бидејќи се активираш и ти се јаде.Mожеби незабележително,но сигурно (од искуство) ти велам дека си се хранела подобро.Веројатно си внесувала повеќе јаглехидрати.Но доколку направиш режим на исхрана верувам дека ќе намалиш,доколку тоа го сакаш.Инаку јас намалувам тежина и со трчање и со скокање,но пред се скокањето е поефикасно ако сакаш да се затегнеш добро.
Девојки јас некако само листовите ги чувствувам затегнати, друго ништо. Зошто така? Читам дека вие го чувствувате затегнато целото тело. Инаку денес планирам 300, а можеби и повеќе скокови.
Баш сега проверив и кај мене е исто, само на листови удира ама бе замара многу повеќе од џогинг . Скокање на јаже треба да ти биде главно аеробна вежба за топење сало и кондиција а ако сакаш позатегнати бутови и газе си има за тоа посебни вежби што многу поконкретно удираат на тие делови . Пс. Можеби се 300 премалку, да видиме што ќе кажат другите скокачки што прават по илјадарче .
И ја си мислам тоа дека 300 се малку, затоа така. А дека замара, замара и тоа како, здив не можам да земам после 10 минути Инаку за бутови орбитрекот е закон, го имам дома, ама досаден ми е некако
Орбитрекот е одлична справа нема збор но јас исто би окапал од досада да треба секој ден се едно па исто да врткам . Јас на пример никогаш не користам лифт и секогаш идам по скали макар требало и десеткатница да качам па ми е слично како на орбитрек . Можеби ти е супер комбинација дел орбитрек па после да продужиш со џогинг и скокање на јаже а има и посебни вежби кои можеш да ги правиш дома кој специјално ќе ги затегнат деловите кои преска ги спомнавме а не се досадни. Сакам да кажам кој има орбитрек и му е ќеиф да го користи ќе си има резултати ама се може и без него. Јас секогаш преферирам природа ако е можно .
Ја загледувам темава и си велам, што мајка бара темава во диети? Нели треба да е во слободно време? Јас замислував скокање со јаже од прозор, нешто такво, банџи џампинг, адреналин фучи од сите страни...коа гледам, скокање со јаже ко у добра стара детска времена Еј топ е ама многу е напорно особено ако закржлави човек и изгуби кондиција. Инаку ефектот јас го гледам само кај листовите на нозете и малку бутовите и г’зот. Рацете мање више ради вртењето. Хулахоп, јаже, топ! Уште ластик да почнеме да играме повторно. А јас се чудам зошто во тоа време никој немал целулит. Еееете зошто!
Phyramide ептен си во право,така е.. Што да се каже..А од кај знаеш,можеби ова аеробик и фитнес тренерите ке го стават ластикот во програма за слабеење некоја.. Ништа није немогуче !
Ова и не ви е така лоша идеја ќе го имам во план ластиков . Фала Пирамитка и ФанкиГрл . Инаку темава баш у фитнес треба да си биде .